Naslovna tematski
|

Граѓанските организации побараа поголем ангажман од властите за државното финансирање

Ние не сме песимисти, ние сме очајни реалисти!“, рече Селмин Несимоски од здружението Млади за јавен интерес од Дебар со што отслика најголем дел од дискусијата на денешниот Тематски форум на Цивика мобилитас насловен: „Државното финансирање за поголема одржливост на граѓанските организации“.

Борбата за гол опстанок го оневозможува работењето на граѓанскиот сектор“, рече во своето поздравно обраќање Кристина Колозова од Швајцарската амбасада во земјава. Таа истакна дека примарната задача на секторот е да биде набљудувач на работата на државните институции, да коригира и укажува на неправилности или пропусти и секако да нуди решенија кои ќе бидат од корист на нивните конституентите-граѓаните.

Според Александар Кржаловски, Национален лидер на тимот на Цивика мобилитас и директор на МЦМС, поддршката за граѓанските организации во Македонија по повеќе од 10 години дебатирање, стигна едвај до 10 милиони евра. „За споредба, државната поддршка на граѓанските организации во Србија е 120 милиони евра, во Хрватска 230 милиони евра, а во Словенија 300 милиони евра“, рече тој и додаде дека Владата, со Стратегијата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор си презема обврска поддршката да биде 30 милиони евра уште оваа година“. Наместо зголемување, граѓанските организации се соочуваат со намалување на финансиите кои државата ги наменила за нив.

И покрај убавите зборови за креативноста и иновативноста на граѓанските организации, државниот секретар во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Рами Ќерими, не ги убеди учесниците на Тематскиот форум дека Владата ги смета за партнери. Тој истана дека Министерството од каде што доаѓа ги направило подготовките за објавување на јавен повик за финансирање на ГО и нивните активности во областите за кои е надлежно и побара разбирање за сегашната состојба која е оптоварена со различни кризи. „Ве охрабрувам да тропнете на сите врати да ги кажете своите идеи и да барате финансии за вашите креативни проекти“, рече тој.

Весна Тасевска, помошник раководител на Секторот за анализа на политиките и координација, во Генералниот секретаријат на Владата се осврна на досегашната пракса на доделување државни финансии за граѓански организации. Таа истакна дека во периодот од 2008 до 2020 година, државата доделила скоро 3 милиони евра за проекти на ГО. Само за споредба, во истиот период Цивика мобилитас обезбедила 20 милиони евра за поддршка на граѓанските организации.

Лилјана Јоноски, член на Работната група за реформа на системот на државното финансирање на ГО истакна дека финансиската оддржливост на ГО треба да е основа за изградба на стабилно и конструктивно граѓанско општество. „Ние не очекуваме и не треба да бидеме целосно финансирани од државата, но далеку сме и од таа 1/3 која е ветување на Владата и светски стандард“, рече таа и додаде дека средствата се зголемуваат благодарени на притисоците на секторот. Според неа, има подобрување во транспарентноста и добро е што организациите се   вклучени во креирањето на програмата за поддршка. „Сепак, не може а да не сме разочарани од тоа што процесите се враќаат назад, а наместо зголемување на буџетот за ГО, сега располагаме со 0 денари во него“, рече Јоноски.

За Бојан Јовановски, извршен директор на Хера, посоодветно е да се зборува за државно дефинансирање затоа што организациите се далеку од одржливост. „Не слушнавме конкретни обврски и заложби од страна на државните органи“, рече тој и додаде дека заради кратењата во финансиите некои организации ќе мора да се реорганизираат, некои може и ќе згаснат.

Според Димитар Илчов од организацијата „Мисла“ финансирањето не е соодветно на процентот на вработени во секторот кој со редовните и повремените вработувања доаѓа до 2%, а поддршката е далеку под 1%. Душко Христов од Банка за храна изрази сомнеж во непристрасноста при доделувањето на државните средства. „Мораме да ги кажеме работите со вистинско име ако сакаме нештата да се менуваат“, рече тој.

Учесниците зборуваа и за фондот за кофинансирање, за односот кон локалните организации и за финансирањето од страна на општините. „Немаме пари за вработувања, имаме проблем да ги покриеме трошоците за канцеларијата – дали треба да згаснеме?“, праша Мустафа Сидов од Светла иднина од Кочани. Кризите со кои се соочува светот и нашата држава не треба да бидат алиби за државното финансирање на ГО. „Прашањето е дали Владата навистина сака да ги слушне решенијата што ги нудат ГО?“, праша Андреј Сених од „Заедно посилни“, „и зошто тогаш се стекнува впечаток дека имаат сосема игнорантски однос кон нас?“, додаде тој. Тој предложи денешните опсервации и артикулираното незадоволство да биде и формално пренесено до Владата, а граѓанските организации да размислат дали е време за артикулиран протест.

Подобрувањето на системот на државно финансирање е еден од приоритетите на граѓанското општество, а според Програмата за работа на Владата на РСМ за периодот 2022-2024, приоритет е и на извршната власт во земјава. Сепак, неодамнешните реструктурирања и кратења на буџетот за граѓанските организации не ги потврдуваат заложбите на Владата за унапредување на системот на државно финансирање на граѓанските организации.

Тематскиот форум на Цивика мобилитас обезбедува простор за дискусија помеѓу претставниците на граѓанските организации, институциите на национално или локално ниво и сите други чинители важни за решавање на прашањата кои се третираат.

Цивика мобилитас e програма за поддршка на граѓанското општество на Швајцарската амбасада, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

Продолжи со читање

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Јавниот интерес пред скриената сопственост

    Во светот долго време се знаеше за постоењето на т.н. „шел“ или празни компании кои без познат сопственик и без вработени си префрлаа меѓу себе огромни суми пари за фиктивни услуги, за да се затскрие трагата на овие пари кои најчесто потекнуваа од црни и неоданочени бизниси. Но по откритијата…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор