Impuls f
|

Граѓански импулс #2: месечен осврт на активностите на грантистите

февруари 2025

Во февруари, организациите поддржани од Цивика мобилитас продолжија со активностите во различни области како што се образованието, животната средина, дигитализацијата и родовата еднаквост.

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) на 4 февруари, Светскиот ден за борба против ракот, упати апел до Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство да ја зголемат поддршката за превентивни програми за рана детекција и спречување на рак. ЕСЕ работат на унапредување на скринингот на ракот на грлото на матката во рамките на проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“. Тие бараат итно зголемување на средствата за скрининг на минимум 35 милиони денари годишно.

За реформите во образованието и Болоњскиот процес, во две интервјуа од Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС) направени во рамки на проектот „Застапување за инклузивен развој“, зборуваа Петар Атанасов, поранешен заменик-министер за образование и наука, и Вели Креци, редовен професор на Факултетот за општествени науки и извршен директор на Институтот „Макс ван дер Штул“. Атанасов повика на итни реформи во образованието и науката, додека според Вели Креци, РСМ мора да ги следи европските образовни стандарди и да ги усогласи своите образовни политики за да не заостане во глобалните процеси на образованието и науката.

Во меѓувреме Форумот за разумни политики и партнерските организации подготвија Студија за законодавството поврзано со образованието со предлози за промени на политики и препораки. Заклучоците во оваа студија ги истакнаа предизвиците во темите како што се: интерсекторската соработка, мобилноста, признавањето квалификации, масовното иселување на висококвалификуваните кадри, но и нивното враќање во земјата.

Речиси 30% од младите лица не ги евидентираат и не ги следат своите трошоци на месечно ниво. На скала од 1 до 5, тие ја оценуваат нивната финансиска писменост со 3.4. Ова го покажа истражувањето подготвено од Промо идеја, Круна и Новус што е дел од проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“. Резултатите покажуваат дека младите имаат зголемена потреба и од стекнување вештини и знаења за финансиите.

Започна мерењето на отвореноста на сите 81 општини преку Индексот на отвореност што го спроведуваат Фондацијата Метаморфозис и Рурална Коалиција. Организациите во јануари и февруари започнаа и со онлајн менторска поддршка во девет општини, каде се спроведува или се планира да се спроведе дигиталната алатка мЗаедница. Меѓу првите општини што ја добија оваа можност се општините: Кочани, Крива Паланка, Валандово, Аеродром, Демир Хисар, Гостивар, Неготино, Струга и Штип. Крајната цел на оваа активност се обучени јавни службеници кои самостојно ќе може да работат на доследно унапредување на отвореноста на нивните општини.

И грантистите посветени на родовата еднаквост и социјална инклузија споделија важни информации. Хелсиншкиот комитет за човекови права објави инфографик од спроведениот мониторинг на постапувањето на Комисијата за заштита и спречување од дискриминација, со фокус на дискриминацијата на жените од маргинализирани заедници. Од 1 јули до 30 септември 2024 година, поднесени се 107 претставки, од кои 42 се од жени. Од нив, во 4 случаи Комисијата утврдила дискриминација. Мониторинг е дел од проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, што го спроведува ХКЧП во партнерство со ХОПС и Коалиција Маргини.

За да ги детектира проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост и нивните семејства во медицинските и институционалните установи, Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, во партнерство со Порака Неготино и Еко-Живот од Кавадарци, започна истражување преку анонимна анкета за испитување на јавното мислење. Прашалникот е сè уште отворен за пополнување, а Вашите одговори ќе помогнат да се добие увид во состојбите со кои се соочуваат овие лица. Истражувањето е дел од проектот „Соочување со предизвиците и стигматизација“.

Центарот за климатски промени со уште осум партнери, продолжи со работилниците за јакнење на капацитетите за подобро спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан и овoј пат во Охрид. Граѓаните од општините од Југозападниот регион разговараа за проблемите кои го кочат спроведувањето на Зелената агенда. Последната регионална работилница на која учествуваа претставници од општините и од граѓанскиот сектор од Полошкиот регион, се одржа на 25 февруари во Тетово. Едукативна посета на Белчишко Блато, реализираше Екотуризам Охрид за учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид и РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид.  Целта на посетата на Белчишко Блато и на центарот за посетители, беше да се подигне свеста за значењето на блатните екосистеми и биолошката разновидност во нашето опкружување.

Се реализираше уште една интерактивна работилница, овој пат со 20 ученици од ООУ „Круме Кепески“ од Општина Кисела Вода, со проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ), Еко Логик и Флорозон. Оваа иницијатива, поддржана од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, им овозможи на младите да се запознаат со важноста на управувањето со био-отпадот и неговата трансформација во корисни производи. 

И за крај, Кодексот за граѓански организации во февруари доби уште еден потписник. На 18 февруари „Гласен текстилец“ пристапи кон Кодекс за граѓански организации, изготвен од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) којшто има за цел да го зајакне системот на саморегулација и да придонесе до поголема професионалност и отчетност.

Продолжи со читање

  • Соработката меѓу граѓанските организации и бизнис секторот носи многу заемни придобивки

    „Причината поради која сите сакаме да соработуваме е затоа што сите сакаме да имаме корист. Без разлика дали доаѓате од бизнис секторот или од граѓанскиот, треба да почнете да развивате покомплексно разбирање за заемните придобивки“, им рече Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, на учесниците на  работилницата „Зајакнување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #5

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #5 [13 – 17 октомври 2025] Во последната недела пред изборниот молк имаше засилена активност и обновена мобилизација во медиумските објави со повеќе од 3.000 медиумски текстови и 240 објави на социјалните мрежи, и со јасен раст на ангажманот кон крајот на неделата. Кампањата влезе во завршна фаза…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави

    Месечен преглед на медиумските објави [15 септември – 14 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Изборите за локалната власт беа една од најдоминантните теми во медиумскиот простор со над 11.000 медиумски написи и над 1.100 објави на социјалните мрежи. Анализата открива јасна слика: изборната кампања се води…

  • Новиот амбасадор на Швајцарија ја потврди посветеноста кон граѓанското општество

    Тимот на Цивика мобилитас на 16 октомври ја оствари првата средба со новoназначениот Амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер (Christoph Sommer). „Сметам дека граѓанското општество е многу значајна област на која треба да се фокусираме“, нагласи Амбасадорот, потврдувајќи дека поддршката на граѓанските организации е еден од приоритетите…

  • Кога се штеди на превенција, последиците се скапи – граѓанските организации и институциите со заеднички повик за поголеми вложувања во превенцијата

    Граѓанските организации и институциите од здравствениот сектор отворија јавен дијалог за унапредување на пристапот до квалитетни превентивни здравствени услуги за жените, девојките и ранливите групи, на тематскиот форум „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ одржан на 15.10.2025 година. Главните заклучоци од дискусијата се дека неопходно е вклучување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #4

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #4 [6 – 12 октомври 2025] Анализата на медиумските и објавите на социјалните мрежи во претходната недела потврдува дека кампањата се засилува, а фокусот е се повеќе на конкретни локални решенија кои директно влијаат на секојдневниот живот на граѓаните. Дискусиите се интензивни на социјалните мрежи, каде што конкретните…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор