IMG 407dfad7d81da71838461e544e36ee55 V

Скопјани се уште се идентификуваат со градот

„Скопје – урбан град на минатото или иднината“, беше темата на панел дискусијата која се одржа вчера во Музејот на Град Скопје, каде своите докторски трудови ги презентираа три стипендистки на програмата Цивика мобилитас: Ива Петрунова, Марија Димитровска и Емина Рустемоска.

„На секоја траума и претходат драстични промени кои ја нарушуваат рутината на секојдневниот живот кај колективите. Мене ме интересираше да видам што се случува со колективните трауми кои не завршуваат со среќен крај. Една од нив е транзицијата во Македонија. Тоа е константна траума која станала дел од секојдневието“, рече Марија претставувајќи ја суштината на нејзината публикација „Општествена трансформација: кон надминување на колективната траума“.

Таа вели дека нејзиното истражување јасно покажува знаци на нова колективната траума која се карактеризира со апатија, изразена недоверба, отуѓување од јавната сфера, осврнување кон приватноста. Најголем дел од граѓаните сметаат дека секој од нас има подеднаква одговорност во развојот на општествениот живот, но голем дел од нив би ги заобиколиле правилата или законите доколку тоа им оди во корист.

За Скопје како чувар на колективната меморија на градот зборуваше Ива Петрунова во нејзината публикација „Градот во транзиција“. „Главниот фокус на граѓаните, според моето истражување, не е убавината на објектите, туку загадувањето. Дури 81% од испитаниците одговориле дека нивната населба ги задоволува нивните потреби, а сепак мнозинството се незадоволни“, вели таа.

Сепак, она што дава надеж  е фактот што најголем процент од граѓаните, и покрај нивното незадоволство од насоката во која се движи урбанизацијата, велат дека се идентификуваат со Скопје.

Емина Рустемоска, пак, го анализираше Скопје од аспект на еколошко урбано планирање во делото „Скопје помеѓу идејата за зелен град или реалност“. Таа зборуваше за неискористеноста на јавните простори и примерот на Гази Баба која никој не ја перцепира како зелена површина. Тука доаѓа на сцена и граѓанскиот активизам. Граѓаните вклучени во истражувањето велат дека се свесни дека самите можат да придонесат за околината, но од друга страна гледаме како тие вистински се однесуваат кон неа.

Во нејзиното истражување, дури 90 проценти од испитаниците одговориле дека градот не се развива во еколошка насока. „Ова покрена повеќе прашања отколку што ми даде одговори. Ако веќе сме решиле Скопје да биде отворен град- што со него? Треба да вложуваме во таа отвореност, да вложуваме во соработката со инсититуциите и другите учесници“, рече таа.

Пред присутните се обратија и нивните професори Антоанела Петковска, Илија Ацески и Марула Николоска. Тие беа согласни дека градот е одраз на општеството и дека е многу важно каков тип на вредности ќе одбереме да се шират и репродуцираат во земја која своите трауми ги доживува на еден експлицитен начин. Заклучокот од расправата беше дека чувањето на културното наследство е задача на сите кои живеат на тоа подрачје и дека Скопје не е само одраз на траумата, туку всушност ја произведува неа.

Богатата дискусија продолжи главно во насока на проектот Скопје 2014, хиперурбанизацијата како и иднината на градот од секој аспект.

Продолжи со читање

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Јавниот интерес пред скриената сопственост

    Во светот долго време се знаеше за постоењето на т.н. „шел“ или празни компании кои без познат сопственик и без вработени си префрлаа меѓу себе огромни суми пари за фиктивни услуги, за да се затскрие трагата на овие пари кои најчесто потекнуваа од црни и неоданочени бизниси. Но по откритијата…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор