Здружение Конект
Вкупен буџет: 3.000.000 денари
Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци)
Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО
Партнери:
Фондација АПОЛОНИЈА Гевгелија
Конституенти:
Граѓански организации од различни сектори и региони; мрежи и платформи на граѓански организации; донатори и филантропски фондации; бизнис-сектор и компании донатори; финансиски институции; државни институции и регулаторни тела релевантни за финансиска регулатива и даночни политики; медиуми; експерти и практичари во областа на финансиска одржливост на ГО.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Промени за одржливост
ОПИС НА АКЦИЈАТА
Акцијата е насочена кон подобрување на овозможувачката околина за финансиска одржливост на граѓанските организации преку унапредување на политиките за донирање, намалување на регулаторните бариери и зајакнување на заедничкото застапување на граѓанскиот сектор. Проектот вклучува анализи, консултации и активности за јавно и институционално застапување, со цел подобрување на пристапот на граѓанските организации до финансиски ресурси и услуги.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Подобрување на политиките за финансиска одржливост на граѓанските организации
Специфична цел:
- Подобрување на системот за користење даночни поттикнувања за донации кон ГО
- Намалување на бариерите за финансиски услуги за ГО што п…регулативите за спречување перење пари и финансирање тероризам
- Зајакнување на улогата на Мрежата за финансиска одржливост на ГО
РЕЗУЛТАТИ
- Предлозите на ГО се вградени во измените на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и сродна регулатива
- Подобрен пристап кон финансиски услуги на ГО преку функционален меѓу-секторски механизам (ГО, институциите и банките)
- ГО здружено застапуваат за финансиската одржливост на ГО
АКТИВНОСТИ
- Средби за застапување со Министерството за правда, Министерството за финансии и Управата за јавни приходи
- Техничка поддршка на Министерството за правда во продолжување на процесот на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности
- Средби за застапување и процеси на консултации со институции, комори и корисници на Законот
- Подготовка на збирка на студии на случаи како алатка за застапување
- Организирање јавна расправа за Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и регулатива поврзана со финансиска одржливост на граѓанските организации
- Формулирање на нацрт-текст на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности преку консултативен процес
- Организирање на работата на група за меѓусекторски дијалог
- Директни средби за застапување со Управата за финансиско разузнавање и Централниот регистар за прашања поврзани со вистински сопственик
- Спроведување обука за новата FATF препорака 8
- Спроведување обука за банките за работа со граѓански организации
- Спроведување обука за граѓанските организации за заштита на организациите
- Организирање форум за меѓусекторски дијалог
- Подготовка на материјал за застапување „Промени за одржливост“
- Градење членство и двонасочна комуникација во Мрежата за финансиска одржливост на граѓанските организации
- Рефлектирање на ставови на граѓанските организации и одржување средби со граѓански организации и институции
- Организирање настан на Мрежата за финансиска одржливост на граѓанските организации
- Креирање аргументи и здружено застапување
- Застапување преку медиуми и јавност


![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](9)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga9.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА]](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](1)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga1-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](2)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga2-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](3)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga3-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](4)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga4-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](5)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga5-768x384.jpg)