2023 07 31 12 21 24 173 (1)

Огромен интерес за грантовите на Цивика мобилитас

Повеќе од 160 заинтересирани претставници на граѓанските организации беа дел од трите информативни сесии посветени на Повикот за партнерски грантови на Цивика мобилитас што се одржаа во Штип, Гостивар и Скопје. Тие има можност да ги слушнат главните насоки за подготовка на концептите на овој повик, темите и начинот на аплицирање, да постават прашања и да ги искористат настаните за вмрежување со колегите од другите организации.

2023-07-31_12-21-24_173 (1)

Се што планираат да спроведуваат организациите треба да биде во согласност со целите и резултатите на Цивика мобилитас и во согласност со темите кои се објавија со овој повик: антикорупција, децентрализација, заштита на животната средина, родова еднаквост/социјална инклузија, образование, здравство и млади.

Голем дел од прашањата се однесуваа на подобноста на потенцијалните апликанти, носителите и партнерите; демонстрацијата  на претходно искуство во менаџирање на проекти, финансиски капацитети итн. Во врска со финансиите, интересот беше насочен кон најнискиот и највисокиот износ што може да се побара, распределбата на буџетот помеѓу партнерите, алоцирањето средства за независна ревизија и сл. Исто така тие се интересираа за опфатот на акциите во географска и во тематска смисла односно, дали акциите можат да се прелеваат нив повеќе теми.

Новина во овој повик е целосното онлајн пријавување за кое е направена посебна платформа www.grants.mk (Преземи Водич за креирање профил). Организациите пред да ги поднесат концептите ќе се регистрираат на оваа платформа и ќе си отворат свој профил.

Предложените активности треба да бидат во времетраење од 30 до 36 месеци. Максималниот износ на грантот е 14.500.000 денари, додека пак вкупниот расположлив износ за повикот е 1.800.000 швајцарски франци.

Прашањата и одговорите од информативната сесија одржана во Скопје на 31 јули 2023 година, како и оние кои ќе пристигнат на helpdesk@civicamobilitas.mk заклучно со 31 јули 2023 година ќе бидат објавени во следните денови. Прашањата и одговорите од информативните сесии одржани во Штип (20 јули) и Гостивар (25 јули) како и оние пристигнати преку електронска пошта до 28 јули 2023 година (во 14 часот) се веќе објавени и може да ги видите на https://civicamobilitas.mk/cm-pg/.

viber_image_2023-07-25_13-46-31-016

Прашањата поврзани со онлајн аплицирањето кои се од технички аспект може да бидат доставени на support@grants.mk со наведување на ЕМБС на организацијата и краток опис на проблемот.

Рокот за поднесување пријави е 30 август 2023 г., најдоцна до 13:00 часот.

Цивика мобилитас е програмата за поддршка на граѓанското општество на Швајцарската амбасада која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска,  и ФЦГ од Шведска.

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор