CivicaMobilitasThematcForum2022 (2)

Тематски форум на Цивика мобилитас: „Државното финансирање за поголема одржливост на граѓанските организации“

Цивика мобилитас го организира Тематскиот форум „Државното финансирање за поголема одржливост на граѓанските организации“.

Настанот, којќе се одржи во среда, 13 април 2022 година од 11.00 часот, во хотелот Александар Палас во Скопје, ќе може да го проследите и онлајн, преку стрим во живо на официјалната Фејсбук страна на Цивика мобилитас.

Подобрувањето на системот на државно финансирање е еден од приоритетите на граѓанското општество, а според Програмата за работа на Владата на РСМ за периодот 2022-2024, приоритет е и на извршната власт во земјава. Сепак, неодамнешните реструктурирања и кратења на буџетот за граѓанските организации не ги потврдуваат заложбите на Владата за унапредување на системот на државно финансирање на граѓанските организации. Зошто е така и какви ќе бидат следните чекори на Владата, а какви на граѓанските организации ќе биде дел од дискусијата на Тематскиот форум на Цивика мобилитас на кој ќе зборуваат: Рами Керими, Државен секретар во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците; Весна Тасевска, помошник раководител на Секторот за анализа на политиките и координација, Генерален секретаријат на Владата и Лилјана Јоноски, член на Работната група за реформа на системот на државното финансирање на ГО.

Заложбите на граѓанските организации се исти години наназад и се однесуваат на:  зголемување на висината на средства наменети за финансирање на ГО; обезбедување институционална поддршка за граѓанските организации; обезбедување кофинансирање на активностите кои се поддржани од други донатори; напуштање на праксата на едногодишно и неизвесно финансирање, и градење свесност и пракса за повеќе годишна организациска и проектна поддршка; зголемена висина на индивидуалните грантови; унапредување на транспарентноста, ефективноста и отчетноста на постапката на дистрибуирање на средствата; зголемена отчетност и транспарентност на граѓанските организации за потрошените средства доделени од страна на државата, но и општо во нивното работење; обезбедување соодветна географска распределба на поддршката од државата за граѓанските организации.

Тематскиот форум на Цивика мобилитас обезбедува простор за дискусија помеѓу претставниците на граѓанските организации, институциите на национално или локално ниво и сите други чинители важни за решавање на прашањата кои се третираат.

Цивика мобилитас e програма за поддршка на граѓанското општество на Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

CivicaMobilitasThematcForum2022 (2)

Продолжи со читање

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Јавниот интерес пред скриената сопственост

    Во светот долго време се знаеше за постоењето на т.н. „шел“ или празни компании кои без познат сопственик и без вработени си префрлаа меѓу себе огромни суми пари за фиктивни услуги, за да се затскрие трагата на овие пари кои најчесто потекнуваа од црни и неоданочени бизниси. Но по откритијата…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор