[ЗАТВОРЕН] Повик за акциски грантови [ЦМ-АКТ-04]
Цивика мобилитас објавува повик за доделување акциски грантови [ЦМ-АКТ-04]
Пријави можат да поднесат:
- граѓански организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10);
- непрофитни научно-истражувачки установи регистрирани согласно Законот за научно -истражувачка дејност.
Покрај водечката организација, во пријавите можат да се вклучат партнери и соработници. Партнерот треба да исполнува една од погоре наведените категории или да е медиум.
Предложените акции треба да придонесат кон целите и резултатите на Цивика мобилитас:
- Општа цел – Општествените промени во Македонија се водени од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, од кои произлегува потранспарентно, отчетно и социјално-инклузивно управување на национално и локално ниво;
- Резултат 1 – Опкружување за граѓанското општество: Околината за развој на граѓанско општество е подобрена преку создавањето на механизми за подобра соработка меѓу властите и граѓанските организации и преку зголемено државно финансирање на граѓанското општество;
- Резултат 2 – Граѓански ангажман: Граѓанските организации создаваат силни конституенти и со тоа овозможуваат активен граѓански ангажман во граѓанските иницијативи, вклучително и волонтерството;
- Резултат 3 – Соработка: Соработката помеѓу граѓанските организации е подобрена и води кон сојузи на граѓанското општество;
- Резултат 4 – Граѓанско учество: Граѓанските организации активно учествуваат во процесите на креирање и донесување одлуки што води кон подобрени политики и практики.
Повикот се состои од Водич за апликантите и Образец за пријава со прилози.
Потребни прилози за пријавување се:
- Прилог 1. Логичка рамка;
- Прилог 2. Буџет (и оправданост);
- Прилог 3. Поврзаност на акцијата со Цивика мобилитас;
- Прилог 4. Изјава за партнерство (доколку е применливо);
- Прилог 5. Доказ за правен статус на апликантот и партнерот/ите (тековна состојба издадена од Централниот регистар на Република Македонија, не постара од шест месеци);
Времетраењето на активностите од овој повик треба да биде најмалку 12, а најмногу 24 месеци. Големината на побараниот грант треба да биде помеѓу 1.000.000 и 1.800.000 денари. Расположливиот вкупен износ за овој повик е 20.000.000 денари. Организациите може да поднесат само една пријава на овој повик – или во улога на апликант или на партнер.
Краен рок за поднесување на пријавите е 25 март 2019 г. до 16 часот, кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние доставените лично, по курирска служба или по пошта. Пријавите се доставуваат на адреса:
Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)
за Цивика мобилитас
ул. Никола Парапунов, б4.41а
Поштенски фах.55, 1060 Скопје
Цивика мобилитас нема да ги прифати пријавите кои се поднесени по електронски пат.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Одговори на прашања поднесени до 08.3.2019 г. до 14:00 (објавено на 08.3.2019 г.)
Одговори на прашања поднесени од 08.3.2019 г. до 16 март 14:00 (објавено на 19.3.2019 г.)
Одговори на прашања поставени на Инфо-сесијата одржана на 12 март (објавено на 19.3.2019 г.)
Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: helpdesk@civicamobilitas.mk најдоцна до 15 март 2019 г. и треба во предметот на пораката да го содржат референтниот број за овој повик (ЦМ-АКТ-04).
Прашања може да бидат поставени и преку веб-страницата на Цивика мобилитас.
ИНФОРМАТИВНИ СЕСИИ
Информативната сесија за повикот за акциски грантови ќе се одржи на 12 март 2019 година во МКЦ Клуб ресторан Скопје со почеток во 12.00 часот. Повеќе за настанот може да погледнете на настанот на Facebook: https://www.facebook.com/events/1018935888296726/
ПРЕЛИМИНАРНА ВРЕМЕНСКА РАМКА
Отворање на повикот за предлози | 26 февруари 2019 г. |
Информативна сесија | 12 март 2019 г., 12.00 ч. |
Краен рок за поднесување на пријави | 25 март 2019 г., 16.00 ч. |
Одлука на Комисијата за избор на грантови | Април 2019 г. |
Известување за доделени грантови и за одбиените пријави | Април 2019 г. |
Преговори и потпишување договори | Април 2019 г. |