Civica mobilitas CM INS 02

Во март ќе бидат познати новите институционални грантисти на Цивика мобилитас

МЦМС ја заврши проверката на административниот квалитет и на подобноста на пријавите за вториот циклус на институционални грантови од програмата Цивика мобилитас. На повикот што беше отворен од 27 ноември 2015 година до 15 јануари 2016 година беа поднесени вкупно 126 пријави. Пријавените организации се од сите осум плански региони. Најголем број од пријавите се од Скопскиот регион (77), потоа од Пелагонискиот (14), од Полошкиот (12), од Источниот (7) од Вардарскиот (6), по четири од Југозападниот и од Североисточниот и две од Југоисточниот регион. Организациите се активни во најголем дел од стратешките сектори на програмата, на локално, регионално, национално и на меѓународно ниво, со различни годишни буџети и години на постоење.

Civica mobilitas CM INS 02

Претходно, од 9 до 22 декември 2015 г. за подобро информирање на заинтересираните граѓански организации, Цивика мобилитас одржа пет информативни сесии и тоа во Тетово, Кочани, Прилеп, Кавадарци и во Скопје. На сесиите учествуваa над 80 претставници на вкупно 64 граѓански организации и други актери.

Се очекува одлуката на Комисијата за избор на грантови да биде донесена во првата половина на март, по што ќе бидат известени и пријавените организации.

Бројот на пријави на вториот повик на Цивика мобилитас за институционални грантови е за 40 % помал во однос на првиот повик, но програмата, во овој речиси едногодишен период, додели (покрај првите 16 институционални) уште 34 акциски, специфични акциски, мали и ад хок грантови. Така што, во моментов, со грантовска поддршка на Цивика мобилитас се опфатени вкупно 50 организации или неформални иницијативи.

Продолжи со читање

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #6

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #6 [20 – 26 октомври 2025] И по завршувањето на изборниот процес, изборите продолжија да ја диктираат медиумската агенда. Иако бројот на објави е нешто помал од претходните недели, јавниот интерес остана висок. Со повеќе од 4.400 медиумски текстови и 560 објави на социјалните мрежи, медиумскиот простор остана…

  • Соработката меѓу граѓанските организации и бизнис секторот носи многу заемни придобивки

    „Причината поради која сите сакаме да соработуваме е затоа што сите сакаме да имаме корист. Без разлика дали доаѓате од бизнис секторот или од граѓанскиот, треба да почнете да развивате покомплексно разбирање за заемните придобивки“, им рече Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, на учесниците на  работилницата „Зајакнување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #5

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #5 [13 – 17 октомври 2025] Во последната недела пред изборниот молк имаше засилена активност и обновена мобилизација во медиумските објави со повеќе од 3.000 медиумски текстови и 240 објави на социјалните мрежи, и со јасен раст на ангажманот кон крајот на неделата. Кампањата влезе во завршна фаза…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави

    Месечен преглед на медиумските објави [15 септември – 14 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Изборите за локалната власт беа една од најдоминантните теми во медиумскиот простор со над 11.000 медиумски написи и над 1.100 објави на социјалните мрежи. Анализата открива јасна слика: изборната кампања се води…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор