|

ЗДРУЖЕНИЕ ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНИЦИЈАТИВИ НАДЕЖ

Вкупен буџет: 318.300 денари

Времетраење: 3 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Здружение Ц.С.И. НАДЕЖ е регистрирана невладина организација, основана на 28 август 1997 година, на иницијатива на вработените на проектот „Програма за реинтеграција на Ромите“, спроведена од Caritasverband für das Bistum Essen e.V., Германија. Нашата визија е развиено демократско општество со еднакви можности, каде се почитуваат човековите права, а граѓаните се социјално ангажирани и многу толерантни на разликите. Главениот сектор на делување на Ц.С.И. НАДЕЖ е социјално-економска интеграција, со фокус на Ромите и младите, преку помош во остварување на демократски права и промовирање на мирен соживот, едукативна поддршка и стекнување на социјални права.Како организација со повеќе од 20 години значително искуство во работењето во граѓанскиот сектор и воспоставени мрежи на соработка и поддршка, спроведувавме широк спектар на проекти кои имаат влијание врз зајакнувањето на децата,младите и семејствата особено меѓу ромската популација. На полето на гласачки права, ЦСИ НАДЕЖ има реализано проект „Гласачки права на Ромите“ на ниво на цела држава. Работата и програмите имплементирани од организацијата се поддржани од разни национални и меѓународни институции, организации и фондации

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Одлучи сама-твој глас, твое право

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Феноменот на семејно и групно гласање – кога одлуката за гласање на индивидуален избирач е неправедно направена под влијание на друг член на семејството, се јавува многу често во многу ромски заедници во Македонија. Ова особено влијае на жените Ромки. Културните и образовните бариери се главната причина за овој феномен. Семејно гласање не може секогаш да биде видливо на гласачките кутии затоа што ранливиот гласач (најчесто жена) лесно може да биде подложен на неправедно влијание, што го практикува најчесто главата на семејството, доколку таа не верува или не ги знае своите основни права на гласање. Оттука, потребата да се развие проект кој ќе се фокусира на обезбедување информации и подигање на свеста кај ранливите жени Роми за важноста на слободно и независно гласање како едно од најважните демократски права што го има еден граѓанин.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Да ги зајакне ранливите жени Роми, преку едукација за нивно независно право на глас како една од клучните алатки за промовирање на родовата еднаквост во изборниот процес.

Специфични цели:

  •  Да ги поттикне НВО и неформални групи да станат промотори на избирачките права на жените во своите заедници;
  •  Да ги информира и едуцира ранливите жени Ромки да станат свесни за неповредливоста и вредноста на нивната слобода на изразување и правото на независно и самостојно гласање.
  •  Да се допре до пошироката популација и да се актуализира неповредливоста на гласачките права на жените.

РЕЗУЛТАТИ

  • Обучени 10 лица вклучени во НВО секторот или неформални групи (работници, волонтери, активисти), кои ќе стекнат вештини за промовирање на гласачките права на жените во нивните општини;
  • Најмалку 100 ранливи жени Роми, како и членови на нивните семејства како индиректни корисници, зајакнати со знаење и вештини преку едукативно-информативни активности ќе бидат посвесни и уверени за неповредливоста и вредноста на нивната слобода на избор и правото на глас;
  • Информирана поширока популација мажи и жени на возраст над 18 години за гласачките права на жените преку видео кампања.

АКТИВНОСТИ

  1. Подготвителени активности за започнување на проектот – Формирање на првата целна група на проектот- 10 учесници за обука и запознавање на целната група и соработниците со активностите на проектот;
  2. Реализација на Обука –“Промотори за независни гласачки права на жените”, за 10 претставници од НВО и неформални групи(волонтери, активисти);
  3. Подготовка и реализација на кафе сесии и информативни сесии
  4. Кампања на социјални медиуми – видео-кампања, во форма на анимирани видеа, илустрации и тестемонијали (вкупно 3)

Веб страна

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор