Првиот чекор кон намалување на био-отпадот е да не го создаваме. Но, подеднакво важно е да ги препознаеме сите можности тој, наместо да заврши на депонија, да се претвори во корисни производи со реална вредност.
Водени од ова мото, продолжуваме со активностите од научниот караван, кој оваа седмица (вторник, 9 декември) го посети ООУ „Рајко Жинзифов“ во Драчево и одржа „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпадот за ученици”.
И повторно, ги поттикнавме учениците да го соберат и донесат маслото што го користеле во изминатите денови, како и да соберат, исушат и донесат лушпи од компири.
Кој беше резултатот? Учениците самостојно изведоа два интересни експерименти за добивање биодизел и биопластика и дискутираа на тема: пренамена на био-отпадот.
Караванот на Resource Environmental Center – REC North Macedonia, Еко Логик и Center for Environmental Democracy – Florozon продолжува и во останатите училишта во општините Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров. Затоа, следете нè – во новата година следуваат уште многу интересни и инспиративни активности со учениците и училиштата!
Голема благодарност до директорката на училиштето, професорките и учениците за одличната соработка.
Настаните на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата се реализираат во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Македонија, во партнерство со Еко Логик и Center for Environmental Democracy – Florozon.