Dodeleni ad hok grantovi

Можност за поднесување пријави и по електронски пат за Институционални грантови (ЦМ-ИНС-05)

Повикот за Институционални грантови со Реф. бр. ЦМ-ИНС-05 е во тек.

Заради дополнителна заштита од ширењето на вирусот Ковид-19 Цивика мобилитас овозможува доставување на пријавите и по електронски пат. 

Доколку некоја од организациите сепак сака да ја поднесе пријавата лично, преку пошта или со курирска служба, ве информираме дека остануваат да важат сите насоки дадени во Водичот за повикот Реф. бр. ЦМ-ИНС-05.

Рокот за доставување на пријавите на било кој од горенаведените начини е 1 јуни 2020г, до 16:00 часот.

Пријавите кои ќе бидат поднесени по електонски пат треба да бидат испратени до адресата: aplikacija@civicamobilitas.mk со назнака: „Јавен повик за Институционални грантови Реф. бр. ЦМ-ИНС-05“. Датумот и часот на пристигнување на електронската пошта ќе се смета за релевантен доказ за поднесување на пријавата во зададениот рок. Апликантите ќе бидат известени за приемот на пријавата со повратен одговор на нивната електронска порака.

Пријавите пратени по електронска пошта мора да бидат испратени во една порака која во прилог ќе ги содржи следните документи:

  • Пополнет Образец за пријава
  • Скенирана верзија од Изјавата на апликантот, која е составен дел на Пријавата, дел В.

Изјавата за апликантот треба да содржи име и презиме на правниот застапник (согласно приложената тековна состојба); позиција на правниот застапник;  потпис и печат (може и електронски печат и потпис); место и датум;

  • Пополнет Прилог 1. – Финансиски план (буџет);
  • Скениран Прилог 2. Доказ за правен статус на апликантот (тековна состојба издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија, не постара од шест месеци од денот на објавување на овој повик);

Сите документи треба да бидат доставени и во Word/Excel и во PDF формат (каде што е применливо). Фајловите да се компресираат (намалуваат) во zip формат и големината на компресираниот (намалениот) зип фајл да не надминува 5MB.

Сите информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Водич за апликантите

Продолжи со читање

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Јавниот интерес пред скриената сопственост

    Во светот долго време се знаеше за постоењето на т.н. „шел“ или празни компании кои без познат сопственик и без вработени си префрлаа меѓу себе огромни суми пари за фиктивни услуги, за да се затскрие трагата на овие пари кои најчесто потекнуваа од црни и неоданочени бизниси. Но по откритијата…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор