Citizens for change

Новиот број на „Граѓаните за промена“ со бројни граѓански иницијативи

Цивика мобилитас денес го објави вториот број од списанието „Граѓаните за промена“, кој во фокусот го има граѓанскиот ангажман како движечка сила на општествените промени.

Погледнете го магазинот на соодветниот јазик:

Читајте за ХОПС кои ги едуцираа младите на Д-Фестивал за намалување на штетите од дрогите; за #МладиВоАкција кои со помош на Отворена порта ги мобилизираа нивните врсници и сограѓани да се приклучат во борбата против трговија со луѓе; за Петоци за иднината (Fridays for future) кои ја одбележаа „Неделата за иднина“; за седмиот роденден на „Лице в лице“ како единственото улично списание во земјава итн.

Во преостанатите теми на магазинот можете да најдете повеќе информации за актуелните подвизи на граѓанскиот сектор како што е заживувањето на законот за пробација на „Зелена лупа“, за Отворениот ден на Владата за консултации со граѓанскиот сектор за Програмите за намалување на аерозагадувањето, за почетокот на проектот „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување корупција“ на ИДСЦС, итн.

„Граѓаните за промена“ е списание за граѓанското општество и на граѓанското општество. Бидете дел од него, испратете ни информации за Вашите активности и резултати.

Пишувајте, читајте и споделувајте за посилен граѓански сектор.

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор