|

Здружение Македонско – Хрватско друштво Тетово

Вкупен буџет: 320.000 MKД

Времетраење: 01.03.2021. – 31.07.2021 (5 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Првата група на конституенти се младите лица кај кои треба да се подигне свеста за екологијата и активно вклучување во зачувување на природата.

Втора група на конституенти се општинската власт и законодавната власт: Општина Скопје, Велес, Дојран и Маврово и Ростуше.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

ЗА ЧИСТА И ЗДРАВА ВОДА, СТОП ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОДИТЕ

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Подигањето на свеста за зачувување на природата посебно на водата ќе има зголемено влијание во иднина и ќе придонесе за намалување на загадувањето на природата, езерата и здрава животна средина. Дополнително, ефектот од спроведување на проектот ќе биде моментален со чистење на тешкиот отпад кој е фрлен во езерата Младост Велес, Мавровско Езеро, Дојранско Езеро и Матка, како и отстранување на заостанатите рибарски мрежи кои доведуваат до намалување на фондот на рибите во езерата и нивно угинување.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Подигање на свеста за екологијата и чување на природните богатства во Македонија како извор на здрава животна средина

Специфична цел/и:

Првата специфична цел на проектот е подводно чистење на природните и вештачките езера од пластични предмети, гуми, делови од моторни возила, разни метални предмети, а особено чистење од заостанати рибарски мрежи во кои се фаќаат рибите и угинуваат. При тоа во процесот на распаѓање предизвикуваат појава  на дислокација на цели врсти на риби и други подводни животни.

Втора специфична цел е вклучување на месното население, а особено младата популација, која треба да ги усвои позитивните навики во секојдневното живеење во урбана средина.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Организирана конференција за Денот на водите;
  2. Организирани 4 еколошки акции за чистење на езерата:
    • Младост Велес
    • Мавровско Езеро
    • Дојранско Езеро
    • Матка
  3. Подигната свест за заштита и чување на водата;
  4. Креирани и дистрибуирани 50 прилози во медиумите за проектот.

АКТИВНОСТИ

  1. Организирање на настан по повод Меѓународниот Ден на водите на 22.03.2021;
  2. Организација на еколошка акција и чистење на езерото Матка Скопје од отпад кој е фрлен во езерото;
  3. Организирање на еколошка акција и чистење на езерото Младост Велес од отпад кој е фрлен во езерото и чистење од рибарски мрежи;;
  4. Организирање на еколошка акција и чистење на  Дојранско Езеро од отпад кој е фрлен во езерото и чистење од рибарски мрежи;
  5. Организирање на еколошка акција во Мавровско Езеро и чистење на езерото од заостанати  рибарски мрежи, кои претставуваат опасност за уништување на рибите, ракот и другиот подводен свет;
  6. Организирање на конференција и панел дискусија за екологија и подигање на свеста за намалување на загадувањата на езерата во Македонија;
  7. Изработка на промотивни материјали.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор