Dodeleni ad hok grantovi

Уште три дена до крајниот рок за поднесување пријави за институционални грантови

Уште три дена до крајниот рок за поднесување пријави за институционални грантови

Заради дополнителна заштита од ширењето на вирусот Ковид-19 Цивика мобилитас ги информира сите заинтересирани дека преферира доставување на пријавите по електронски пат. 

Доколку некој апликант сепак сака да ја поднесе пријавата лично, преку пошта или курирска служба, ве информираме дека остануваат да важат сите насоки дадени во Водичот за повикот Реф. бр. ЦМ-ИНС-05.

Рокот за доставување на пријавите на било кој од горенаведените начини е 01 јуни 2020г, до 16:00 часот.

Пријавите кои ќе бидат поднесени по електонски пат треба да бидат испратени преку електронска пошта на адресата: aplikacija@civicamobilitas.mk со назнака: „Јавен повик за Институционални грантови Реф. бр. ЦМ-ИНС-05“. Датумот и часот на пристигнување на електронската пошта ќе се смета за релевантен доказ за поднесување на пријавата во зададениот рок. Апликантите ќе бидат известени за приемот на пријавата со повратен одговор на нивната електронска порака. Пријавите пратени по електронска пошта мора да бидат испратени во една порака која во прилог ќе ги содржи следните документи:

  • Пополнет Образец за пријава
  • Скенирана верзија од Изјавата на апликантот, која е составен дел на Пријавата, дел В.

Изјавата за апликантот треба да содржи име и презиме на правниот застапник (согласно приложената тековна состојба); позиција на правниот застапник;  потпис и печат (може и електронски печат и потпис); место и датум;

  • Пополнет Прилог 1. – Финансиски план (буџет);
  • Скениран Прилог 2. Доказ за правен статус на апликантот (тековна состојба издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија, не постара од шест месеци од денот на објавување на овој повик);

Сите документи треба да бидат доставени и во Word/Excel и во PDF формат (каде што е применливо). Фајловите да се компресираат (намалуваат) во zip формат и големината на компресираниот (намалениот) зип фајл да не надминува 5MB.

Сите информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Водич за апликантите

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор