14та Меѓународна младинска конференција „Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа“
Младински Сојуз – Крушево, годинава, традиционално по 14ти пат ќе ја организира Меѓународната младинска конференција од 22 до 26ти септември во Крушево. Шеесет активни млади лидери од 16 земји (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Франција, Германија, Грција, Косово, Црна Гора, Италија, Полска, Романија, Србија, Словенија и Турција) ќе се сретнат во Крушево за да ги продискутираат начините на кои младите лидери можат да го поддржат Евро-интегративниот процес на земјите од Југоисточна Европа.

Годинава, младите активни лидери ќе имаат можност да дискутират на следниве теми:
- Балканското влијание за иднината на ЕУ
- Промоција на духот на помирувањето и соработката меѓу младите од Западен Балкан
- Национализмот како „нов“ феномен
- Од Југосфера од Еуросфера Како може младите да влијаат врз интегритетот на владите?
- Начини за подобрување на транспарентноста и борбата против корупцијата во земјите од ЈИЕ
- Емиграцијата на младите и одливот на мозоци – можност или потреба за младите на Балканот?
- Дигитална комуникација
- Како со ИТ можат да се решат социјалните прашања во Југоисточна Европа?
- Водечки урбани иновации на Балканот
- Иновации во едукативниот систем
- Gamification и дигитализација во едукацијата
- Придонесот на младите во open source можностите
- Предизвиците на претприемништвото во 21виот век
- Социјално и рурално претприемништво на Балканот (co-working, co-living, дигитални номади, crowdfunding, микро-кредити)
- Европа и мигрантите (причини, младински активизам и човекови права)
- Глобална Британјја и сигурноста и стабилноста во земјите од Југоисточна Европа
Конференцијата се организира во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје, а поддржана е и од Пактот за стабилност за Југоисточна Европа и е дел од годишната програма за институционален развој, поддржана од Цивика мобилитас.



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41227](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/mk1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41232](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/0-02-05-6a49106fa1b0e26564e238f00517702071294e723f8493ed455f8dcb698d1f65_774730386973985d-768x1024-1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41281](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/10/img_0087-768x1024.jpg)

