Slik1 fotor naslovna

Започна со работа Опсерваторијата за фемициди

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во партнерство со Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство „Глас против насилство“, а во соработка со Министерството за правда, Советот на јавни обвинители, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Судски совет, Министерство за внатрешни работи и Министерството за социјална политика, демографија и млади го започна спроведувањето на проектот „Опсерваторија за фемициди – превенција и мониторинг на фемициди и обиди за фемициди во Северна Македонија“, поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Во рамките на Меморандумот за соработка што заеднички беше потпишан со секоја од институциите, една од клучните активности е формирање и учество во мултисекторско работно тело за следење на фемициди и обиди за фемициди, како важен чекор кон обезбедување системски пристап во превенција, мониторинг и институционална координација.

Првиот работен состанок на мултисекторското тело се одржа на 4 септември, 2025 година.

На овој состанок се обрати Сузан Пенкса – заменик шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која истакна дека со ова се испраќа моќна порака дека институциите се обединети во борбата против фемицидите.

Уранија Пировска – извршна директорка на Хелсиншки комитет за човекови права порача дека за да се  намали бројката на убиства и обиди за убиства на жените потребна е заедничка заложба од сите надлежни институции.

Методологијата на Опсерваторијата на фемициди ја презентираше Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. По дискусијата се утврди и деловник за работа на мултисекторско работно тело.

На првиот работен состанок беше заклучено дека заедничкиот ангажман и активна соработка ќе придонесе кон поефикасно следење на случаите и креирање на политики за подобра заштита и превенција од родово базирано насилство.

The post Започна со работа Опсерваторијата за фемициди appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор