Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Акција за пошумување – “Боренка“ во Св.Николе

    На 23.11.2026 год. (понеделник), во организација на Сојузот на извидници на Македонија преку проектот “Боренка“, извидници на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес учествуваа на акција за пошумување на терените на општина Св. Николе, каде што учествуваа нашите извидници: Љупче Неделковски, Марија Стефановска, Тамара Димовска, Анастасија Давчева, Стефан Несторовски и…

  • Green Communities, Equal Voices: Why Young People Should Have a Say in Their Future

    When we talk about environmental protection, we usually think about recycling, planting trees, reducing pollution or using renewable energy. These are important, of course. But I think there is something we sometimes overlook: the people who live with these environmental problems every day, especially young people, should have more opportunities to be involved in finding […]

  • Речиси една година без национална антикорупциска стратегија Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно усвојување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030

    Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата (Платформата) изразува сериозна загриженост поради одолговлекувањето на собраниската постапка за усвојување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030, заедно со Акциониот план за нејзино спроведување. Речиси една година по истекот на претходната Стратегија за периодот 2021-2025 година, Собранието сѐ уште нема усвоено […]

  • ЗАЈАКНУВАЊЕ НА РОДОВАТА ПРЕСПЕКТИВА ВО ЛОКАЛНИТЕ КОМУНАЛНИ ПОЛИТИКИ И ЈАВНИ УСЛУГИ

    На 16 ноември 2026 година, во понеделник, во салата на Општина Кавадарци се одржа настан посветен на јавното застапување за вклучување на родовата перспектива во политиките и програмите на јавните комунални услуги. На настанот присуствуваа претставници на општината и граѓани, кои преку дискусија и размена на мислења разговараа за различните потреби на жените и мажите…

  • Да стигнеме таму каде што сме најпотребни: донирајте за теренско ПП возило ТАМ 110

    Помогнете да набавиме второ теренско ПП возило ТАМ 110 со погон 4×4. Потребни се 7.100 евра за возилото од ПГД Повир, Словенија. Секоја донација значи поголема подготвеност за заедницата.

  • Донација на компостер и дробилка во ООУ „Страшо Пинџур “- Ѓорче Петров: Со граѓански активизам до одржливо управување со органскиот отпад

    На 20.11.2026 година, во ООУ „Страшо Пинџур “ во рамките на проектот  „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ беше дониран компостер и дробилка во ООУ „Страшо Пинџур “- Ѓорче Петров од страна на ЦЕД Флорозон кои ќе бидат користени од страна на училиштето за намалување на градинарскиот отпад и за добивање на компост.
    Во изминатиот период со заеднички сили на вредните ученици и свесните сограѓани, успешно собравме и подготвивме органски отпад за компостирање кој како компост беше употребен за разубавување на цветните леи и училишниот двор.
    Преку овој проект активно го поттикнуваме граѓанскиот активизам за одржливо управување со отпадот. Локалната заедница — учениците, нивните родители, роднини и соседи — се нашата клучна целна група со заедничка мисија: правилно селектирање на отпадот уште од нашите домови!
    Важноста на оваа иницијатива е да се научат граѓаните и учениците дека правилното сортирање и собирање на органскиот отпад од домаќинствата носи клучни придобивки за сите нас:
     
    Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија,
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)
     

  • Успешно реализирана акција за компостирање: Граѓаните од општина Карпош во акција ЗАЕДНО ПРАВИМЕ ПРОМЕНА: Од органски отпад до зелен двор!

    Во рамките на заложбите за заштита на животната средина и промоција на одржливите практики, успешно се реализираше уште една значајна фаза од активностите за селекција и управување со органскиот отпад. Овие активности се дел од проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“.
    Во изминатите шест месеци од месец мај до месев октомври 2026 год., со висок степен на посветеност се спроведуваше организирана селекција, подготовка и собирање на органски отпад во шест основни училишта и една градинка на територијата на Општина Карпош, две основни училишта во општина Кисела Вода и едно училиште во општина Ѓорче Петров.
    Клучната улога и главниот придонес во оваа еколошка акција го имаа токму учениците и граѓаните, со што уште еднаш се потврди важноста на заедницата во процесите на зелена транзиција. Како резултат на оваа соработка, успешно создадовме компост во шест основни училишта и една градинка на територијата на Општина Карпош, две основни училишта во општина Кисела Вода и едно училиште во општина Ѓорче Петров.
    Завршниот чекор од овој процес во општина Карпош го одбележавме на 20.11.2026 година во ЈУОДГ „Орце Николов“. Со помош на вредните дечиња, добиениот компост создаден од граѓаните и најмалите жители го искористивме за раззеленување на дворот на градинката. Благодарение на ова природно збогатување на почвата, новопосадените грмушки – кои ќе формираат заштитен зелен појас – ќе растат побрзо и поздраво.
    Зошто компостирањето е вистински погодок?

    Природна прихрана: Создаваме природно, висококвалитетно ѓубриво за растенијата.
    Помалку ѓубре: Директно го намалуваме количеството отпад што завршува на депониите.
    Циркуларна економија: Го претвораме отпадот во корисен ресурс, наместо во загадувач.

    Упатуваме огромна благодарност до сите ученици, деца, родители, наставници, воспитувачи и граѓани кои активно селектираа отпад во своите домови и помогнаа да се наполнат компостерите. Вашата одговорност и посветеност се вистински пример за целата локална заедница!
     
    Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија,
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

  • Правда, заштита, одговорност: Јавна средба за пристапот до правда за жените жртви на насилство

    Среда, 25 ноември 2026, 11:00–13:00 часотГраѓански ресурсен центар, Скопје На 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, започнуваат 16-те дена активизам против родово базирано насилство. И оваа година има жени кои го загубија животот и жени кои секојдневно се соочуваат со последиците. Затоа, 25 ноември не е…

  • Кога истражувањето станува приказна: одржана обука за изработка на модерна истражувачка сторија

    Како да се одбере тема за истражување и да се процени ризикот при нејзината реализација? Од каде да се обезбедат извори и документи? Како резултатите од истражувањето да се презентираат на јасен, професионален и етички одговорен начин? Ова се само дел од темите кои беа опфатени на петдневната обука за истражувачко новинарство, што се одржа […]

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор