Za kocani

Граѓанска солидарност за Кочани

Деновиве сме соочени со една од најголемите трагедии што го погодила нашето општество. Како луѓе и граѓански активисти, чувствуваме силна потреба и одговорност да понудиме поддршка и да се солидализираме со сите оние кои се директно погодени од трагичниот настан во Кочани.

Дел од граѓанските организации и грантисти на Цивика мобилитас, веќе понудија или се вклучени во поддршката на жртвите, на семејствата и на сите останати. Со оваа објава, сакаме да ги направиме тие информации подостапни за сите оние кои имаат потреба.

Подолу се информации за поддршката која ја нудат организациите:

Ја споделуваме со Вас солидарноста што во овие мигови ја покажуваат и дел од граѓанските организации, поранешни корисници на грантови на Цивика мобилитас.

Конект започна кампања за собирање средства за семејствата на настраданите и засегнатите од пожарот во Кочани. Средствата ќе се користат за итни потреби (лекување, правна помош, патување итн.), психо-социјална поддршка, како и справување со последиците. До сега, од поставената кампања на интернет платформата за групно донирање Оп-оп, се собрани 135.800 денари од граѓани. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани, бизниси и субјекти да донираат преку Оп-оп или да се обратат на тел. 02/ 3224 198 или на konekt@konekt.org.mk.

Фондацијата ИКРАУД формира Донаторски фонд за финансиска помош на семејствата на починатите и повредените. Сите собрани средства ќе бидат распределени подеднакво на сите пријавени семејства. Кампањата е отворена до крајот на месецов, а веќе се собрани повеќе од 2.000.000 денари. Фондацијата ги става сите канали за собирање на донации на располагање на фондот, вклучувајќи ги и телефонските броеви.

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ и нејзиниот тим на психолози и стручни лица се на располагање за директни средби или телефонски консултации. За контакт: 070 390 632. Освен АЛОБУШАВКО (070 390 632), активни се шест телефони за психолошка прва помош во рамки на 24 часа.

Македонија 2025 ја заапочна кампањата за донации “Hope for Kočani – Support the Families” за да им помогне на оние што се погодени. Сите средства ќе бидат директно префрлени на Црвениот крст на град Скопје, обезбедувајќи итна помош за медицински трошоци, трошоци за погреб и емоционална поддршка.

Колективната солидарност е клучна за помош и за ублажување на болката на семејствата погодени од трагедијата. Секој мал гест на поддршка има огромно значење, без разлика дали се работи за донирање, волонтирање или за психолошка и правна помош.

Продолжи со читање

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

  • Граѓанското учество е право и одговорност на сите

    Во фокусот на овој број на Граѓаните за промена е граѓанското учество. Тема која граѓанските организации и во овој квартал не само што ја дискутираа туку и ја практикуваа. Колегите од ПроЛокал, од Битола, тоа го правеа на регионално и на локално ниво, во цела Пелагонија. Заедно со партнерите од…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор