Untitled design 27 800x450

Повик за доставување на понуди за изработка на курикулум за писменост во областа на вештачката интелигенција за даватели на образование за возрасни и обучувачи и спроведување обука на обучувачи (Training of Trainers – ToT)

За потребите на проектот „Иницирање програми за учење за возрасни за вештачка интелигенција“ финансиран преку Erasmus+ програмата, KA220-ADU – Партнерства за соработка во образованието за возрасни, од страна на Европската Унија, Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис објавува Повик за доставување на понуди за изработка на курикулум за писменост во областа на вештачката интелигенција за даватели на образование за возрасни и обучувачи и спроведување обука на обучувачи (Training of Trainers – ToT).

Предмет на овој повик е ангажирање на експерт/ка или тим експерти за:

  1. Дизајн на релевантен и применлив курикулум за образование на возрасни во областа на вештачката интелигенција, наменет за даватели на образование за возрасни, едукатори и обучувачи, со фокус на примената на ВИ во професионални средини и во приватниот живот;
  2. Придонес во процесот на координација, консултација и проверка на содржината на практичниот прирачник за едукатори (toolkit); и
  3. Дизајн и спроведување на обука на обучувачи (Training of Trainers – ToT) за користење на курикулумот во нивната работа.

Целосниот повик, заедно со сите детали, условите и начинот на пријавување, можете да го најдете во продолжение: ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

Формуларот за финансиска понуда можете да го најдете на овој линк: ПРИЛОГ 1_ФИНАНСИСКА ПОНУДА

Доколку имате било какво прашање околу повикот, Ве молиме обратете се на nadica@metamorphosis.org.mk, најдоцна до 23 февруари 2026 година. Крајниот рок за доставување на понудите е 25 февруари 2026 година.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Метаморфозис

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор