цивил

ЦИВИЛ со солидарност, сочувство и добредојде за граѓаните од Авганистан

ЦИВИЛ – Центар за слобода им изразува целосна солидарност, сочувство и добредојде на граѓанките и граѓаните од Авганистан, вработени во граѓанскиот сектор, сојузничките мисии, медиумски и други организации и нивните семејства, кои пристигнаа во нашата земја.

Овие мирољубиви граѓанки и граѓани на Авганистан беа принудени да ја напуштат нивната татковина под сериозни закани по нивните животи од страна на талибанскиот режим и терор.

Наша должност како дел од едно демократско и хумано општество, а пред сè, како луѓе, е да им овозможиме на нашите колеги и сојузници во борбата за демократија и унапредување човековите права да се чувствуваат добредојдено и да ги поминат што е полесно можно овие тешки мигови за нив и нивните семејства.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани на нашата земја, без оглед на нивната припадност и политички определби, да се приклучат кон овој повик за солидарност и поддршка на цивилите од Авганистан и да сторат сè што е во нивна моќ да ја искажат својата солидарност и да им посакаат добредојде во нашата земја. Ова е неповторлива можност, да ја покажеме нашата доблест и човечност, во овие тешки времиња.

Се работи за наши колешки и колеги, лидери во заедниците и општеството кое се соочува со тешки предизвици за демократијата, мирот и почитувањето на основните човекови права и слободи. Заедно, можеме да им помогнеме да ги надминат овие тешки мигови за нив и нивните семејства.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани на нашата земја, заедно да испратиме силна и гласна порака:

Добредојдовте во Северна Македонија, демократска земја на слободни и хумани граѓанки и граѓани.

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот)

Продолжи со читање

  • 🚨НАЦИОНАЛНИОТ КАЛЕНДАР НА ЖЕНСКИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ Е ТУКА!

    ЧЕТИРИ СПОРТОВИ, ЕДНА ЦЕЛ А ТОА СЕ ПОЛНИ ТРИБИНИ ЗА НАШИТЕ ШАМПИОНКИ! Четири спортови. Повеќе градови. Една заедничка цел – да ги наполниме трибините за женскиот спорт! Од октомври до декември 2026, најавуваме низа возбудливи натпревари во кошарка, фудбал, ракомет и одбојка, на кои на нашите спортистки им е потребна…

  • Трето продолжение на обуката на тренери за управување со животната средина

    На 29.10.2026 год. (четврток) во Велес извидниците од велешкиот одред кои што учествуваа на тренингот за тренери организираа трет настан на кој што присуствуваше Анастасија Давчева ИО“Димитар Влахов”- Велес. Исто така овој настан беше организиран заедно во соработка на ОБСЕ и учениците од СОУ “Јовче Тесличков“ во Велес  оддржаа презентација…

  • Учество на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“

    На 28 октомври 2026 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“ учествуваа по еден претставник на ДПД Свети Николе, на ТППЕ Свети Николе и на кол-центарот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Свети Николе. Настанот беше организиран од Сојузот на стопански комори на Македонија, преку Комората за…

  • ENSURE мобилност во Темишвар: нови знаења, соработка и благодарност до домаќините

    Тричлена делегација на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе учествуваше на мобилноста за партнерско учење во рамките на проектот ENSURE, која се одржа од 12 до 16 октомври 2026 година во Темишвар, Романија, како дел од WP4 – Twinning Programme. Наш домаќин беше партнерската организација CPIP – CENTRUL PENTRU PROMOVAREA INVATARII PERMANENTE TIMISOARA ASOCIATIA, чиј тим…

  • ВОСПОСТАВУВАЊЕ ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

    Жените и локалната власт во Кривогаштани во дијалог за економско јакнење и развој на женското претприемништво На 29 октомври 2026 година, во Општина Кривогаштани, се одржа средба посветена на унапредување на дијалогот помеѓу жените и локалната власт, со фокус на економското јакнење на жените, развојот на женското претприемништво и создавањето родово одговорни локални политики и…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор