Доделени грантови

Доделени единаесет партнерски грантови на Цивика мобилитас

Комисијата за избор на грантови ги оцени пријавите кои организациите ги поднесоа на повикот за партнерски грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-ПГ-2) што беше отворен до 15 октомври 2025 година.

На повикот пристигнаa 111 пријави на вкупно 248 граѓански организации (111 носители и 137 партнери). Од нив, 100 ги исполнија административните критериуми и беа доставени до Комисијата.

Подолу се организациите добитници на партнерските грантови:

  • Институтот за демократија Социетас Цивилис Скопје, во партнерство со Институтот за социолошки и политичко правни истражувања Скопје, ќе го спроведуваат проектот „Локалните инспектори под лупа: Унапредување на законитоста и одговорноста на локалната инспекција“.
  • Здружението на новинарите на Македонија Скопје, во партнерство со Фондацијата за медиуми и граѓанско општество Македонски институт за медиуми Скопје, ќе го спроведуваат проектот „Јакнење на етичките стандарди за поголема доверба во медиумите“.       
  • Здружението на граѓани Младите можат Скопје во партнерство со Здружението на граѓани СУПОРТКО Кочани, ќе го спроведуваат проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“.
  • Институтот за истражување на општествениот развој Ресис Скопје во партнерство со Здружението Совет за етика во медиумите на Македонија Етика прес, ќе го спроведуваат проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанското општество“
  • Здружението Младински Сојуз – Крушево во партнерство со  Здружението Центар за интеркултурен дијалог Куманово и Здружението Институт за развој на заедницата Тетово, ќе го спроведуваат проектот „Мојот глас во мојот град“.
  • Здружението Конект Скопје во партнерство со Фондацијата Аполонија Гевгелија, ќе го спроведуваат проектот „Промени за одржливост“.
  • Здружението за еколошко одржлив развој Зелен институт Скопје во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми Берово, ќе го спроведуваат проектот „Нула биоотпад: Системски промени преку партнерство со граѓаните“.
  • Здружението Прва детска амбасада во светот Меѓаши Скопје во партнерство со Здружението Импетус – Центар за интернет, развој и добро управување Скопје, ќе го спроведуваат проектот „Безбеден интернет простор за деца и млади“.
  • Здружение на еколозите Натура Струга во партнерство со Здружението извиднички одред Мирко Милески Кичево, ќе го спроведуваат проектот „Граѓаните за чист воздух“.
  • Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците Скопје во партнерство со Здружението за попреченост и правда ЗЕТА, ќе го спроведуваат проектот „Застапување за дигитална инклузија“.
  • Здружението за правни истражување и анализи Центар за правни истражувања и анализи Скопје во партнерство со Македонското здружение на млади правници, ќе го спроведуваат проектот „Менторство во правосудството и младински ангажман за родова еднаквост“.

Новите грантисти ќе дејствуваат во шест различни сектори: унапредување на дигитална трансформација, овозможувачка околина за развој на ГО, борба против корупција и истражувачко новинарство, социјална кохезија, родова еднаквост и зелени иницијативи. Акциите ќе се спроведуваат во период од 10 до 12 месеци.

Избраните организации се од скопскиот, североисточниот, полошкиот, источниот, пелагонискиот, југоисточниот и југозападниот регион во Македонија и ќе делуваат на локално, регионално и национално ниво.

Вкупната поддршка на Цивика мобилитас за овие партнерски грантови е околу 32.600.000 МКД.

Продолжи со читање

  • Граѓанското учество е право и одговорност на сите

    Во фокусот на овој број на Граѓаните за промена е граѓанското учество. Тема која граѓанските организации и во овој квартал не само што ја дискутираа туку и ја практикуваа. Колегите од ПроЛокал, од Битола, тоа го правеа на регионално и на локално ниво, во цела Пелагонија. Заедно со партнерите од…

  • Светски ден за борба против ракот: само 10 отсто од жените опфатени со скрининг за рак на грлото на маткатa

    Иако ракот на грлото на матката е едно од ретките малигни заболувања што речиси целосно може да се превенира, во Северна Македонија секоја година заболуваат околу 200 жени, а помеѓу 40 и 60 жени го губат животот од оваа болест. Алармантен е податокот дека во 2024 година со организираниот скрининг…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Тематски форум за користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ САМО ЗА ДВА МЕСЕЦА, 3.000 ФИРМИ ШТО ДОБИЛЕ ТЕНДЕРИ ГИ ОБЕЛОДЕНИЛЕ СВОИТЕ ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Скопје, 28 јануари 2026 година  |  Повеќе од 30 претставници на клучни јавни институции, граѓански организации, медиуми и меѓународни организации денеска дискутираа за можностите и начините на користење на податоците од Регистарот за вистински сопственици на правните субјекти како алатка за борба против корупцијата. Швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Сомер истакна…

  • Дали Македонија конечно ќе знае каде ѝ се стипендистите?

    Македонија секоја година губи потенцијал на млади луѓе колку еден цел мал град. Само во Словенија, во последните неколку години, заминуваат просечно по околу 1000 македонски студенти. Додека најдобрите умови од нашите средни училишта ги освојуваат амфитеатрите во Виена, Берлин, Љубљана или Амстердам, државата со години се соочуваше со институционален…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор