3

Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата.

Александар Кржаловски, лидерот на тимот на програмата и директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), зборуваше за развојот на Цивика мобилитас, најголемата програма за поддршка на  граѓанското општество во земјата, поддржана од Владата на Швајцарија во последните речиси две децении.

Осврнувајќи се на контекстот и средината во која функционираат граѓанските организации, Кржаловски ги презентираше податоците од Индексот на граѓанското општество (Civil Society Index), кој е дел од глобалната методологија на ЦИВИКУС (CIVICUS – World Alliance for Citizen Participation), што МЦМС го спроведува од 2006 година. Исто така, за гостинката од Швајцарија беа интересни и податоците од мерењето на  довербата во граѓанското општество, како индикатор за перцепцијата за улогата и влијанието на граѓанскиот сектор и организациите во општеството. Една од главните теми на дискусијата беше државното финансирање на граѓанските организации, не само како прашање на финансиска поддршка, туку и како потреба од воспоставување транспарентен систем што ќе овозможи градење доверба меѓу организациите и институциите на централно и локално ниво. Во тој контекст беше разговарано и за тоа колку од државниот буџет е наменет за граѓанското општество, а колкав е процентот на тие средства од вкупните приходи на ГО.

Една од темите за дискусија беше и процесот на капитализација, кој треба да ги опфати резултатите постигнати во речиси 20-годишното спроведување на програмата. Преку овој процес ќе се направи поширока анализа на постигнувањата, земајќи го предвид контекстот во кој се реализирале активностите и нивната поврзаност со клучните општествени случувања во земјата.

Беше презентирана и временската линија на капитализацијата, развиена како дигитална алатка за полесна навигација низ резултатите постигнати низ годините.

Северин Доне-Декарт го оцени дигиталниот приказ на грантовите (dashboard) како „интересна алатка за прикажување и транспарентност“. Алатката е подготвена од тимот на Цивика мобилитас и овозможува преглед на поддржаните организации, типовите грантови, тематските области и регионалната покриеност на активностите. Ова е осбено корисно со оглед на тоа што програмата е значително насочена кон финансиска поддршка на граѓанските организации.

Доне-Декарт беше информирана дека финансиската поддршка се обезбедува во сите региони, при што организации од различни општини имаат можност да добијат грант доколку ги исполнуваат договорните обврски/услови, независно од големината или времетраењето на нивното постоење.

Тимот на Цивика мобилитас ја потврди добрата комуникација и известување за постигнувањата на грантистите, изразувајќи благодарност за досегашната поддршка на Швајцарија за граѓанското општество.

Продолжи со читање

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

  • Граѓанското учество е право и одговорност на сите

    Во фокусот на овој број на Граѓаните за промена е граѓанското учество. Тема која граѓанските организации и во овој квартал не само што ја дискутираа туку и ја практикуваа. Колегите од ПроЛокал, од Битола, тоа го правеа на регионално и на локално ниво, во цела Пелагонија. Заедно со партнерите од…

  • Светски ден за борба против ракот: само 10 отсто од жените опфатени со скрининг за рак на грлото на маткатa

    Иако ракот на грлото на матката е едно од ретките малигни заболувања што речиси целосно може да се превенира, во Северна Македонија секоја година заболуваат околу 200 жени, а помеѓу 40 и 60 жени го губат животот од оваа болест. Алармантен е податокот дека во 2024 година со организираниот скрининг…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор