[Aggregator] Downloaded image for imported item #47076

Хелсиншкиот комитет за човекови права распишува повик за пријавување на студенти/ки за ФОРУМ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

Во свет преплавен со информации, способноста за препознавање на кредибилни извори и разбирањето на начинот на кој функционираат медиумите е поважна од кога било. Форумот за медиумска писменост ќе ви обезбеди практични знаења и вештини кои често недостигаат во формалното образование и ќе ви помогне да се снајдете во сложеното современо медиумско опкружување.

 

Преку интерактивни сесии и дискусии со искусни предавачи, ќе имате можност да:

• стекнете подлабоко разбирање за улогата на медиумите во општеството,

• го истражите значењето на медиумската писменост во секојдневниот живот,

• научите за техниките на интервјуирање и новинарската етика,

• разберете како функционираат регулацијата и саморегулацијата на медиумите, • разговарате за слободата на изразување и нејзините ограничувања,

• развиете вештини за препознавање на лажни вести, дезинформации и манипулации,

• научите како да ги проверувате податоците и изворите во дигиталното опкружување.

Кој може да се пријави? Конкурсот е отворен за студенти и студентки од сите студиски програми, како и за млади заинтересирани за медиуми, комуникација, критичко размислување и општествен активизам. Претходно искуство не е потребно, доволни се само љубопитноста и желбата за учење!

 

Како да се пријавите? За пријавување е потребно да испратите CV и кратко мотивационо писмо (до 200 зборови), во кое го објаснувате вашиот интерес за програмата, најдоцна до 24 април 2026 година, до 14:00 часот, на е-пошта: jana.sotirovska@mhc.org.mk, helkom@mhc.org.mk со назнака: Апликација – Форум за медиумска писменост – ИМЕ И ПРЕЗИМЕ.

Форумот за медиумска писменост ќе се одржи на 06, 07 и 08 мај 2026 година, во Охрид, а сите трошоци за 20-те избрани учесници и учеснички се на товар на организаторот. Сите пријавени ќе бидат известени за исходот од селекцијата, без оглед на тоа дали се примени или не.

 

Форумот за медиумска писменост се организира во рамките на проектот MEdIA – Lit (Унапредување на медиумската и информациската писменост за демократско учество), кој го спроведува ЦГО во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија (HCHRS), Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје (MHC), Тирана центарот за новинарска извонредност во Албанија (TCJE) и Атлантската иницијатива во Босна и Херцеговина (AI). Проектот е финансиран од Европската Унија, со кофинансирање од Министерството за регионален и инвестициски развој и соработка со невладини организации на Владата на Црна Гора.

The post Хелсиншкиот комитет за човекови права распишува повик за пријавување на студенти/ки за ФОРУМ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Јавен повик за ангажирање тројца експерти за напредни обуки за еколошка правда

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање тројца експерти за подготовка и спроведување тематски сесии во рамки на три еднодневни напредни обуки за еколошка правда, организирани во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители. Се предвидува ангажирање по еден експерт за следните позиции: Експерт за практиката на Европскиот суд […]

  • Повик за ангажирање млади активисти за соработка со Локал Актив

    Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Институтот РЕСИС имаат потреба од ангажирање млади активисти од сите региони на земјава, кои би сакале да учествуваат во создавање истражувачки и аналитички стории што ќе се објават н… Повеќе… “Повик за ангажирање млади активисти за соработка со Локал Актив”
    Source

  • ПОВИК за ангажирање млади активисти во рамки на иницијативата Локал Актив

    Институтот РЕСИС и Советот за етика во медиумите на Македонија имаат потреба од ангажирање млади активисти од сите региони на земјава, кои би сакале да учествуваат во создавање истражувачки и аналитички стории што ќе се објават на онлајн медиумите на заедницата Локал Актив Исток, Локал Актив Вардар и Локал Актив…

  • ЈАВЕН ПОВИК: Поставување на онлајн платформа за креирање на профили на локални занаетчии

    Назив на проектот: Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива – ИЕП го спроведува проектот „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија” , кој е дел од програмата BOOST […]

  • Јавен повик за ангажирање на експерти/експертки за имплементација на родово сензитивна менторска програма во правосудството

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Менторство во правосудството и младинско учество за родова еднаквост“, објавува Јавен повик за ангажирање на експерти за имплементација на родово сензитивната менторска програма во правосудството. Со јавниот повик се предвидува ангажирање на: Позиција 1 – Експерт/ка – правник/правничка Позиција 2 – Експерт/ка – родов […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор