|

Фондација за медиуми и граѓанско општество МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА МЕДИУМИ Скопје

Буџет обезбеден од Цивика мобилитас: 1.800.000 МКД

Времетраење: 14 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Конституенти на акцијата се: Новинари од различни медиуми од целата држава, претставници од граѓанските организации, членки на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ), но и други граѓански организации кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост и претставници на релевантни државни институции кои креираат и спроведуваат политики за унапредување на правата на лицата со попреченост.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Партнерство, застапување и комуникација за ефикасна инклузија на лицата со попреченост

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Акцијата се однесува на следните теми: застапување за правата на лицата со попреченост; подобрување на перцепцијата во јавноста за правата на лицата со попреченост и кревање на јавната  свест;  унапредување на знаењата и вештините на новинарите за практикување инклузивно новинарство базирано на човекови права; зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации што ги застапуваат правата на лицата со попреченост, новинарите и надлежните институции; ефикасно вмрежување и подобрена комуникација меѓу граѓанските организации; поттикнување граѓански ангажман и граѓанско учество во сферата на заштитата на правата на лицата со попреченост.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Ефикасно застапување на правата на лицата со попреченост во јавната сфера.

Специфична цел/и: Воспоставување суштинска соработка помеѓу ГО што ги застапуваат лицата со попреченост, новинарите и надлежните институции преку вмрежување, заедничка координација и практикување новинарство засновано на човековите права.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Зголемена комуникација и соработка меѓу граѓанските организации кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост, новинарите и надлежните институции;
  2. Зајакнати вештини на новинарите за практикување на инклузивно новинарство базирано на човековите права;
  3. Унапредена перцепција во јавноста за правата на лицата со попреченост целосно да учествуваат во социјалниот, културниот и  политичко-економскиот живот на заедницата;
  4. Подобрени комуникациски вештини на граѓанските организации кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост.

АКТИВНОСТИ

  1. Обука за зајакнување на механизмите за соработка помеѓу граѓанските организации што ги застапуваат правата на лицата со попреченост, новинарите и надлежните институции;
  2. Обука за инклузивно новинарство, за новинари и претставници на граѓанските организации кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост;
  3. Продукција на видео-стории на теми поврзани со социјалната инклузија на лицата со попреченост;
  4. Продукција на видео-кампања за застапување на правата на лицата со попреченост;
  5. Подготовка на комуникациска стратегија и воспоставување ефикасни канали на дигитална комуникација за потребите на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ).

Веб страна

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор