|

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА РЕГИОНАЛЕН ЗЕЛЕН ЦЕНТАР ОХРИД

Вкупен буџет: 320.000 МКД

Времетраење: 01.04.2021 – 01.10.2021 (6 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Сите здруженија во западниот регион на кои примарна цел им е заштита на животната средина и работа со младите лица.

Општина Охрид и месните заедници во општината, ЈП Комуналец Охрид, ЈП Билјанини Извори Охрид, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

МЛАДИНСКО ЕКО ЛЕТО

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Целта на овој проект е да се зголеми свеста кај локалното население, посебно кај младите за значењето на животната средина, нејзината заштита и промоција. Сметаме дека со овој проект уште од најраната возраст младите ќе ги едуцираме за значењето на животната средина и потребата за нејзина заштита. Стекнувањето на здрави и разумни навики, со цел заштита на животната средина се нашиот приоритет кој сакаме да го всадиме кај локалното население.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Заштита на животната средина

Специфична цел/и: Едукација и подигање на еколошката свест кај локалното население со посебен акцент на младите за значењето на заштитата на животната средина

РЕЗУЛТАТИ

  1. Повисока еколошка свест кај локалното население, со посебен акцент на младите;
  2. Почист регион;
  3. Самоиницијативно ангажирање на локалната заедница за заштита на животната средина;
  4. Активна соработка меѓу младите и локалните/централните власти;
  5. Создадено координативно тело кое во иднина ќе продолжи да делува во рамки на регионот околу Охридското Езеро;
  6. Промоција на проектот на социјалните мрежи и други релевантни медиуми.

АКТИВНОСТИ

  1. Шест до осум еколошки акции за собирање и селектирање на отпад. Во овие еколошки акции ќе бидат вклучени и одбележани патролни чамци кои ќе служат како превозни средства за отпадот кој ќе биде собран по брегот на Охридското Езеро;
  2. Поставување знаци со мотив за заштита на животната средина на повеќе локации во градот и регионот;
  3. Анкети на локалното население;
  4. Четири едукативни средби (во зависност од препораките на Владата и СЗО може да бидат со физичко присуство или онлајн (online) на соодветна платформа), од кои две ќе бидат наменети заобуки само за младата популација, една обука и една средба со целото локално население;
  5. Поткаст (Podcast) продукција на која ќе бидат прикажани активностите на Младинско еко лето Охрид, а со тоа и ќе се промовира самиот проект;
  6. Пилот-проект за зелена плажа ( Дива плажа „Лабино“ која се наоѓа во стариот дел на градот);
  7. Кратки видеа во кои ќе се опфатат и прикажат сите активности кои се дел од проектот. И едно видео кое ќе го сумира текот на целиот проект;
  8. Завршна средба на која ќе бидат прикажани сите претходни активности и резултати од истите.

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор