Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Пациентките најчесто сами откриваат дека имаат рак на дојка

    17.11.2026 Искуствата на дел од пациентките кои се соочиле со рак на дојка сведочат дека поминале низ пекол бидејќи сами откривале дека се болни. Државната стратегија за рана детекција не успеа. До термин за преглед тешко се доаѓа. Статистиката покажува дека годишно во Македонија има помеѓу 700 и 1 000 новозаболени. „По изразот на лицето […]
    Read More… from Пациентките најчесто сами откриваат дека имаат рак на дојка
    The post Пациентките најчесто сами откриваат дека имаат рак на дојка appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Покана за консултации за приоритетите на Повикот за доставување предлози „Граѓанско дејствување и отпорност на заедниците“ во рамки на Програмата Механизам на ЕУ за граѓанска отпорност

    Механизмот на ЕУ за граѓанска отпорност (EU CRM) – Фаза II: Поддршка на граѓанското општество и граѓанските иницијативи е проект финансиран од Европската унија, кој обезбедува директна поддршка на мали граѓански организации и граѓански иницијативи низ целата Северна Македонија. Проектот им помага на граѓанските организации да создадат значајна промена во…

  • До кога оваа држава ќе создава и ќе штити насилници? – реакција на Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

    Уште колку жени треба да бидат убиени за да се демонтира овој систем поволен за насилници, а погубен за жените? Уште еднаш јавноста со ужас […]

  • Дали знаевте дека био-отпадот од вашата кујна може да добие нов живот наместо да ги загадува депониите?

    На 12.11.2026 год. во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, во ООУ „Војдан Чернодрински“ се спроведе успешна акција за селективно собирање и подготовка на био-отпад за компостирање кој денес го искористивме за разеленувањето на училишната градина. Им се заблагодаруваме на родителите, учениците и наставниците за активно селектирање на органскиот отпад за да се наполни училишниот компостер!
    Со оваа иницијатива сакаме да го поттикнеме граѓанскиот активизам и да покажеме колку е важно правилното селектирање на отпадот уште во самите домаќинства. Еве зошто компостирањето е вистински погодок:
    Природно ѓубриво: Нашите училишни компостари го претвораат отпадот во висококвалитетен компост.
    Позелено училиште: Добиениот компост ќе го искористиме за уредување и збогатување на училишниот двор!
    Помалку отпад: Го спречуваме таложењето на органски материи на депониите.
    Корисен ресурс: Био-отпадот се трансформира во нешто вредно наместо да ја загадува околината.
    Ајде заедно да создадеме поздрави навики и почиста околина. Селектирај, компостирај, инспирирај!
     
    Изразуваме голема благодарност до сите граѓани и ученици кои земаа активно учество во оваа акција и покажаа висока одговорност кон природата! Со вакви иницијативи локалната заедница продолжува со реализација на нови еколошки активности за заштита на природта и намалување на ефектиите од климатските промени.
     
    Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија,
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)
     
     

  • Од кујнски отпад до позелена училишна градина! Големо браво за ООУ „Владо Тасевски“!

    На 12.11.2026 год. покажавме како изгледа циркуларната економија на дело! Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, успешно ја заокруживме нашата еко-акција.
    Органскиот отпад што вредно го селектиравме и подготвувавме, денес го доби својот нов живот – го искористивме како висококвалитетен компост за раззеленување и збогатување на училишната градина!
    Зошто овој чекор е толку важен за сите нас?
    Природата ни враќа: Наместо био-отпадот да заврши на депониите и да загадува, го претворивме во природно ѓубриво.
    Помалку отпад, повеќе зеленило: Директно го намалуваме таложењето на органски материи и се бориме против климатските промени.
    Навика што почнува од дома: Правилното селектирање во домаќинствата е клучот за почиста локална заедница.
    Огромна благодарност до сите ученици, родители, наставници и граѓани кои активно се вклучија, ги наполнија училишните компостери и покажаа вистинска одговорност кон животната средина!
    Продолжуваме понатаму со нови зелени иницијативи. Селектирај, компостирај и биди дел од промената!
    Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија,
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

  • Климатска акција – каде е најпотребна?

    Кога температурите растат, некои семејства можат да го разладат домот, додека други мора да избираат меѓу повисока сметка за струја и уште една ноќ во прегреана соба. За луѓето што работат на отворено, пак, жештината често е неизбежен дел од работниот ден. Истиот топлотен бран носи различен ризик, во зависност

  • Меѓу формална усогласеност и недостиг на суштински реформи

    Коментар по повод Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија, од 4 ноември 2026 година Европската комисија повторно не констатира назадување во ниедна област, односно поглавје, но напредокот останува објективно незадоволителен, а македонскиот пристапен пат е во состојба на тапкање во место. Иако во однос на претходната година е забележан барем мал напредок на […]
    The post Меѓу формална усогласеност и недостиг на суштински реформи appeared first on EPI.

  • ВРАЌАЊЕ НА ПРИРОДНИТЕ СРЕДСТВА ЗА ЛАДЕЊЕ

    Со зголемениот фокус на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина, природните средства за ладење повторно добиваат сè поголемо значење во современите системи за ладење. Строгите европски регулативи и потребата од одржливи технолошки решенија го забрзуваат преминот кон технологии кои имаат помало влијание врз животната средина, а истовремено нудат висока ефикасност и долгорочна економска исплатливост.

    На почетокот на воведувањето на првите ладилни уреди околу 1900 година, како средства за ладење се користеа природните и лесно достапни хемиски соединенија-амонијакот NH3 и јаглеродниот диоксид CO2. Во 20-тите и 30-тите години од XX век се појавуваат CFC и HCFC соединенија. Во 80-тите години беше потврдена штетноста на средствата за ладење врз озонската обвивка на земјата по што тие се заменуваат со  HFC и HFO соединенија и нивните смеси.
    HFCs, или флуорираните јаглеводороди, и покрај тоа што немаат потенцијал на осиромашување на озонската обивка, имаат значителни потенцијали на глобално затоплување, делувајќи како стакленички гасови. Токму затоа, преку Кигали Амандманот кон Монтреалскиот Протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка, светот се обврза на значително намалување на нивната потрошувачка, па дури и нивно целосно исфрлање од употреба, како што се пропишува со Директивата на ЕУ 2024/573. Денес, природните флуиди за ладење се сметаат за најдолгорочно решение, бидејќи имаат минимален потенцијал на глобално затоплување – GWP (Global Warming Potential) и потенцијал на осиромашување на озонската обвивка – ODP (Ozone Depletion Potential
    Во природните флуиди спаѓаат: R-290 (пропан), R-600a (изобутан), R-744 (CO₂) и R-717 (амонијак). Поради нивната висока запалливост, употребата на првите два флуида е ограничена на мали ладилни уреди, додека јаглеродниотдвооксид и амонијакот имаат широка примена во големите системи за ладење.
    Амонијакот (NH3 или R-717), е природен флуид кој главно се користи во големи индустриски постројки или ладилници поради неговите одлични термодинамички својства кои овозможуваат постигнување многу ниски температури  Овие системи, благодарение на нивната големина, овозможуваат високи перформанси и ефикасност.
    Главните придобивки од системот за ладење со NH3 се:

    Повисоки перформанси: во споредба со други гасови, како што се R-290 и CO2, за големи индустриски ладилни системи.
    Висока енергетска ефикасност: јa намалува потрошувачката на електрична енергија и овозможува побрз поврат на инвестицијата.

    Лесно управување и безбедност: се карактеризира со сигурна работа под строги законски регулативи, при што секој дефект или протекување брзо се открива поради неговиот специфичен мирис.

    Одржливост: тоа е природен флуид со нула GWP и ODP.
    Економичност: ниската цена и широка достапност го прават најисплатлива финансиска опција.
    Оптимизиран дизајн: употребата на цевки со помал дијаметар во системот за ладење овозможува намалено полнење со средство за ладење, енергетски ефикасни компоненти и дизајн.
    Здравствена сигурност: системот не користи вода, со што целосно се елиминира ризикот од појава на бактеријата легионела.

    Суперкритичниот јаглерод двооксид (sCO2) е флуидна состојба на јаглерод двооксид кога тој се одржува на или над неговата критична температура и критичен притисок (304.128 K, 30.9780 °C, 73.773 bar).  Во оваа состојба, тој се шири како гас, но притоа има густина како течност. Системите за ладење во кои состојбата на CO2 се менува над и под критичната точка се нарекуваат транскритични CO2 (R-744) системи за ладење. Водени од строгите регулативи на ЕУ за флуорираните гасови, тие станаа доминантна, стандардна технологија за нови инсталации во супермаркетите низ цела Европа. До 2025 година, над 111.650 европски малопродажни објекти за храна користеа транскритични CO2 системи. Клучни пазарни трендови во Европа (2026):

    До 2024 година, речиси 30% од европските малопродажни места за храна ја усвоија транскритичната CO2 технологија, зголемувајќи го бројот од 68.500 во 2023 година на над 90.000 во 2024 година.
    Првично фаворизирана во земјите со поладна клима (Северна Европа), технологијата сега е стандардна низ цела Европа, вклучително и во потоплите јужни региони благодарение на подобрената ефикасност.
    Големите синџири на супермаркети забрзано ја менуваат технологијата. На пример, TESCO веќе имаше над 1.000 транскритични CO2 продавници во Велика Британија до 2022 година, а Schwarz Group (Lidl/Kaufland) има 4.800 продавници со ладилни уреди кои користат CO2 или пропан технологија од 2024 година.
    Регулативите на ЕУ дополнително го стимулираат некористењето на средства за ладење со висок GWP.

  • ГЛОБАЛНАТА ПОТРЕБА ЗА ЛАДЕЊЕ ЗАБРЗАНО РАСТЕ: ШТО ПОКАЖУВААТ ПРОГНОЗИТЕ ДО 2050?

    Поради климатските промени, порастот на температурите и зголемувањето на животниот стандард во многу земји, побарувачката за уреди за ладење бележи континуиран и значителен раст на глобално ниво. Климатизацијата повеќе не се смета само за прашање на удобност, туку сè почесто станува неопходност за безбедно и квалитетно живеење, особено во урбаните средини и регионите изложени на екстремни горештини.

    Според проценките на International Energy Agency (IEA), бројот на клима уреди во светот би можел да порасне од околу 1,5 милијарди во 2015 година на дури 5,5 милијарди до 2050 година. Истовремено, бројот на ладилници во домаќинствата се очекува да надмине 2 милијарди уреди. До 2050 година, речиси две третини од домаќинствата во светот би можеле да располагаат со некаков систем за климатизација.

    Извор: International Energy Agency (IEA), The Future of Cooling. https://www.iea.org/reports/the-future-of-cooling
    Најголемиот дел од овој раст ќе доаѓа од земјите во развој, пред сè Кина, Индија и Индонезија, каде што растечката средна класа и урбанизацијата создаваат сè поголема побарувачка за решенија за ладење. Овие три пазари заедно се очекува да претставуваат околу половина од вкупниот глобален број клима уреди до 2050 година.
    Сепак, ваквиот тренд носи и сериозни предизвици. Без значителни подобрувања во енергетската ефикасност, потребата од електрична енергија за ладење простории би можела да се зголеми повеќе од три пати до 2050 година. Тоа би значело дополнителна потрошувачка на електрична енергија еквивалентна на денешната вкупна потрошувачка на Кина и Индија заедно.
    Затоа, развојот и примената на енергетски ефикасни технологии, паметни системи за управување и еколошки прифатливи решенија за ладење ќе бидат клучни за намалување на енергетскиот притисок и постигнување на глобалните цели за одржлив развој и намалување на емисиите на стакленички гасови.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор