[aggregator] downloaded image for imported item #39879

БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ХОТЕЛСКИ ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ДВОДНВЕНА ОБУКА

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia, поддржан од UN Women, објавува јавен повик за хотелско сместување за одржување на дводневна обука за период од 02.04.2026 до 03.04.2026 за 12 лица.

  1. Опис на бараната набавка:

Хелсиншкиот комитет за човекови права го спроведува проектот „Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia“, поддржан од UN Women. Во рамки на проектот се организира дводневна обука.

 

1.1 Опис на бараните услуги:

Обуката е планирана за 02.04.2026 – 03.04.2026 на база на полн пансион за 12 лица. Пристигнувањето е планирано во четврток со вклучен ручек, а заминувањето во петок е предвидено после ручек.

Во понудата покрај цената за престој по лице треба да се наведе:

  • Цена на конференциска сала со вклучена опрема (проектор, флип чарт табла)
  • Цена на кафе пауза по лице

 

Општи информации

Од понудувачот се бара да достави најекономична и најдобра понуда во согласност со горенаведените материјали. Со тоа што во понудата секоја од горенаведените ставки треба да биде посебно образложена. Критериумите за избор на понудата се наведени под точка 2 на овој документ.

 

  1. 2. Критериум за доделување на договорот за набавка

Критериумите за доделување на договорот за набавка се:

  • економски најповолна понуда
  • најдобар квалитет

За носител на набавката ќе биде избран оној понудувач чија понуда е најсоодветна според наведените критериуми.

Евалуација на понудите

При евалуацијата на понудите ќе се земат предвид понудените цени, и квалитетот на понудата. Евалуацијата на понудите ќе се врши од страна на Комисијата, формирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права за спроведување на постапкатa.

 

Доколку вашата понуда биде избрана ќе бидете информирани;

 

Во случај на потреба од дополнително појаснувања, слободно контактирајте не.

 

Понудите треба да се испратат на следните е-маил адреси: jana.sotirovska@mhc.org.mk со назнака: „Понуда за хотелско сместување за дводневна обука“.

 

Рокот за испраќање на понуди е до 17.03.2026 до 16.00 часот.

 

За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената е-маил адреса или пак на helkom@mhc.org.mk.

The post БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ХОТЕЛСКИ ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ДВОДНВЕНА ОБУКА appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Јавен повик за изработка на документ за јавни политики

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“, финансиски поддржан од Европската Унија, објавува јавен повик за ангажирање на еден експерт за изработка на документ за јавни политики на тема „Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча“. […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА 1 (ЕДЕН) УМЕТНИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ ОД РЕУПОТРЕБЕНИ МАТЕРИЈАЛИ

    Центарот за климатски промени за потребите од спроведување на проектот ,, Младите и жените- двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини (WeLEADRural)“, финансиран од Француска агенција за развој (AFD) објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА  1 (ЕДЕН) УМЕТНИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ

  • Повик за ангажирање на правник за правно советување

    Хуманитарно здружение „Мајка“ – Куманово објавува повик за ангажирање на дипломиран правник за обезбедување услуги на правно советување за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во рамки на Советувалиштето. Повикот е отворен за кандидати кои ги исполнуваат предвидените услови, а пријавите се доставуваат електронски со потребната документација согласно објавениот повик најдоцна […]

  • Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за ПР и стратешки комуникации

    Младинската асоцијација „ИМКА Битола“, во соработка со здружение „Конект“ за потребите од спроведување на проектот „Промени за одржливост” поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас објавуваат ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на експерт за ПР

  • Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за млади и ЕУ политики (Youth/EU Policy Expert)

    Младински Совет Прилеп (МСП) објавува јавен повик за ангажирање на експерт/ка за млади и ЕУ политики, во рамки на проектот „Младите ЗА ЕУ“ („Youth for EU – Strengthening Youth Participation and Communication on the EU Integration Path“.) Опис на ангажманот Ангажираниот експерт ќе обезбеди стручна и методолошка поддршка за развој…

  • Повик за ангажирање графички дизајнер

    Младински образовен форум (МОФ) објавува повик за ангажирање графички дизајнер/ка за креирање креативен концепт и визуелен идентитет за претставување на клубовите на МОФ. Ангажманот опфаќа изработка на: Генерален дизајн Посебни дизајни за клубовите: Дебата; Учиме право; Артивизам; Новинарство. Вкупниот надомест за ангажманот изнесува 60.000 денари бруто. Заинтересираните кандидати/ки треба да достават кратка биографија, портфолио со […]
    The post Повик за ангажирање графички дизајнер appeared first on МОФ.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор