Pexels sora shimazaki 5668858 1024x682

Јавен повик за експерт/ка за изработка на практичен прирачник за превенција од употреба на дроги во училиштата

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, за потребите на проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во училиштата“, на 24.03.2026 година објавува:

ЈАВЕН ПОВИК 

за избор на експерт/ка за изработка на Прирачник (Тoolkit) за превенција на употреба на дроги во училиштата во рамки на проектот „Воспоставување на национален систем за превенција од употреба на дроги во училиштата“.

1.Опис и цели на проектот

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје го спроведува проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во училиштата“, поддржан од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (EIDHR).

Овој проект има за цел да воспостави одржлив национален систем за превенција од употреба на дроги, базиран на најдобрите меѓународни практики и научни докази, кој ќе биде интегриран во постојните образовни политики и практики. Република Северна Македонија се соочува со сè поголем предизвик во борбата против употребата на дроги меѓу младите. Според истражувањата спроведени од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ 2023) и Европскиот центар за следење на дроги и зависности од дроги (EMCDDA, 2019), постои зголемен тренд на употреба на психоактивни супстанции кај децата и адолесцентите. Овој загрижувачки тренд бара итни и ефикасни превентивни мерки за заштита на здравјето и благосостојбата на младите во земјата. Националната стратегија за дроги на Република Северна Македонија 2021-2025 ја препознава итноста на овој проблем, нагласувајќи ја потребата од развој на национални стандарди за превенција на дроги и сеопфатна национална програма за справување со употребата на психоактивни супстанции кај учениците. Зголемената употреба на психоактивни супстанции кај младите претставува сериозен здравствен и социо-економски предизвик. Меѓународните истражувања покажуваат дека систематски превентивни мерки во образовниот систем можат значително да го намалат ризикот од употреба на дроги и зависност.

Во рамки на проект финансиран од Европската Унија, се спроведуваат активности за воспоставување на национален систем за превенција од употреба на дроги во училиштата.

Во претходната фаза од проектот беа изработени:

  • Policy Paper
  • Национални стандарди за превенција
  • Национална програма за превенција од употреба на дроги во училиштата

Следната фаза од проектот предвидува изработка на прирачник за стручни работници во училиштата, кој ќе обезбеди практични насоки за примена на програмата.

2.Опис на активноста предмет на овој повик

Ангажманот предвиден на овој јавен повик се однесува на изработка на практичен прирачник за превенција од употреба на дроги во училиштата, наменет за:

  • Наставници
  • Стручни служби
  • Училишни тимови за превенција

Прирачникот треба да обезбеди конкретни насоки, методи и алатки за спроведување на превентивни активности во училиштата.

 3.Работни задачи и очекувани продукти (Deliverables)

Заради исполнување на ангажманот предмет на овој јавен повик, експертот/ката ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:

  • Придонес во дефинирање и усогласување на структурата и концептот на прирачникот за превенција од употреба на дроги во училиштата, во согласност со веќе изработените национални стандарди и програмата за превенција;
  • Анализа на релевантните национални политики, стандарди, програми и други релевантни документи поврзани со превенција од употреба на дроги и нивна примена во образовниот систем;
  • Подготовка и изработка на содржината на прирачникот, со фокус на практични насоки за планирање и спроведување на превентивни активности во училиштата;
  • Подготовка на јасни, практични и применливи „чекор по чекор“ насоки за училиштата и стручните служби за спроведување на активности за превенција од употреба на дроги;
  • Развивање и/или придонес кон изработка на практични алатки и материјали за работа во училиштата (на пример: модели на работилници, активности со ученици, материјали за работа , чек-листи и сл.);
  • Подготовка на предлог механизми за следење и евалуација на спроведувањето на превентивните активности во училиштата;
  • Експертот/ката е должен/на да ги разгледа и да ги инкорпорира коментарите и препораките добиени од проектниот тим и релевантните институции во финалната верзија на прирачникот.
  • Учество на состаноци со проектниот тим и активна соработка со други експерти ангажирани во рамки на проектот.

Очекувани продукти (Deliverables)

Во рамки на ангажманот, експертот/ката треба да ги достави следните продукти:

  1. Предлог структура и концепт на прирачникот;
  2. Нацрт верзија на прирачникот за превенција од употреба на дроги во училиштата;
  3. Финална верзија на прирачникот, усогласена со националните стандарди и програмата за превенција и одобрена од проектниот тим и релевантните институции.

Прирачникот треба да биде подготвен на македонски јазик, со јасен и разбирлив стил погоден за практична употреба во училиштата.

4.Потребни квалификации 

Кандидатот/ката треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Универзитетско образование од областа на педагогија, психологија, социјална работа, медицина (психијатрија, зависности, ментално здравје, јавно здравје) или сродна област;
  • Најмалку 5 години професионално искуство во областа на образование, превенција или работа со млади;
  • Искуство во подготовка на програми, прирачници или наставни материјали;
  • Познавање на системот на образование;
  • Искуство во ЕУ или меѓународни проекти ќе се смета за предност.

Како доказ за искуство, кандидатите треба да достават примерок или линк до претходно изработени материјали.

5.Временска рамка, договор и плаќање

Работниот ангажман ќе биде спроведен во вкупно 10 експертски денови во периодот од 14 април до 27 април 2026. За секој работен ден предвиден е надоместок во висина од 170 евра во денарска противвредност.

Правата и обврските кои произлегуваат од ангажманот ќе бидат уредени со авторски договор а исплата ќе се изврши преку Авторската агенција Патентцентар Консалтинг. Експертот/ката ќе има обврска да достави извештај (time-sheets) за изработените работни задачи на англиски јазик.

Надоместокот за ангажманот на експертот/ката ќе биде исплатен согласно договорот склучен со избраниот кандидат и врз основа на успешно доставени и одобрени продукти (deliverables).

Исплатата ќе се изврши по доставување на соодветна документација и по формално одобрување на доставените продукти од страна на проектниот тим на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.

6.Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Овој повик е јавен.

Заинтересираните кандидат(к)и кои ги исполнуваат условите наведени во точка 4 од овој повик, потребно е да достават:

  • Кратка биографија (CV);
  • Примерок или линк од претходни изработени релевантни документи;
  • Кратка методологија за изработка на прирачникот.

Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта:  blagorodna@hops.org.mk, sanjam@hops.org.mk и biljanan@hops.org.mk со назнака “Апликација за изработка на прирачник за превенција на употреба на дрога во училиштата”.

Рокот за аплицирање е 31.03.2026 година до 10:00 часот. 

7.Критериуми за евалуација

Пристигнатите апликации ќе бидат оценувани од страна на стручна комисија основана од Управниот одбор на ХОПС-Опции за здрав живот Скопје согласно следната табела:

Критериуми  Опис на бодување Максимум бодови
Завршено високо образование од областа на педагогија, психологија, социјална работа, медицина ( зависности, психијатрија, јавно здравје) или друга сродна областЗавршено високо образование од областа на педагогија, психологија, социјална работа, медицина ( зависности, психијатрија, јавно здравје) или друга сродна област10
Професионално искуствоРаботно искуство во областа на образование, превенција од употреба на дроги, работа со млади, работа на полето на зависности, менталното здравје или јавното здравје.20
Релевантно професионално искуство во подготовка на прирачници/програми (минимум 5 години)5 години – 15 поени6–7 години – 20 поени

8 или повеќе години – 25 поени

25
Познавање на образовниот систем и превентивни програми (предност) Искуство во работа со училишта, наставници или стручни служби15
Предложена методологија за изработка на прирачникотКвалитет, јасност и изводливост на предложениот пристап за изработка на прирачникот20
Искуство во национални или меѓународни проектиУчество во проекти финансирани од ЕУ или други донаториОсновно – 5 поени

Добро – 10 поени Одлично/докажано преку претходна работа – 15 поени

10
Вкупно бодови  100

Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката.

Контакт лице:

Благородна Коцева Симјанов, проектен координатор,

Сањица Милошевска Даневска, финансиска менаџерка,

8.Авторски права и сопственост на документот

Сите материјали, анализи и документи изработени во рамки на овој ангажман ќе бидат сопственост на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.

Експертот/ката се согласува дека:

  • финалниот прирачник и сите придружни материјали изработени во рамки на ангажманот ќе бидат користени од страна на ХОПС и релевантните институции за потребите на проектот;
  • ХОПС има право да го уредува, преведува, репродуцира, објавува и дистрибуира прирачникот во печатена и електронска форма;
  • експертот нема право да го објавува или користи документот за други цели без претходна согласност од ХОПС.

9.Ревизија и финализирање на документот

Експертот/ката е должен/на да ги разгледа и да ги вклучи коментарите и препораките добиени од проектниот тим и релевантните институции.

Во рамки на ангажманот експертот/ката треба:

  • да учествува на консултативни состаноци со проектниот тим;
  • да изврши потребни корекции и дополнувања на нацрт верзијата на прирачникот;
  • да ја подготви финалната верзија на документот во согласност со добиените коментари.

Финалната верзија на прирачникот се смета за прифатена по одобрување од страна на проектниот тим и нарачателот.

10. Структура на прирачникот

Прирачникот треба да содржи:

  • вовед и објаснување за кого е наменет , целта и начинот на користење на прирачникот;
  • тематски поглавја поврзани со превенција од употреба на дроги во училиштата:
  • информации, верувања, ставови (митови и нормативни верувања за употреба на психоактивни супстанции, психоактивни супстанции, болести на зависност, ефектите на дрогите врз мозокот, последиците од употребата на супстанции врз поединецот, семејството и заедницата
  • социјални вештини ( комуникациски вештини, основни начини на комуникација, врснички притисок, асертивност, решавање на конфликти и донесување одлуки)
  • лични вештини(емоции и нивно препознавање, стрес и стратегии за справување, самодоверба и лични вредности, поставување цели и здрави животни избори)
  • практични насоки и препораки за работа со ученици,
  • примери на активности и добри практики;
  • практични алатки за работа во училиштата.

Во рамки на прирачникот треба да се вклучат и анекси, кои може да содржат:

  • подготвени хамери, карти со сценарија и други практични материјали за работилниците;
  • алатки за следење на спроведувањето на програмата
  • алатки за проценка на ефективноста на обуката

Финалната верзија на прирачникот треба да биде подготвена во електронски формат погоден за графичка подготовка и печатење.

11.Обем на прирачникот

Прирачникот за превенција од употреба на дроги во училиштата треба да биде изработен како практичен документ наменет за примена во училиштата, со јасна структура, разбирлив јазик и применливи насоки за стручните работници и наставниците.

Минималниот обем на прирачникот треба да изнесува 50–70 страници основен текст, не вклучувајќи ги анексите и дополнителните материјали.


Проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во средните училишта“ е ко-финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на ХОПС – Опции за здрав живот и не ја одразува нужно гледната точка на Европската Унија.

The post Јавен повик за експерт/ка за изработка на практичен прирачник за превенција од употреба на дроги во училиштата appeared first on ХОПС.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Продолжи со читање

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДИЗАЈНЕР/КА

    1. За проектот Коалиција МАРГИНИ објавува јавен повик за ангажирање на дизајнер/ка за подготовка на визуелен дизајн на три (3) извештаи во рамки на проектот WE CARE: United we stand to fight against sexual and gender-based violence. 2. Опис на ангажманот Избраниот/ата дизајнер/ка ќе биде…

  • Повик за ангажирање на национален/а истражувач/ка

    📣 ПОВИК за ангажирање на национален/а истражувач/ка – Policy Analyst  во рамки на проектот  “Working Safe: Socio-economic Inclusion of the LGBTQI+ Community in the Western Balkans and Turkey” (ERA) Коалиција МАРГИНИ објавува јавен повик за ангажирање на еден/една национален/а policy analyst за подготовка на национален…

  • Отворен повик за јавни средни училишта за проектот БЕЛИ

    ПОВИК ДО ЈАВНИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ ИНИЦИЈАТИВА ЗА НОВИ ЛИДЕРИ НА БАЛКАНОТ (БЕЛИ) Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), во партнерство со организации од регионот, објавува ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОСУМ ЈАВНИ СРЕДНИ УЧИЛИШТА од Северна Македонија за учество во проектот „Иницијатива за нови лидери на Балканот (БЕЛИ)”. Избраните […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

    Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Јакнење на идните правни лидери за владеењето на правото во дигиталната ера” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје објавува ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА 1.За Македонското здружение […]
    The post ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА appeared first on Myla.

  • Јавен повик за избор на членови на локални акциски тимови (CATs)

    Здружението ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија, во рамките на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната средина“ поддржан од Expertise France, објавува јавен повик за избор на членови на локални акциски тимови т.е. Community Action Teams (CATs)…..

  • Јавен повик за избор на експерт(к)а за изработка на Методологија за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа на животната средина

    Македонско здружение на млади правници (МЗМП), за потребите на проектот “Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната средина” на 18.03.2026 година објавува: ЈАВЕН ПОВИК за избор на експерт(к)а за изработка на Методологија за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа […]
    The post Јавен повик за избор на експерт(к)а за изработка на Методологија за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа на животната средина appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор