Beneficiary Assessment
|

ЦИВИКА МОБИЛИТАС бара Ко-фасилитатори за учество во процесот за ПРОЦЕНКА НА КОРИСНИЦИТЕ (Beneficiary Assessment)

Ако:

  • сте заинтересирани да учите за процесите на оценување и да учествувате во исто време во еден од нив;
  • сакате да стекнете искуство со нови методологии за оценка;
  • сакате да ја проверите ефективноста на спроведените проекти;
  • сакате стекнатите сознанија да ги искористите за да им помогнете на граѓанските организации да ја зголемат својата интеракција со граѓаните;

тогаш, веројатно ќе бидете заинтересирани за бидете еден од ко-фасилитаторите кои ќе прават Проценка на корисниците (ПК) на Цивика мобилитас.

Покрај тоа, треба да имате:

  1. Најмалку тригодишно искуство во спроведување истражувања за граѓански организации, фасилитирање работилници и семинари, спроведување обуки, или слични интерактивни активности;
  2. Искуство во работење со повеќе сектори и пристапи на повеќе интересни групи;
  3. Основно познавање на методите за набљудување и оценка (евалуација);
  4. Барем два примера на авторство на извешати/публикации;
  5. Познавање на македонскиот и други локални јазици, а предност ќе биде работно познавање на англиски јазик.

Проценката на корисниците е наменета да придонесе кон капацитетите на граѓанските организации за паритиципативни евалуации. Затоа, приоритет ќе им биде даден на кандидатите од граѓанските организации (примарно од грантистите на програмата, освен оние кои примале надомест од проектите), но ќе се земат предвид и други кандидати.

Цивика мобилитас ќе избере од 6 до 10 ко-фасилитатори од повеќе региони од земјава. Со нив ќе биде потпишан договор за ангажманот. Предвидениот надомест ќе изнесува околу 1.000 евра.

Пријавувањето може да го направите едноставно со испраќање на Вашата биографија (CV) на helpdesk@civicamobilitas.mk. Биографијата треба да содржи информации за петте барања наведени погоре. Рокот за пријавување е 2 април 2021 година до 12 часот.

Повеќе информации за улогата на ко-фасилитаторот и активностите во кои ќе биде вклучен можете да најдете во Описот на надлежности.

Beneficiary Assessment

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор