Одговор на потребите на граѓаните погодени од КОВИД-19: 15 акции против КОВИД-19

Понекогаш, најважното е да се реагира кога помошта е најпотребна, особено кога нема други опции или кога брзината на одговорот е критична. Ад хок грантовите на Цивика мобилитас беа токму тоа – средство за брзо и ефективно помагање на 15 граѓански организации кои ги адресираа непосредните потреби на нивните крајни корисници, граѓаните на нашата земја. Иако овие грантови не беа особено големи по буџетот, нивната важност беше во покажувањето дека и во најтешките моменти, некој се грижи и дека кризата предизвикана од Ковид-19 може да се преброди заедно, чекор по чекор.

Adh

Оваа кратка брошура го истакнува напредокот на корисниците на овие грантови. Најважниот аспект на овие постигнувања се луѓето: жени и деца жртви на насилство, работници, ученици со проблеми во пристапот до образование, млади луѓе, воспитувачи, сиромашни и маргинализирани лица и многу други. Сите тие беа особено погодени од кризата предизвикана од пандемијата.

Граѓанските организации брзо реагираа, користејќи ги своите теренски контакти за да ги идентификуваат потребите на граѓаните и да ги прилагодат активностите според тие потреби. Оваа брошура е нашето признание за нивната брза и ефективна реакција, за обновувањето на вербата кај граѓаните дека заедно можеме да се избориме со оваа криза. Ова е признание за нивните достигнувања и посветеност.

Продолжи со читање

  • Граѓанска вклученост 2024

    Облици на здружување во поддршка на граѓаните Црквите и верските заедници (23,1%) се најчесто наведениот облик на здружување за кој граѓаните сметаат дека најмногу придонесува за поддршка на нивните потреби, а политичките партии најретко (5,3%). Забележливи се регионални разлики: граѓанските организации се почесто посочени во Југозападниот (25%) и Пелагонискиот регион…

  • Доверба во граѓанското општество 2024

    Доверба во граѓанското општество  Во 2024 година, индексот на доверба во граѓанскиот сектор изнесува 42,9%, што претставува пад од 8,2 процентни поени во однос на 2021 година. По претходниот тренд на зголемување, довербата повторно е вратена на ниво под она од 2015 и 2013 година, укажувајќи на намалена доверба во…

  • Општа доверба и доверба во институциите 2024

    Довербата е клучна компонента на социјалниот капитал. Во досегашните истражувања, а и во ова, МЦМС разгледуваше два аспекти: општата доверба во луѓето (што вклучува доверба во сличните на себе, како соседи, колеги, сонародници, но исто така и во непознати лица) и довербата во институциите (формални институции на владеење во општеството)….

  • Главните достигнувања на програмата Civica Mobilitas 2019-2023

    Од својот почеток во 2009 година, програмата Civica Mobilitas, создадена и поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Швајцарската амбасада во Северна Македонија, има значајна улога во развојот на граѓанското општество. Издавањето на оваа публикација е овозможено од Цивика мобилитас, проект на Влада-та на Швајцарија кој го…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Институционални грантови

    Преку институционалните грантови од програмата Цивика мобилитас, во тековната фаза беа опфатени 30 граѓански организации кои, покрај нивното долгогодишно искуство и стручност во специфичните области на нивната работа, изразија потреба од континуирана поддршка за организациски развој и јакнење на капацитетите. Оваа поддршка е клучна за успешна реализација на нивните програмски…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Акциски грантови

    Анализирајќи ги резултатите од акциските грантови поддржани од Цивика мобилитас, добиваме јасен преглед на актуелните социјални предизвици. Но, покрај тоа, овие проекти ја осветлуваат и патеката до потенцијалните решенија. Грантистите не се задоволиле само со идентификација на проблемите, тие, исто така, понудиле конкретни решенија и, во некои случаи, ги тестирале…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор