Тања и Соња се две граѓанки кои сфатиле дека со малку мотивација, граѓаните можат да се мобилизираат и да придонесат за промени во начинот на нивното живеење. Двете се наставнички во ОУ Лазо Трповски во општина Карпош и никогаш претходно не биле вклучени во било каква граѓанска организација, но забележале дека нивната работа со млади луѓе им овозможува да направат позитивни промени во заедницата без да се потпираат на нереформирани јавни услуги. Така, тие две, здружени со колегите од ОУ Лирија во општина Чаир, направиле план што треба да се направи и бараа ресурси за да почнат да ги остваруваат плановите.

„Всушност, сè беше многу лесно“ вели Тања. „Не се грижевме што немаме искуство со проекти или што не сме дел од прочуена организација. Едноставно знаевме дека со добар план и пријатели кои нè поддржуваат, можеме да придонесеме за да ја промениме нашата заедница“.

Тања и Соња ја осмислија нивната проектна идеја „Против насилство под исто небо“, со цел да се ублажи нетолеранцијата која растеше помеѓу етничките заедници во нивните училишта. Како наставнички, тие сфатиле дека ако не се предизвикаат разделувачките и негативни однесувања, младите во заедниците може да посегнат кон насилство за да ги искажат своите фрустрации, со што ќе имаат помалку можности за социо-економски развој и ќе се најдат во маѓепсан круг на потфрлање.

Што направија?

Наставниците и нивните колеги организираа бројни активности за младите во заедниците да го подобрат разбирањето на придобивките од диверзитeтот и мулти-етничките општества. Тие одржаа семинари и дебати каде гостите говорници зборуваа за мултиетничките општества; работилници каде децата споделуваа и ги славеа своите етнички богатства преку уметност и театар; направија кратки филмови кои ќе се споделат на социјалните медиуми; и одржаа еднодневен настан со мултиетничка модна ревија, изложба на фотографии и видео проекции.

Каква поддршка мобилизираа?

За да се случат сите овие активности, Тања и Соња го убедија раководството на училиштата да им дозволи да ги користат простории и да промовираат активности преку страните на самите училишта. Ги мобилизираа родителите на учениците да им помогнат со материјали, флаери и постери, како и да се вклучат во организацијата на настани. Локален новинар пишувал стории за нивните акции во локалниот медиум. За нив, од посебна важност беше партнерството со граѓанската организација Младински центар за еднакви можности, која им помогна да се пријават и да добијат мал грант од програмата Цивика мобилитас.

Што се промени? Што ќе се случува понатаму?

Различните активности инволвираа 110 млади луѓе и нивните семејства, а за ова слушнаа преку локалните весници и социјалните медиуми уште илјадници други луѓе. Младите кои беа учесници велат дека сега повеќе ќе работат на промовирање на мултиетничките заедници, а со искуството што го стекнале  се надеваат на привлекување повеќе инвестиции во нивните маала. Наставниците кои учествуваа сакаат да ги направат достапни нивните методологии со цел други заедници да можат да ја пресликаат нивната работа, две училишта во други општини беа мотивирани да имплементираат слични акции, а Тања и Соња веќе го развиваат следниот проект за заедницата.

Кои се препораките на Тања и Соња за активно граѓанство

  • Не мора да сте регистрирана организација за да направите промена!
  • Разговарајте за вашите идеи со колеги и пријатели, вклучете ги нивните совети во вашите планови и побарајте помош од нив.
  • Бидете јасни околу тоа што сакате да направите и зошто го сакате тоа.
  • Обратете се кај општината, училишта, бизниси дали сакаат да ви помогнат со материјали, простор за средби или да ви позајмат опрема.
  • Побарајте дали постојат регистрирани граѓански организации во вашата околина и побарајте поддршка во пријавувањето за грант и да ви дадат технички совети.
  • Искористете ги социјалните медиуми и било какви врски со локалните медиуми за да ги промовираат вашите активнсоти.
  • Најдете начин вашите активности да се повторат и да бидат одржливи.
  • Учете лекции како од успехот, така и од неуспехот. Тие ќе ви помогнат да планирате и имплементирате повеќе активности.

Проектот „Против насилство под исто небо“ се имплементира во периодот од април до октомври 2017 година со поддршка на Младински центар за еднакви можности (youth_ceo@yahoo.com) и програмата Цивика мобилитас која е финансирана од Владата на Швајцарија. За повеќе информации околу проектот, контактирајте ја Тања на tanja_bos25@yahoo.com. За повеќе информации околу Цивика мобилитас контактирајте ги на +389 2 3088 995 или на helpdesk@civicamobilitas.mk.