Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](10)

Младите можат – Скопје

Вкупен буџет: 2.987.080 денари

Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци)

Специфична тема: СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА

Партнери:

Здружение на граѓани Супортко Кочани

Конституенти: 

Млади лица, младински организации и неформални младински групи, локални заедници во кои делуваат младите и граѓани засегнати од темите на социјална кохезија.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Избраната тема,  социјална кохезија, се однесува на зајакнување на солидарноста, довербата и меѓусебната поддршка меѓу младите и заедниците. Целта е да се развијат системски и локални механизми што ги поврзуваат младите како активни чинители во управување со кризи.

ОПИС НА АКЦИЈАТА

Акцијата е насочена кон зајакнување на социјалната кохезија преку поттикнување на активно учество на младите во заедницата, јакнење на младинските иницијативи и создавање простор за соработка помеѓу младите, младинските организации и локалните заедници. Проектот комбинира едукативни, теренски и комуникациски активности со цел подобро меѓусебно разбирање, зголемена вклученост и градење доверба меѓу различни општествени групи.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Да се поттикне системска промена во начинот на кој државните институции, локалните самоуправи и граѓанското општество се справуваат со кризни ситуации, преку воспоставување национален модел што ја зајакнува отпорноста, солидарноста и активно младинско учество во превенција, реакција и опоравување на заедниците.

Специфична цел:

  1. Да се развие и институционализира национален модел за младинско управување со кризи, заснован на партнерство меѓу младинските центри, граѓанскиот сектор и релевантните институции.
  2. Да се зајакнат знаењата и капацитетите на младинските центри и граѓанските организации за превенција, брза реакција и психосоцијална поддршка во кризни ситуации.
  3. Да се поттикне култура на солидарност, превенција и активно младинско учество преку јавни кампањи, дијалог и застапување.

 РЕЗУЛТАТИ

  1. Воспоставен национален модел и протокол за младинско управување со кризи.
  2. Зајакнати капацитети на младинските центри и граѓанските организации за делување во кризни ситуации.
  3. Зголемена јавна свест и младинско учество во промовирање култура на солидарност и превенција.

 АКТИВНОСТИ

  1. Анализа и истражување на моменталната состојба со младинските центри и граѓанскиот сектор
  2. Формирање на експертска група за подготовка на нацрт Национален протокол
  3. Тестирање на нацрт верзијата на Протоколот преку симулација
  4. Финализирање на Националниот протокол врз основа на резултатите од симулацијата
  5. Средби за застапување и лобирање за усвојување на Протоколот
  6. Подготовка на прирачник за градење капацитети
  7. Организирање сертифицирани обуки во пет града
  8. Национална симулација на кризна состојба
  9. Јавна кампања „#ПОВРЗАНИ ВО КРИЗА“
  10. Завршен национален настан – конференција

ВЕБ СТРАНИЦА

https://youthcan.org.mk/

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Избраниот проект од…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Дигитална инклузија и добро владеење Партнери: Здружение за унапредување на младинскиот активизам ЗЕТА Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Проектот „Мојот глас во…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор