Цивика мобилитас објавува повик за доделување партнерски грантови [ЦМ-ПГ]

Пријави можат да поднесат:

  1. Граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации
  2. Други невладини, непрофитни, граѓански здруженија регистрирани согласно Законот за научно -истражувачка дејност.

Во овој повик за партнерски грантови, апликациите МОРА да имаат еден носител и најмалку ДВА партнери. Партнерите треба да бидат регистрирани како една од погоре наведените категории.

Носителот и партнерите мора да се регистрирани на платформата: www.grants.mk (Преземи Водич за креирање профил). Откако ќе се регистрираат, само НОСИТЕЛОТ треба да ги внесе информациите поврзани со концептот односно, да се регистрира на овој повик за предлози. НОСИТЕЛОТ мора да ги додаде партнерските организации (со внесување на нивните единствени матични броеви) кои ќе треба да го потврдат партнерството преку конфирмација која ќе биде побарана на нивната е-пошта (внесена при нивната регистрација на платформата). За овој повик достапен е Водич за апликантите

Процесот за аплицирање е целосно он-лајн. Овој повик за предлози е поделен во две фази: КОНЦЕПТ (Преземи Водич за пополнување Концепт и формат за концепт во Word) и ЦЕЛОСНА ПРИЈАВА која ја пополнуваат само оние што ќе ја поминат првата фаза. Комисијата за избор на грантови (КИГ) ќе ги оцени и избере потенцијалните грантисти врз основа на нивните концепти. Избраните апликанти ќе бидат поканети да развијат целосна пријава во директна соработка со тимот на Цивика мобилитас.

Во овој повик за предлози приоритетот е ставен на апликантите и нивното здружување на сили и концентрирање на нивните достигнувања во неколку области/теми, за да постигнат промени таму, каде претходно работеле одделно. Предложените активности треба да придонесат кон целите и приоритетите на овој повик кои може да ги најдете во Водичот за апликанти.

Времетраењето на активностите треба да биде помеѓу 30 и 36 месеци. Големината на побараниот грант треба да изнесува најмногу 14.500.000 денари. Организациите може да поднесат само една пријава на овој повик – во улога на носител или на партнер.

Краен рок за поднесување на пријавите е 30 август 2023 г. до 13:00 часот.

Апликантите ќе бидат известени преку е-пошта за приемот на нивниот комплетиран концепт. Цивика мобилитас нема да ги прифати апликациите пратени по редовна пошта или лично доставените апликации.

Носителот ќе треба да приложи:

  •  Доказ за правен статус на носителот и партнерите (тековна состојба издадена од Централниот регистар, не постара од шест месеци од денот на објавувањето на овој повик (14 јули 2023 г.); се прифаќаат и скенирани верзии.
  • Скенирана Изјава на апликантот – носител (пополнета и потпишана од неговиот законски застапник)

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: helpdesk@civicamobilitas.mk најдоцна до 31 јули 2023 г. Предметот на пораката треба да ја содржи референтната ознака за овој повик: ЦМ-ПГ. Прашања може да бидат поставени и преку веб-страницата на Цивика мобилитас.

ПРЕЛИМИНАРНА ВРЕМЕНСКА РАМКА

Отворање на повикот за предлози14 јули 2023 г.
Информативни сесии20/25/31 јули 2023 г. 
Краен рок за поднесување на пријави30 август 2023 г., 13:00 ч.
Одлука на Комисијата за избор на грантовисептември 2023 г.
Известување за изборот на апликанти за развој на целосна пријавасептември 2023 г.
Развој и подготовка на целосни пријависептември – октомври 2023 г. 
Преговори и потпишување договориоктомври 2023 г.

ИНФОРМАТИВНИ СЕСИИ

Цивика мобилитас ќе одржи три информативни сесии за овој повик за предлози. Прелиминарниот распоред за овие информативни сесии е:

ГрадЛокацијаДатумВреме
ШтипГраѓански ресурсен центар – Штип
Петта партиска конференција бб (Мултимедијален центар Канал 77), 3 кат, 2000
20.07.202312:00
ГостиварГраѓански ресурсен центар – Гостивар
Бул. Браќа Гиноски 1/спрат 1
25.07.202312:00
СкопјеХотел Александар Палас
Булевар 8 Септември бр.15
31.07.202312:00

Пријави се за информативна сесија

[contact-form-7 id=”19962″ title=”Пријава за инфо-сесија”]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор