Slika

Спроведувањето на „Острови на интегритет“ ќе започне во септември

Привршуваат подготовките за дизајнирање на обуката „Острови на интегритет“ кои се одвиваат под водство на надворешната експертка Ана Василаче од Романија. Тие започнаа во текот на мај оваа година, а се финализираа на работилницата одржана на 18 и 19 јуни 2024 година во Скопје.

Оваа обука, наменета за грантистите на Цивика мобилитас, е дел од планот за јакнење на капацитетите на граѓанските организации. Базирана е на докажана методологија за зајакнување на персоналното чувство на интегритет кај поединецот; располага со функционални алатки за заедничко лидерство и предлог на системски и организациски промени со цел да се застане на патот на корупцијата.

Методологијата на која се базира програмата е успешно применета, во претходните години, во повеќе земји во Европа, од страна на сертифицирани експерти за антикорупција. Покрај Василаче, во спроведувањето на обуката ќе бидат вклучени уште четири соработници на Цивика мобилитас од Македонија.

За првиот циклус од обуката ќе бидат селектирани 12 граѓански организации кои ќе поминат низ четири работилници кои ќе се одвиваат од септември до ноември оваа година. Тимот на Цивика мобилитас планира да го повтори циклусот за организациите кои нема да бидат дел од првата група.

Продолжи со читање

  • На граѓанскиот и бизнис секторот им се потребни партнерства за одржлива соработка

    „Од краткорочни донации кон долгорочни партнерства“! Ова беше главната порака на работилницата „Зајакнување на соработката помеѓу приватниот сектор и граѓанското општество“, што се одржа на 10 јуни во Скопје. Повеќе од 20 претставници на граѓански организации разговараа за тоа како соработката со компаниите може да се развие во одржлив модел…

  • Кодексот за граѓански организации како алатка за критика и пофалба од сопствената фела

    На 2 јуни 2026 година, во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), тимот на Цивика мобилитас јa организираше првата работилница посветена на унапредување на спроведувањето на Кодексот за граѓански организации. Работилницата ги собра грантистите на Цивика мобилитас од Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар, кои дискутираа за можностите за…

  • Мониторинг посетите ја потврдија одржливоста на партнерствата и резултатите од грантовите

    Во периодот од 8 до 21 мај, тимот на Цивика мобилитас реализираше посети за мониторинг на организациите корисници на  грантови. Посетите се одвиваа во просториите на организациите носители на проектите, а на средбите најчесто присуствуваа и претставници на партнерските организации. Со оглед дека најголем дел од проектите влегуваат во завршна…

  • Старо-новите предизвици на граѓанскиот сектор

    Предлог – Законот за здруженија и фондации, односно коментарите и предлозите поврзани со него предизвикаа повеќе дебати во граѓанскиот сектор во  почетокот на годината. Ова беше и разбирливо ако се има предвид дека станува збор за основниот закон според кој функционираат граѓанските организации. Поднесените околу 130 коментари многу јасно го…

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор