Граѓанскиот импулс е иновативна алатка на платформата Цивика Мобилитас која нуди брз и лесен начин да останете информирани за активностите и достигнувањата на грантистите на програмата. Со еден клик, добивате месечен преглед на најновите информации за грантистите, како што се нови иницијативи, достигнувања, одржани работилници, објавени извештаи или најави за нови акции, обуки и интервјуа, дури и ако немате време редовно да ја следите нивната работа. Граѓанскиот импулс е достапен на сите три јазици и им овозможува на читателите да бидат во тек со сите тековни случувања во граѓанскиот сектор.