Promocija na grantisti 06.7.2016 1

Цивика мобилитас ги промовираше новите грантисти

„Семејството на грантисти на Цивика мобилитас, од денес се зголеми за 22 нови членови и сега брои вкупно 115 организации“, рече Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС и Национален лидер на тимот на Цивика мобилитас на денешната промоција на новите акциски, мали и ад хок грантисти на Цивика мобилитас. Вкупно 15 организации добија акциски грантови наменети за поддршка на граѓанските организации кои сакаат да ги промовираат нивните каузи и активности со вкупен буџет од над 27 милиони денари. Планираните активности ќе бидат насочени во повеќе сектори како што се: антикорупцијата, владеењето на правото, родовите прашања, медиумите, животната средина, културата, спортот и рекреацијата итн. Организациите добитници се од скопскиот, од полошкиот и од југоисточниот регион. Низ кратки видеа беа презентирани планираните активности на акциските грантисти.

Promocija na grantisti 06.7.2016 1

На настанот беа промовирани и пет мали акциски и два ад хок грантисти кои низ нивните активности во фокус ќе ja стават потребата од дебата, дилемите и условите во општеството, Скопје низ очите на безгласните граѓани, Галичник, итн.

Цивика мобилитас за прв пат додели и шест стипендии за докторанди со кои ќе им се овозможи да го спроведат своето задолжително оригинално истражување кое е обврска за докторската дисертација на теми кои се релевантни за развојот на граѓанскиот сектор.

Promocija na grantisti 06.7.2016 2

Амбасадорката на Швајцарија во Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада им ги врачи договорите на грантистите. Таа истакна дека ќе продолжи поддршката на медиумите и организациите кои работат со медиуми бидејќи се важен дел од граѓанското општество. „Се надевам дека од поблиската соработка меѓу медиумите и граѓанските организации ќе имаат придобивка и двете страни, но уште поважно е дека тоа ќе биде придобивка за доброто владеење во земјата.

Promocija na grantisti 06.7.2016 3

Новата поддршката за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество преку програмата Цивика Мобилитас започна во октомври 2014 година и ќе трае до септември 2018 година. Буџетот на програмата изнесува околу осум милиони швајцарски франци.

Добитници за акциски грантови се:

Здружението за заштита и унапредување на човековите слободи и права „Сведок“ за проектот „Mедиумско известување за случаите по кои постапува специјалниот јавен обвинител“; Акција Здруженска за проектот „Застапување на родово инклузивни локални буџети“; Центарот за климатски промени од Гевгелија за проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“; Женски форум од Тетово за проектот „Економско зајакнување на жените во Полошкиот регион преку застапување и промовирање на нивните имотни права“; Сојузот на извидници на Македонија за проектот „Извидниците за активно општество“; Федерацијата на планинарски спортови на Македонија за проектот „Национална кампања за подигање на свеста и значењето на туристичко-рекреативните патеки“; Центарот за современи уметности за проектот „Урбани уметнички акции“; Транспарентност Македонија за проектот „Градење капацитети за транспарентност на грас рут организациите“; Националниот совет за родова рамноправност за проектот „Здружени кон промени“; Македонскиот центар за женски права-Шелтер центар за проектот „Економско зајакнување и психо-социјална поддршка на невработени самохрани мајки“; Институтот за европска политика за проектот „Национална ЕУ дебата“; Центарот за едукација и развој од Теарце за проектот „Вмрежување и застапување на месните и урбаните заедници“; Транспаренси Интернешнл – Македонија за проектот „Сите заедно по патот до правда“; Здружението за слободен развој на мислата САКАМ ДА КАЖАМ за проектот „Оспособување на локалните дописници за критичко и конструктивно парнерство со локалните институции“ и Евро-атлантскиот совет на Македонија за проектот „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во светлината на евро-атланските интеграции“.

Добитници на мали акциски грантови се:

Здружението на граѓани за развој на критичка мисла ЛИВАДА Скопје за проектот „Биди ИН, дебатирај!“; Центарот за развој на медиумите во заедницата за проектот „Во очите на своите неслушнати граѓани“; Здружението за развој на месна заедница Галичник за проектот „Галичко културно лето“; Здружението на историчари Албанци во Македонија за проектот „Светицата од Скопје – Коресподенции“ и Здружението за истражување и развој на општеството ФОРУМ ПЛУС за проектот „Некои дилеми и состојби во нашето општество“.

Добитници на ад хок грантови се:

Институтот за безбедносни и мировни истражувања Карл фон Клаузевиц од Прилеп за проектот „Прирачник за безбедни протести“ и Здружението за истражувања, анализи и развој Зелена лупа за проектот „Ајде да спасиме судбини“.

Добитници на стипендии се:

Александар Маркоски за „Кривичните дела од омраза-фактори и казнено-правен одговор“; Нена Неновска Ѓорѓиевска за „Влијанието на вооружените конфликти врз бегалската криза на Блискиот исток и одговорот на земјите од Балканот“; Марија Димитровска за „Културната траума како генератор на криза: проблемот на општествена и културна репродукција“; м-р Ана Секуловска за „Влијанието на граѓанското општество врз креирањето на политики во образовниот систем (самооценка и патокази)“; Џемаил Лимани за „Говорот на омраза како фактор на безбедност во Република Македонија“ и Ива Петрунова за „Градот во транзиција – Социолошки, социо-просторни и архитектонски промени (примерот на Скопје)“.

Продолжи со читање

  • Соработката меѓу граѓанските организации и бизнис секторот носи многу заемни придобивки

    „Причината поради која сите сакаме да соработуваме е затоа што сите сакаме да имаме корист. Без разлика дали доаѓате од бизнис секторот или од граѓанскиот, треба да почнете да развивате покомплексно разбирање за заемните придобивки“, им рече Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, на учесниците на  работилницата „Зајакнување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #5

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #5 [13 – 17 октомври 2025] Во последната недела пред изборниот молк имаше засилена активност и обновена мобилизација во медиумските објави со повеќе од 3.000 медиумски текстови и 240 објави на социјалните мрежи, и со јасен раст на ангажманот кон крајот на неделата. Кампањата влезе во завршна фаза…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави

    Месечен преглед на медиумските објави [15 септември – 14 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Изборите за локалната власт беа една од најдоминантните теми во медиумскиот простор со над 11.000 медиумски написи и над 1.100 објави на социјалните мрежи. Анализата открива јасна слика: изборната кампања се води…

  • Новиот амбасадор на Швајцарија ја потврди посветеноста кон граѓанското општество

    Тимот на Цивика мобилитас на 16 октомври ја оствари првата средба со новoназначениот Амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер (Christoph Sommer). „Сметам дека граѓанското општество е многу значајна област на која треба да се фокусираме“, нагласи Амбасадорот, потврдувајќи дека поддршката на граѓанските организации е еден од приоритетите…

  • Кога се штеди на превенција, последиците се скапи – граѓанските организации и институциите со заеднички повик за поголеми вложувања во превенцијата

    Граѓанските организации и институциите од здравствениот сектор отворија јавен дијалог за унапредување на пристапот до квалитетни превентивни здравствени услуги за жените, девојките и ранливите групи, на тематскиот форум „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ одржан на 15.10.2025 година. Главните заклучоци од дискусијата се дека неопходно е вклучување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #4

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #4 [6 – 12 октомври 2025] Анализата на медиумските и објавите на социјалните мрежи во претходната недела потврдува дека кампањата се засилува, а фокусот е се повеќе на конкретни локални решенија кои директно влијаат на секојдневниот живот на граѓаните. Дискусиите се интензивни на социјалните мрежи, каде што конкретните…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор