граѓански импулс (3)
|

Граѓански импулс #8: месечен осврт на активностите на грантистите

август 2025

Во духот на младинскиот ангажман помина и август. Со креативни зелени акции и конкретни чекори на терен, грантистите на Цивика мобилитас секојдневно ги прикажуваа предизвиците, но и решенијата за подобра заедница за сите нас.

Отпадот стана уметност! Младинската еко-акција обедини девет општини и девет граѓански организации во урбана мисија за почиста околина низ улиците на Битола. Повеќе од 30 млади собираа шишиња и отпад, создаваа еко-поезија и снимаа видеа, а потоа, во Младинскиот центар, старите предмети ги трансформираа во практични уметнички дела: светилки од тегли, декоративни саксии и касички од шишиња. Денот заврши со монтажа на видеа и силна порака: „И ти можеш да му дадеш нов живот на она што мислиш дека е отпад!“ Акцијата беше дел од проектот „Младински политики по мерка на младите“, на Про Локал и партнерите, реализиран со поддршка на Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас. Како една од мерките на Регионалната платформа за млади, акцијата ги обедини организациите и општините во мисијата за почиста, поубава и поодржлива Пелагонија.

Во меѓувреме, на Шар Планина се учеше како да се спречат шумските пожари. Центарот за климатски промени и Еко Ацтион – Тетово, во соработка со Националниот парк Шар Планина, организираа обука за превенција од шумски пожари. Обуката обедини претставници од институциите, граѓанскиот сектор и локални активисти.  Учесниците се запознаа со историјата и најчестите причини за шумски пожари, стратегии за нивна превенција, практична работа со алатки, безбедносни процедури и евакуациски протоколи, а на крајот се спроведе и симулација на гаснење пожар. Настанот се реализира во рамки на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда на локално ниво“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Од аспект на управување со отпад, особено био-отпадот, организациите Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ), Еко Логик и Флорозон ја објавија статијата „Што претставува био-отпадот и зошто е важно да го селектираме“. Во неа истакнуваат: „Во Северна Македонија, био-отпадот сочинува до 40–50 % од вкупниот отпад што завршува на депониите, што укажува на неговата нагласена присутност.“ Органскиот отпад не е „ѓубре“, туку ресурс што може да се искористи за производство на компост, биогас и создавање нови зелени работни места. Статијата е дел од проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, поддржан од Цивика мобилитас преку Владата на Швајцарија.

Од друга страна, од Центарот за младински активизам (ЦМА) КРИК прашуваат: „Како влијаат загадувањето и климатските промени врз младите во Северна Македонија?“ Одговорот, базиран на анализа спроведена заедно со Центарот за социјални иницијативи (ЦСИ) „Надеж“ и Здружението на социјални работници на Македонија (ЗСРМ), укажува на сериозно влијание врз здравјето, навиките и квалитетот на животот на младите, започнувајќи од квалитетот на воздухот до недостигот на зелени површини. Анализата е дел од проектот „ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Во друга насока, но сè уште поврзана со младите и нивната иднина, во Кичево, Женската граѓанска иницијатива (ЖГИ) Антико, заедно со организациите „Секогаш соживот“ и „Адрион“, свечено ги додели сертификатите на жените кои успешно ја завршија обуката за маникир, педикир и шминка. Обуката е дел од проектот „Гласот и учеството на жените и младите во креирање на јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, поддржан од Цивика мобилитас преку Владата на Швајцарија. Целта е да им се овозможи на жените професионално остварување и полесен пристап до пазарот на трудот.

Август беше месец во кој младите, граѓанските организации и институциите заеднички покажаа дека ангажираноста, креативноста и одлучноста можат да ја направат нашата заедница подобра и поодржлива за сите.

Продолжи со читање

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

  • Граѓанското учество е право и одговорност на сите

    Во фокусот на овој број на Граѓаните за промена е граѓанското учество. Тема која граѓанските организации и во овој квартал не само што ја дискутираа туку и ја практикуваа. Колегите од ПроЛокал, од Битола, тоа го правеа на регионално и на локално ниво, во цела Пелагонија. Заедно со партнерите од…

  • Светски ден за борба против ракот: само 10 отсто од жените опфатени со скрининг за рак на грлото на маткатa

    Иако ракот на грлото на матката е едно од ретките малигни заболувања што речиси целосно може да се превенира, во Северна Македонија секоја година заболуваат околу 200 жени, а помеѓу 40 и 60 жени го губат животот од оваа болест. Алармантен е податокот дека во 2024 година со организираниот скрининг…

  • Тематски форум за користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ САМО ЗА ДВА МЕСЕЦА, 3.000 ФИРМИ ШТО ДОБИЛЕ ТЕНДЕРИ ГИ ОБЕЛОДЕНИЛЕ СВОИТЕ ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Скопје, 28 јануари 2026 година  |  Повеќе од 30 претставници на клучни јавни институции, граѓански организации, медиуми и меѓународни организации денеска дискутираа за можностите и начините на користење на податоците од Регистарот за вистински сопственици на правните субјекти како алатка за борба против корупцијата. Швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Сомер истакна…

  • Дали Македонија конечно ќе знае каде ѝ се стипендистите?

    Македонија секоја година губи потенцијал на млади луѓе колку еден цел мал град. Само во Словенија, во последните неколку години, заминуваат просечно по околу 1000 македонски студенти. Додека најдобрите умови од нашите средни училишта ги освојуваат амфитеатрите во Виена, Берлин, Љубљана или Амстердам, државата со години се соочуваше со институционален…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор