Cmtf3

Да се подобри протокот на информации меѓу граѓанските организации и Главниот штаб за координирање кризи

„Во справувањето со оваа пандемија два моменти се многу важни: интензивната соработка и комуникација со сите чинители и честата комуникација со јавноста за да се пресретнат предизвиците на ширење на лажни вести, да се дадат точни информации и да се слушне фидбек“,  рече во своето воведно излагање д-р Венко Филипче, министер за здравство на денешниот Тематски форум на Цивика мобилитас на тема: „Справување со кризата со (не)доволно ресурси“.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов се задржа на два аспекти во соработката со граѓанските организации: подигање на јавна свест и надзор и контрола на политиките. „Очекуваме, граѓанскиот сектор уште повеќе да придонесува за овие прашања со што граѓаните ќе бидат поинформирани што треба да придонесе за подобра превенција во борбата со пандемијата“, додаде тој.

За Зоран Дранговски, од Македонското здружение на млади правници, еден од претставниците граѓанскиот сектор во Главниот штаб за управување со кризи клучно е институциите да знаат што работат ГО за да ги знаат капацитетите и ресурсите со кои располагаат.

Граѓанските организации, во најголем дел грантисти на Цивика мобилитас, ги презентираа пред претставниците на институциите заклучоците и препораките од претходната средба, а на денешната уште еднаш потенцираа дел од горливите прашања како што се пристапот до информации, пристапот до услуги, третманот на лицата со хендикеп и другите ранливи категории итн. Присутните се интересираа за тоа дали институциите планираат подготвителни активности за процесот на вакцинација, односно како ќе ги информираат граѓаните, кои граѓани ќе имаат приоритет и како ќе се справуваат со предизвиците кои ќе ги носи целиот процес.

Зборувајќи за соработката со граѓанските организации, Филипче потенцирашe повеќе добри примери и пред кризата и истакна: „Сакаме да направиме законски измени со кои ќе ги зголемиме ингеренциите на граѓанските организации со што ќе ги искористиме нивните капаци-тети. Тие имаат знаења, добра комуникации со корисниците, соодветни ресурси кои можат да бидат од помош“, и додаде  дека политика може да се спроведе само ако служи на групата на која и е наменета. „Особено е важно, таа група да била вклучена во создавањето на политиката“, рече министерот.

Дранговски истакна дека ќе инсистираа на подобар проток на информациите од Главниот кризен штаб кон јавноста и дека ќе побараат форма на директна комуникација преку која претставниците на ГО ќе можат да ги пренесуваат информациите кон јавноста. Во таа насока, заклучоците од овој форум ќе бидат презентирани на првиот состанок на Главниот кризен штаб, веќе во понеделник на 21 декември 20202 година.

Дебатата ја следеа околу 200 граѓани, дел на платформата Зум (Zoom), а дел преку преносот во живо на Фејсбук.

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор