|

ДРУШТВО ЗА ПОМОШ НА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ЗРАК

Буџет обезбеден од Цивика мобилитас: 301.500 МКД

Времетраење: 01.03.2021 – 30.11.2021 (9 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Млади лица со попреченост и со типичен развој од Општина Велес.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

УМЕАМ, МОЖАМ, КРЕИРАМ, ТВОРАМ

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Лицата со попреченост наидуваат на повеќе проблеми и потешкотии во секојдневниот живот. Еден од водечките проблеми е недоволната или воопшто никаква вклученост на овие лица во повеќе сегменти на општественото живеење, вклучувајќи разни културни и уметнички настани и активности.

Со овој проект, реално би ги вклучиле лицата со попреченост во повеќе сегменти на општественото живеење. Тие ќе стекнат нови искуства и вештини, ќе се чувствуваат корисни во нивното секојдневно опкружување, ќе постигнат поголема самодоверба и сигурност, а од друга страна, сограѓаните ќе имаат можност да ги увидат способностите, можностите и креативноста на лицата со попреченост, односно, да ги надминат постоечките предрасуди.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Подобрување на општествената/ социјалната инклузија на младите лица со попреченост преку нивно вклучување во шестмесечни инклузивни работилници и онлајн курсеви со нивните сограѓани (мини клубови).

Специфична цел/и:

  • Оспособување на  лица со попреченост за конкретни творечки активности;
  • Промовирање на творечките способности на лицата со попреченост во пошироката јавност.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Опкружување (околина) за граѓанското општество: Граѓанските  организации заедно со нивните члeнови ќе развиваат стратегии и механизми за заедничка соработка и делување на локално и национално ниво;
  2. Граѓански ангажман: Граѓанските организации создаваат силни конституенти и со тоа овозможуваат активен граѓански ангажман во граѓанските иницијативи, вклучително и волонтерство (претставници од самите ГО и од бизнис секторот ќе продолжат волонтерски ќе учествуваат во утврдување на стратегии за социјална интеграција).

АКТИВНОСТИ

  1. Формирање проектен тим составен од координатор и асистент на координатор, членови на ДПЛПП Зрак и тим за поддршка составен од двајца специјални едукатори кои ќе бидат придружници и поддршка на лицата со попреченост на работилниците и другите настани од проектот;
  2. Набавка на ДСЛР фотоапарати и еден полупрофесионален фотоапарат;
  3. Формирање мини библиотека и обезбедување на 30–40 наслови од различни жанрови од страна на Клубот на писатели;
  4. Организација и реализација на шестмесечен курс по фотографија за  млади лица со и без попреченост;
  5. Организација и реализација на шестмесечен курс за пишување проза, поезија и драмски текстови за  млади лица со и без попреченост.

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор