Зелен институт – Скопје
Вкупен буџет: 2.999.983 денари
Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци)
Специфична тема: Зелени иницијативи
Партнери:
Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово
Конституенти:
Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Избраниот проект од областа зелени иницијативи одговара на итната потреба за системско управување со биоотпад, кој предизвикува пожари, загадување и губење ресурси. Преку локални решенија, меѓуопштинска соработка и граѓанска мобилизација, се поттикнува циркуларна економија и институционална отпорност.
ОПИС НА АКЦИЈАТА
Акцијата е насочена кон намалување на биоотпадот и унапредување на одржливото управување со органскиот отпад преку пилотирање локални модели и јакнење на соработката меѓу граѓаните, локалните власти и релевантните чинители. Проектот предвидува теренска работа и соработка со локални заедници и општини, воспоставување практични решенија за селекција и третман на биоотпад, како и активности за подигање на јавната свест и промоција на одржливи навики.
Во рамки на акцијата се спроведуваат подготвителни, едукативни и информативни активности, како и развој на препораки и модели кои можат да се применат на локално ниво. Преку активно вклучување на граѓаните, земјоделците и локалните чинители, проектот придонесува кон подобрување на локалните практики и политики за управување со биоотпад.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Да се придонесе кон транзиција кон „нула отпад“ општини, преку системско подобрување на управувањето со биоотпадот, засновано на податоци, граѓанско учество, интерсекторска координација и јакнење на институционални капацитети, со цел намалување на загадувањето и ризиците од пожари на стрништата, во шумите и населбите, зголемување на ефикасноста на ресурсите и поттикнување на циркуларна економија на локално и национално ниво.
Специфична цел:
- Да се спроведе сеопфатна, инклузивна и интерсекторска анализа на создавањето и постапувањето со биоотпад од домаќинства, индустрија, земјоделство и шумарство во 4 пилот општини (Радовиш, Куманово, Кавадарци и Берово) од 4 плански региони (Југоисточен, Североисточен, Вардарски и Источен), преку истражување спроведено во партнерство со граѓански организации и локални чинители.
- Да се идентификуваат и развијат технолошки, финансиски и институционални модели за третман на биоотпад, преку базично истражување и мултисекторска анализа, форумски консултации и пред-физибилити студии, со цел намалување на загадувањето и ризикот од пожари.
- Да се поттикне јавна дебата, медиумска видливост и институционална подготвеност за системско управување со биоотпад, преку национален форум, емитување на јавна дискусија и дигитална кампања, во партнерство со медиуми, општини, комунални претпријатија, приватен сектор и граѓански организации.
РЕЗУЛТАТИ
- Зголемена информираност и мобилизација на засегнатите страни за управување со биоотпад — граѓански организации, земјоделци, индустриски капацитети, јавни претпријатија, шумски стопанства и општини се информирани за количините, составот и ризиците од биоотпадот, како и за можностите за негово валоризирање во согласност со принципите на циркуларна економија, преку граѓанско учество, интерсекторска координација и партнерски ангажман.
- Идентификувани и презентирани технолошки, финансиски и институционални модели за третман на биоотпад преку изработени четири пред-физибилити студии, прилагодени на планските региони, со технолошки опции, финансиска проценка и институционални модели, развиени преку мултисекторска анализа и форумски дискусии, со потенцијал за институционално јакнење, циркуларна економија и системско управување со отпад.
- Зајакната јавна комуникација и институционална подготвеност за системско управување со биоотпад преку партнерство со медиуми и граѓански организации, организиран национален форум, емитувана емисија „Топ Тема“ и спроведена дигитална кампања, поттикнувајќи јавна дебата и медиумска видливост, создавајќи основа за репликација на избраните решенија на национално ниво, со обезбедени извори на приходи и институционално јакнење.
АКТИВНОСТИ
- Анализа и мобилизација на засегнати страни за управување со биоотпад
- Мапирање на засегнати страни преку општински бази, Централен регистар и партнерски мрежи, со таргетирање на земјоделски стопанства, индивидуални земјоделци, прехранбени компании, дрвнопреработувачи и подружници на Национални шуми
- Дизајн на два инструмента: онлајн прашалник (Google Forms) за национална мобилизација и интервју прашалник за 250 испитаници, со податоци за количини, состав, логистика и спремност за селектирање и инвестирање во одржливи практики
- Обука на 5 анкетари и теренски посети од координатори и експерти
- Спроведување на интервјуа и онлајн анкета со активно таргетирање на региони со слаб одзив
- Идентификација и разработка на технолошки, финансиски и институционални модели
- Изработка на базично истражување за количини и состав на биоотпад по извори, можни технологии (децентрализирани и централизирани), финансиска анализа и институционални модели
- Организација на четири еднодневни регионални форуми во пилот општините
- Изработка на четири пред-физибилити студии со техничка анализа, финансиска проценка и институционален модел
- Формулирање на препораки за репликација
- Јавна комуникација, медиумска видливост и институционална подготвеност
- Организација на еднодневен национален форум во Скопје
- Снимање и емитување на емисија „Топ Тема“ на Телма
- Спроведување дигитална кампања преку Facebook, Viber и партнерски канали


![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](1)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga1.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА]](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](2)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga2-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](3)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga3-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](4)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga4-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](5)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga5-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](6)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga6-768x384.jpg)