Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје
Вкупен буџет: 2.962.939 денари
Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци)
Специфична тема: БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА И ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО
Партнери:
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје (ИСППИ)
Конституенти:
Граѓани од целните општини; локални заедници; граѓански организации; новинари и медиуми; истражувачки новинари; локални и централни институции; општински инспекциски служби; носители на одлуки на локално и национално ниво.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Преку изработка на систематизиран, на докази заснован преглед на организацијата, капацитетите и постапувањето на локалните инспектори, како и анализа на тоа како се применуваат начелата на законитост и одговорност во нивната работа, проектот создава конкретна основа за институционални реформи и унапредување на интегритетот на локалниот инспекциски надзор.
ОПИС НА АКЦИЈАТА
Акцијата е насочена кон зголемување на транспарентноста и отчетноста на локалните институции преку следење на работата на инспекциските служби и јакнење на граѓанскиот надзор врз нивното постапување. Проектот комбинира истражување, анализа на политики, јавни дебати и активности за застапување со цел унапредување на институционалните механизми за контрола и подобрување на овозможувачката околина за активно граѓанско учество на локално ниво.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Да се унапреди законитоста, одговорноста и интегритетот во работата на локалните инспекциски служби, како дел од системот на владеење на правото
Специфична цел:
- Да се обезбеди систематизиран преглед на моменталната состојба, надлежностите и ризиците од корупција во локалниот инспекциски надзор.
- Да се зголеми отчетноста и интегритетот во работата на локалните инспектори преку анализа на начелото на законитост и одговорност.
РЕЗУЛТАТИ
- Изработен и објавен сеопфатен преглед на состојбата на локалниот инспекциски надзор во сите општини, со класификација по тип на инспекциски служби и број на инспектори во однос на бројот на жители и субјекти на надзор, како и родовата застапеност во инспекциските служби.
- Изработена и објавена анализа на правната рамка за локален инспекциски надзор, со идентификувани правни празнини, преклопувања и дискрециони овластувања што создаваат ризици од корупција.
- Изработена и објавена анализа за примената на начелото на законитост во локалниот инспекциски надзор, заснована на преглед на жалби во второстепена постапка и судски пресуди поврзани со работењето на локални инспектори.
- Изработена и објавена анализа за примената на начелото на одговорност, преку преглед на линиите на отчетност и типовите на одговорност на локалните инспектори (дисциплинска, кривична, управна), како и анализа на предмети во кои се бара дисциплинска, кривична или друг вид одговорност од локални инспектори, вклучително и родовата димензија.
- Осмислена и реализирана кампања на социјални мрежи за промоција на резултатите.
- Организирани еден јавен настан за промоција на наодите од анализите и една обука и најмалку еден брифинг со медиуми кои работат истражувачко новинарство.
АКТИВНОСТИ
- Развивање на методологија за собирање и систематизација на податоци за локален инспекциски надзор
- Испраќање барања за пристап до информации од јавен карактер до сите општини
- Спроведување кратки структурирани интервјуа со локални инспектори и секретари на општини
- Внесување и обработка на добиените податоци во единствена база
- Изработка на аналитички извештај и визуелизации
- Дизајн, лекторирање и објавување на прегледот на веб-страница и достава до релевантни чинители
- Преглед и мапирање на сите релевантни закони и подзаконски акти кои го засегаат локалниот инспекциски надзор
- Идентификација на преклопувања, празнини и дискрециони овластувања
- Консултации со правни експерти и претставници на релевантни институции
- Подготовка на наоди и препораки за подобрување на правната рамка
- Дизајн, лекторирање и објавување на анализата на веб-страница и достава до релевантни чинители
- Развивање на методологија за селекција на примерок од жалби и судски пресуди поврзани со локален инспекциски надзор
- Анализа на предметите според тип на прекршок и исход
- Интервјуа со членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, со правни експерти и претставници на релевантни институции
- Изработка на тематска анализа со наоди и заклучоци за системски слабости
- Дизајн, лекторирање и објавување на анализата на веб-страница и достава до релевантни чинители
- Развивање на методологија за селекција и анализа на дисциплински, кривични и управни предмети против локални инспектори
- Испраќање барања за пристап до информации од јавен карактер до сите општини
- Интервјуа со претставници на општински служби, дисциплински комисии и инспекторати
- Идентификување на типови и институционални механизми за одговорност кај локалните инспектори
- Изработка на анализа со препораки за унапредување на одговорноста
- Дизајн, лекторирање и објавување на анализата на веб-страница и достава до релевантни чинители
- Подготовка на стратегија и визуелен идентитет за кампањата
- Развивање на 20 визуелни содржини врз основа на наодите од четирите анализи
- Планирање и спроведување на таргетирана кампања на Facebook, Instagram и LinkedIn
- Следење на метрики за опфат, интеракции и ангажман и подготовка на извештај со анализа на ефектите од кампањата
- Подготовка на агенди, покани и промотивни материјали
- Вклучување на претставници од Инспекциски колегиум, ДКСК, Министерството за локална самоуправа, Меѓуресорското тело за борба против корупција, општини и медиуми
- Презентација на резултатите и модерирана дискусија со институции и јавност
- Организирање обука за користење на податоците за потребите на истражувачкото новинарство
- Рефлектирање на ставови на граѓанските организации и одржување средби со граѓански организации и институции
- Организирање настан на Мрежата за финансиска одржливост на граѓанските организации
- Креирање аргументи и здружено застапување
- Застапување преку медиуми и јавност


![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](7)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga7.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА]](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](1)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga1-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](2)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga2-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](3)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga3-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](4)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga4-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](5)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga5-768x384.jpg)