CMGGA

  • Работилници на тема „Техники за трансформација на биоотпадот“

    Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, што се спроведува од страна на Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, во партнерство со ЕкоЛогик и Флорозон Центар за еколошка демократија, на 6 декември 2024 година се одржа 3-та еднодневна работилници на тема „Техники за трансформација на биоотпадот”, овој пат со учество на основното училиште ООУ “Војдан Чернодрински” од Општина Карпош.

    Учениците учеа за циркуларна економија и нејзиното значење за поздрава животна средина. Учениците беа прашани дали знаат дека од лушпата од јаболкото се добива пектин и што може понатаму со него да се произведува? Откако ја завршија подготовка на пектинот,се пристапи кон подготовка на состојки за добивање на растителни масла. Низ работата, учениците се запознаа и со постапката за добивање на биодизел, што беше потполно ново искуство за нив.

    Добивме навистина интересни реакции од учениците во моментот кога успешно ќе ги завршеа експериментите, и со свои очи да го видат резултатот од тоа што го
    работеле. Тие се разновидни, некои се восхитуваат, некои се радуваат а пак некои фотографираат со телефоните.

    Поминавме уште еден убав работен ден со активности од кои никој не остана
    рамнодушен, ниту ние ниту учениците!

    Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија во Македонија (Embassy of Switzerland in North Macedonia) преку Цивика мобилитас.

  • Средба за вмрежување на Цивика мобилитас

    На 4 и 5 декември 2024 година во Скопје, се одржа средба за вмрежување на Цивика мобилитас, на која учествуваа над 90 претставници од 58 граѓански организации.
    Промо Идеа Струмица заедно со партнерите во спроведувањето на проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“ финансиран преку програмата Цивика Мобилитас, учествуваа на средбата за вмрежување и се вклучија во дискусиите за унапредување и развој на граѓанскиот сектор.
    Паралелно со средбата за вмрежување учесниците поминаа низ процесот на политичко-економска анализа. Дел од работата започна уште пред самата сесија, кога граѓанските организации ја започнаа анализата на актерите кои се клучни за спроведувањето на нивните проекти.
    Проектните партнери дефинираа и нови актери кои се клучни за спроведувањето на проектот, што ќе бидат инкорпорирани во идните активности.

  • Започнување со еднодневни работилници со ученици во Биотехнолошката лабораторија

    Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија започнавме со одржување на еднодневните Работилници на тема „ Техники за трансформација на биоотпадот ” со основните училишта од Скопје. На 26 ноември и 28 ноември се одржаа 2 работилници со основните училишта ООУ “Димо Хаџи Димов” од Општина Карпош и ООУ “Св. Климент Охридски” од Кисела Вода.
    Главната цел на овие работилници е да се подигне свеста на младите дека сите ние придонесуваме за заштита на животната средина и да ги научиме што значи циркуларна економија преку реупотребата на био отпад. Преку нив сакаме да го доближиме концептот на циркуларна економија како начин за остварување на одржлив развој, преку едноставни техники на учење и примена на знаења во пракса, со што ќе придонесат за создавање на идни активни граѓани, образувани во областа на одржливиот развој и циркуларната економија, со цел да остварат придобивки во средината во којашто живеат, творат и се развиваат.
    Општата цел на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија е стекнување на практични знаења за одржливо управување со органски отпад од страна на ученици од училиштата во Општина Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров, како и од страна на пошироката јавност од Скопскиот плански регион, со цел постигнување на циркуларна економија и остварување на придобивки за одржлив развој.  Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија во Македонија Embassy of Switzerland in North Macedonia преку Цивика мобилитас Civica Mobilitas.

    На почетокот на развивање на проектната идеа пристапивме кон 3 Општини Карпош,
    Ѓорче Петров и Кисела Вода за да добиеме поддршка за реализација на активностите од проектот. Сите три Општини се согласија да ни бидат партнери и ни ја дадоа нивната подршка, затоа учениците доаѓаат од основните училишта во овие Општини.

    Работиме со групи со ученици мешани од различни одделенија, а со тоа и различна возраст и предзнаења, првичните реакции беа многу разновидни. Голем дел од учениците за прв пат се среќаваа со ваков тип на настава па нормално е на почеток да беа малку срамежливи и по малку скептични. Меѓутоа, како се одвиваа активностите за време на работилниците, најголемиот дел од нив се вклопуваат во работната атмосфера и им беше интересно да бидат „мали научници“.Интересни им беа споредбите на она што се работи во лабораториски услови со тоа што знаат дека се случува во природата или пак она што го гледаат во секојдневниот живот. Со тоа, не само што учат нови работи, туку и ги поврзуваат нивните знаења и согледувања со она што е тема на работилниците, односно, преработката на биоотпад и заштедата на природни суровини.
    Особено се интересни реакциите на учениците во моментот кога успешно ќе го завршат експериментот и ќе можат со сопствени очи да го видат резултатот од она што го работеле. Тие реакции се разновидни, некои се восхитуваат, некои се радуваат а пак некои фотографираат со телефоните.

    Веројатно најголемиот предизвик за време на работилниците за учениците е недостатокот на предзнаења кај некои од нив. Тоа пред сѐ се должи на тоа што голем дел од учениците кои учествуват на нашите работилници се од 7-мо одделение, па сеуште на училиште немаат учено за одреден дел од работите како основа на она што го работиме. Секако, овој предизвик нашите едукатори го решаваат така што нивото на материјата која се работи се прилагодува на присутните ученици.
     
    На работилниците не учат само учениците туку и ние и едукаторите! Стекнатите знаења  од овие работилници ќе  ги искористиме за да се подобри процесот на едукација. Кога се работи со деца, свежи идеи и нови моменти никогаш не недостигаат. Дури и со релативно мал број на работилници одржани во однос на вкупниот планиран број, може да се забележи дека постигнуваме сѐ подобри резултати во експериментите, повеќе ангажирани ученици но и подобрување од наша страна. Тоа значи дека учиме и напредуваме. Овие стекнати знаења ќе ни помогнат да станеме уште подобри во ова поле, да организираме уште повеќе вакви настани и да опфатиме што е можно повеќе деца со вон-училишна едукација која ќе придонесе до создавање на генерации кои ќе имаат висока свест за потребата од зачувувањето и заштитувањето на животната средина.
    #CivicaMobilitas, #CHinMK,  Цивика мобилитас   (civicamobilitas.mk)

  • ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ СО ЈП ДЕПОНИА ДРИСЛА

    На 22.10.2024 год. ЈП Депонија Дрисла и Resource Environmental Center (REC)- North Macedonia потпишаа Меморандум за соработка, со што го зацврстуваат заедничкото делување во полето на искуствено учење за одржлив развој, така што во рамки на проектот “Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад”, што…

  • Анкета во рамките на проектот „ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО УПРАВУВАЊЕТО СО ОРГАНСКИ ОТПАД“

    Во рамките на проектот започнавме со спроведување на електронска анкета за анкета за утврдување на знаењето на населението за штетниот ефект од биоразградливата компонента на био-отпадот и степенот на познавање на начините за постапување со органскиот отпад, што се генерира во домаќинствата. Анкетата е насочена кон…

  • Прашалник за познавањата на граѓаните за штетните влијанија и придобивките од постапувањето со био-отпадот

    Граѓанската анкета е дел од проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, имплементиран од страна на  Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија,  Здружение за заштита и унапредување на животната средина ЕКО-ЛОГИК Скопје и  Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје. Проектот е поддржан…

  • Острови на интегритет – Обука за граѓански организации

    Промо Идеа Струмица е една од 12 граѓански организации, грантисти на Цивика Мобилитас, чијшто претставници учестуваат на работилниците во рамките на обуката „Острови на интегритет“. Обуката „Острови на интегритет“ се состои од циклус од четири работилници, кои се фокусирани на квалитетно управување со граѓанските организации, преку транспарентен пристап и систем на вредности. Во текот на […]

  • Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад

    Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија во јули 2024 год. започнаа со спроведување на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Нашата заедничка визија е во насока на промовирање…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор