|

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА МУЛТИКУЛТУРНА ИНТЕГРАЦИЈА, „ИНКЛУЗИЈА“, ОХРИД

Вкупен буџет: 330.000 денари

Времетраење: 01.01.2021 – 30.05.2021 (5 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Здружението за мултикултурна интерграција „ИНКЛУЗИЈА“, Охрид е формирано на 23.01.2011 година со цел почитување на човековите права, демократијата, еднаквост, слободата на изразување, солидарност и социјална вклученост на младите луѓе од македонска и од помалите етнички заедници во општина Охрид и во Република Северна Македонија. Активностите се спроведуваат преку нивно активно учество во процесите на донесување одлуки, со лидерство, неформално образование, младински активизам, младинска работа, волонтеризам и креирање социјално свесни и одговорни млади луѓе, кои треба да станат идни лидери во заедниците од кои што доаѓаат.

Наша главна целна група се средношколци на возраст од 15-19 години, како и млади луѓе до 30 годишна возраст, кои потекнуваат од диферентни етникуми.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Низ една призма – сите сме исти

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Потребата е посебно дефинирана кај учениците од шесто до деветто одделение како и кај средношколците од различни етнички заедници во градот кај кои честа појава е непознавање на јазикот, традициите, културата и обичаите на другиот етникум.

Според истражувањата спроведени за потребите на други проекти, младите генерации не ги знаат културно – историските одлики на етникумите кои живеат во овој регион, не создаваат мостови на заеднички пријателства и доверба и имаат висок праг на нетолеранција на секаква основа.

Од тој аспект, сметаме дека реализацијата на проектот, ќе придонесе кон унапредувањето на ваквата состојба во општината.

Општината нема интегриран пристап за поттикнување на интеркултурното разбирање и толеранција, помеѓу младите од регионот. Ова ќе биде опфатено со проектот, затоа што младите од различни етнички заедници имаат потреба од обуки за зајакнување на нивните капацитети во неколку области, како што се: лидерски вештини, креирање јавни политики и стратегии, мултикултурни дружења и претставување на културите преку мултикултурни средби, итн.

Младите лидери од општината, имаат потенцијал да ги променат и подобрат ситуациите во Охрид, но потребни им се насоки и воспоставена форма за идентификување и анализирање на проблемите, подготвување и предлагање локални иницијативи, како и лобирање и застапување за нивна реализација.

Проектните активности се создадени, за да се поттикне отворена комуникација и да се стимулираат младите луѓе да учествуваат во нивната реализација. Учеството на општината и училиштата обезбедува долгорочна визија за градење толеранција и разбирање, во регионот. Вклучувањето на општинските власти ќе создаде цврста основа за понатамошен развој на младинската соработка, во овој дел од земјата.

Проектот е дизајниран да гради партнерства и вмрежување меѓу младинските невладини организации, општините, училиштата, младите и граѓаните од различни етнички заедници, кои егзистираат по должината на езерото.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Градење интеркултурно и толерантно општество преку суштинска политичка поддршка со која Република Северна Македонија ќе се гради како граѓанска држава на сите што живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, Египќани и сите други заедници во насока на поголема интеркултурна комуникација и градење на дух на меѓусебно почитување.

Специфична цел: Да се зголеми меѓукултурната комуникација и соработка помеѓу основните и средните училишта и кај останатите млади луѓе од општината, да се  развијат лидерските вештини кај младите и тие да се здобијат со вештини за управување со носечки иницијативи со цел интеграција на заедниците, да се претстават позитивните аспекти на живеењето во мултикултурна средина, да се зајакне меѓуетничката толеранција и да се препознае важноста на заедничкиот културен дух, кај младите генерации.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Воспоставена соработка со осум oсновни и четири средни училишта во Охрид, опфатени 300 ученици во основно и во средно образование, како и 100 родители;
  2. Реализирани исто толку заеднички работилници  во секое од основните и средните училишта ( со присуство на 20 ученици на секоја работилница посебно.  На работилниците ќе бидат опфатени осум теми: толеранција, дискриминација, предрасуди, стереотипи, насилство, говор на омраза, ефективна комуникација, градење доверба и соработка;
  3. Организирана една кафе средба, односно дискусија на 20 млади лица со тројца претставници на МПЦ, ИВЗ и Католичката црква во Охрид, на теми поврзани со верската толеранција и заедничкиот соживот. На крајот на средбата, учесниците ќе пуштат 20 балони и ќе поделат картички со пораки за мир, толеранција и соживот;
  4. Организиран мултиетнички и мултикултурен камп со учество на 20 средношколци и студенти од различни етнички заедници, двајца обучувачи и двајца претставници на здружението. Учесниците на кампот ќе се стекнат со неопходните лидерски вештини и знаења, во однос на темата;
  5. Еднодневна виртуелна едукативна екскурзија, на која ќе учествуваат 20 средношколци, студенти и претставници на здружението. На овој настан, кураторите од националната установа „Завод и музеј“ од Охрид, ќе направат онлајн (online) тура низ најзначајните културно – историски споменици на заедниците кои живеат во општината. По завршувањето, видеото ќе биде поставено и на Јутјуб (YouTube);
  6. Напишани и објавени новинарски текстови поврзани со македонската, албанската, турската, српската, влашката и египќанската традиција, во соработка со етнолог од заводот и музеј од Охрид. Текстовите треба да бидат објавени на веб портал и документирани со камера, со цел да можат да се постават на Јутјуб (YouTube) и да бидат претставени на видео бим;
  7. Мултикултурна визита, со 20 учесници од различни институции, граѓани, претставници на политички подмладоци, пратеници во собранието и советници, како и репрезенти на граѓански организации.

АКТИВНОСТИ

  1. Конститутивна средба со тимот, задолжен за реализација на проектот;
  2. Мултикултурни работилници во основните и во средните училишта, со цел да се развие свесноста и да се поттикне почитта за постоењето сличности и разлики, во обележјата на различните етникуми и вери;
  3. Толерантно кафе –дискусија на 20 млади со претставници на МПЦ, ИВЗ и Католичка црква од Охрид, на теми поврзани со верската толеранција и заедничкиот соживот и суштината на мирот и соработката;
  4. Младински мултикултурен камп во траење од 2 дена;
  5. Како дел од активностите на овој проект предвидено е да се организира и посета на децата на верските објекти (црква и џамија) со цел да се запознаат но и да ги почитуваат културните разлики.
  6. Пишување и објава на новинарски текстови за обичаите, традицијата, културата и храната на избраните етникуми (Македонец, Египќанец, Албанец, Србин, Влав и Турчин) и нивното преведување на повеќе јазици;
  7. Мултикултурна визита, со која ќе се означи крајот на проектот и ќе се презентираат резултатите пред јавноста.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор