Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Во трка со жештината: Глобалниот подем на индустријата за ладење

    Побарувачката за ладилна и климатизациска опрема забрзано расте ширум светот. Климатските промени, урбанизацијата и растечките потреби за комфор, безбедна храна и енергетски ефикасно греење го прават секторот за ладење еден од најбрзорастечките пазари, но и еден од најголемите идни предизвици за глобалниот енергетски систем.

    Ладилната опрема е широко распространета во секојдневното живеење, почнувајќи од малите домашни апарати, како ладилници и клима-уреди, до големите комерцијални и индустриски системи, како што се климатизацијата во деловните објекти и системите за ладење во прехранбената индустрија. Опремата за ладење најчесто се означува со кратенката RAC (Refrigeration and Air Conditioning), која опфаќа различни видови уреди за ладење што суштински функционираат според истиот принцип на ладилна машина.

    Извор: NextMSC RAC Market Report https://www.nextmsc.com/report/room-air-conditioner-rac-market
    Употребата на уредите за ладење расте со брзо темпо во сите делови на светот. Глобалниот пазар на RAC уреди беше проценет на 80,62 милијарди американски долари во 2025 година, а се очекува да достигне 91,79 милијарди американски долари до крајот на 2026 година. Според прогнозите, индустријата ќе продолжи да расте и ќе достигне вредност од 146,11 милијарди американски долари до 2035 година, со просечна годишна стапка на раст од 5,3 % во периодот од 2026 до 2035 година.
    Оваа експанзија главно се должи на три глобални тренда: порастот на просечните температури како последица на климатските промени, економскиот раст и урбанизацијата. Станува збор за процес кој сè повеќе добива на интензитет. Ограничениот пристап до ладење ја намалува продуктивноста и негативно влијае врз обезбедувањето квалитетна здравствена заштита, безбедна храна и пристап до образование, со што се поткопуваат напорите на земјите за постигнување одржлив развој.

    Извор: NextMSC RAC Market Report https://www.nextmsc.com/report/room-air-conditioner-rac-market
    Покрај климатските промени, економскиот раст и забрзаната урбанизација, постојат и дополнителни фактори што придонесуваат за растот на побарувачката за ладилна опрема:

    Потребата од поголем комфор – климатизацијата станува сè поприсутна во домовите, на работните места и во автомобилите;
    Повисоки стандарди во прехранбената индустрија – се зајакнува ладниот синџир на снабдување со храна со цел намалување на загубите, продолжување на рокот на траење на производите и овозможување транспорт на подолги растојанија;
    Употреба на RAC системите за греење – топлинските пумпи сè повеќе ги заменуваат традиционалните котли и електрични греалки, поради нивната повисока енергетска ефикасност, помала потрошувачка на енергија и пониски емисии на стакленички гасови.

    Според актуелните проценки, на RAC опремата отпаѓаат меѓу 20 % и 30 % од глобалната потрошувачка на електрична енергија. Се очекува потрошувачката на енергија за ладење на глобално ниво до 2100 година да се зголеми дури 33 пати во однос на денешните нивоа и да достигне повеќе од 10.000 TWh.
    Истовремено, се предвидува дека глобалната побарувачка за електрична енергија до 2100 година ќе биде два до три пати поголема од сегашната, поттикната од електрификацијата на транспортот, греењето, ладењето и индустријата.
    Земјите во развој во Азија и Африка ќе бидат носители на најголемиот дел од овој раст, при што електричната енергија ќе стане доминантен енергетски извор за зградите, индустријата и автоматизацијата поддржана од вештачка интелигенција.
    Задоволувањето на овие потреби ќе бара изградба на бројни нови капацитети за производство на електрична енергија, развој на системи за нејзина дистрибуција и складирање, како и обезбедување огромни количини бакар и други критични минерали и суровини.

  • Учество на јавната расправа по предлог-програмите на Oпштина Велес

    На 10.11.2026 год. (вторник) во Општина Велес за претставниците на невладините организации, здруженијата и фондации, културно уметничките друштва и спортските клубови се организираше Јавна трибина (расправа) по Предлог-програмите на Општина Велес за 2027 год. Оваа јавна расправа ја водеше Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев кој во целост даде…

  • Finance Think на Public Participation Peer Learning Exchange во Бразил

    Finance Think имаше можност во текот на оваа недела да биде дел од Public Participation Peer Learning Exchange – Opening Doors, организиран од International Budget Partnership (IBP), од 10 до 12 ноември 2026 година во Бразилија, Бразил. Настанот обедини претставници од 13 земји, со цел размена на искуства и добри практики за поголемо и посуштинско […]
    The post Finance Think на Public Participation Peer Learning Exchange во Бразил first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Public Participation Peer Learning Exchange во Бразил appeared first on Finance Think.

  • Посилното владеење на правото е поврзано со поголема економска стабилност и помали финансиски ризици

    Земјите со посилно владеење на правото вообичаено имаат поголема економска стабилност, постабилни цени и пониски финансиски ризици, покажува анализата на World Justice Project, подготвена врз основа на Индексот за владеење на правото за 2026 година. Според анализата, земјите со бруто-домашен производ по жител повисок од светскиот просек имаат просечна оценка…

  • 16 ДЕНА АКТИВИЗАМ НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ 16 ДЕНА ЛИЦЕМЕРИЕ! – Отворено писмо до Владата, Собранието, меѓународните организации, амбасадите и целата јавност

    Граѓанските организации испраќаат повик за мораториум на свечености, конференции и симболични кампањи. Седум фемициди. Седум изгубени животи. Седум жени и девојки кои повеќе никогаш нема да се вратат дома. Последната жртва е 17-годишно девојче од Богданци. Дете чиј живот заврши на најсуров начин – запалена во автомобил. Дете кое требаше…

  • Радовиш: Жените од руралните средини бараат поголемо учество во одлучувањето и институции поблиску до нивните потреби

    Радовиш, октомври 2026 – Поголемо учество на жените од руралните средини во локалното одлучување, подобра информираност, достапни механизми за граѓанско учество и посилна соработка со институциите беа во фокусот на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана во Радовиш. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението „Женска акција“ […]

  • РУРАЛНА ЖЕНА – СИЛЕН ГЛАС

    Во рамки на проектот „Рурална жена – силен глас“, ја започнавме реализацијата на првата активност – мобилизирање на жени од руралните средини во Општина Чашка, со цел нивно поврзување, организирање и формирање женски кружок. Кружокот ќе претставува неформална локална група преку која жените ќе се поврзуваат, ќе ги споделуваат своите…

  • 16 ДЕНА АКТИВИЗАМ НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ 16 ДЕНА ЛИЦЕМЕРИЕ!

    ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ВЛАДАТА, СОБРАНИЕТО, МЕЃУНАРОДНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ, АМБАСАДИТЕ И ЦЕЛАТА ЈАВНОСТ Граѓанските организации испраќаат повик за мораториум на свечености, конференции и симболични кампањи. Седум фемициди. […]

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор