Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Една заедница, едно прашање: Која е твојата #MYelomaStory?

    Повеќе од 41 милион луѓе во повеќе од 45 земји беа активирани за време на Месецот на миелом 2023 Меѓународна фондација за миелом (ММФ) на крајот на овогодинешното одбележување на Месецот на миелом (МАМ) им се заблагодарува на сите учесници за поддршката на кампањата која опфати повеќе од 41 милион…

  • Трет повик за поддршка на локалните организации на цивилното општество на РЕКОМ мрежата на помирување

    РЕКОМ мрежата на помирување ги повикува организациите на цивилното општество од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово да пријават мали проекти која придонесува за ширење на знаењето за судските факти и за јакнење на жртвите, прифаќањето и откривањето на фактите за воените случувања и злосторства во…

  • Јавна дискусијана тема: „Катна гаража – нова можност за Охрид”

    Претставници на локалната самоуправа, граѓанскиот сектор, политичките партии, политичките подмладоци, експерти, архитекти и сите заинтересирани граѓани на 31 март 2023 година во салата на општина Охрид дискутираа на тема „Катна гаража – нова можност за Охрид“. Дебатата што ја организира здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ ја анимираше охридската јавност за…

  • Отворен повик: ЕПИ има потреба од волонтер/ка

    Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје има потреба од ангажман на волонтер/ка во рамки на проектот „Градиме мостови за заедничка иднина: Владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ“, кој е финансиран од Европската Унија. Времетраењето на ангажманот е предвидено за 3 месеци, со можност за продолжување. Компензацијата се врши согласно Законот…

  • ЕПИ е дел од грант за истражување на европската интеграција и правата на граѓаните на Европскиот совет за истражување вреден 2,5 милиони евра

    Среќни сме да споделиме дека ЕПИ е дел од победничкиот предлог за Напреден грант на Европскиот совет за истражување (ERC) што го освои професорката Дагмар Шик од Универзитетот во Корк во Ирска. ERC е висококонкурентен грант за истражување на Европската унија од 2,5 милиони евра доделен на етаблирани истражувачки лидери за да…

  • Средба за размена на искуства во Албанија

    Нашата Благица Петрески учествуваше во размена на искуства помеѓу граѓанските организации од Црна Гора и Србија со тие од Албанија и Северна Македонија, насловена „Улогата на граѓанското општество во процесот на преговори за пристапување во ЕУ“, што се одржа во Тирана, Албанија, 30-31 март 2023, под покровителство на EU TACSO….

  • Поткаст: Состојбата со родово базираното насилство во Северна Македонија

    Ирена Цветковиќ од Коалиција МАРГИНИ, зборува за состојбата со родово базираното насилство во Македонија и што може да се направи за подобрување на положбата на жените. Исто така, ги коментира измените на Кривичниот законик и влијанието што ќе го имаат врз степенот на зачестеност на родово базираното насилство, како и…

  • Анкета за Проценка на организациски капацитети и идентификување на активни мрежи

    Граѓанскиот ресурсен центар спроведува анкета за Проценка на организациски капацитети и идентификување на активни мрежи. Бидете креатори на најголемата отворена и јавно достапна база на мрежи на граѓански организации преку споделување на податоци за вашето членство на следниот линк: https://ee.humanitarianresponse.info/x/MHRpY5lh Вашето учество во оваа кратка анкета истовремено ќе придонесе и за идентификување…

  • Работилници за повеќедимензионалната детска сиромаштија

    Finance Think во партнерство со UNICEF MK спроведе серија од 3 работилници со претставници од клучните институции во сферата на #образованието, #социјалната заштита и #здравството, со цел детално да се проценат причините и ефектите околу повеќедимензионалната сиромаштија што ги засега и децата. На состаноците се разговараше како подобро да се…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор