20180117 zelena lupa mim

Правда, а не милост

Стотици луѓе кои беа осудени во изминатите десетина години сметаат дека се жртви на полициско – политички монтирани процеси. Осудениците од случаите познати како „Калдрма“, „Детонатор“, „Бачило“, „Метастаза“ и многу други бараат повторно да им се суди со цел да добијат шанса да ја докажат својата вистина и невиност. Тие се приклучија на здружението „Зелена лупа“, предводник на идејата да се донесе законско решение со кое ќе се повторат 30-тина судски случаи. Бараат правда, а не милост.

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор