Author: Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

  • Рекреативно летување за лица со попреченост во Добре Воде, Црна Гора 2026 година

    Насмевки, пријателства и незаборавни моменти во Добре Воде, Црна Гора И ова лето продолжува една прекрасна традиција која веќе 14 години носи радост, дружење и нови животни искуства за лицата со попреченост од Македонија. Во моментов, 18 лица со попреченост, заедно со своите родители, старатели, негуватели и придружници, престојуваат на…

  • Насмевки, дружење, спорт и одлична енергија на Спортски игри Велес

    Насмевки, дружење, спорт и одлична енергија! Членовите на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес, заедно со вработените, личните асистенти и корисниците на социјалните услуги, денес уживаа во Спортски Игри Велес Во пријатна и позитивна атмосфера реализиравме рекреативни вежби со професорот Петре Петрушевски, поттикнувајќи активен и здрав…

  • Четврто инклузивно планинарење на Кожуф

     Со голема чест и задоволство бевме дел од четвртото инклузивно планинарење на Кожуф, настан кој уште еднаш покажа дека инклузијата, солидарноста и заедништвото немаат граници. Здружение за лица со церебрална парализа и други попречености Велес, заедно со нашите членови, семејства и поддржувачи, учествувавме во овој прекрасен ден исполнет со позитивна…

  • Регионален настан „Правобранителот и лицата со попреченост“

    Денес во Велес се одржа регионалниот настан „Правобранителот и лицата со попреченост“, организиран од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености, во партнерство со „Порака“ – Неготино и „Еко-живот“ – Кавадарци во рамки на проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“, поддржан преку програмата Цивика мобилитас, финансиски поддржана од…

  • Активност за плевење и уредување на насадот со лаванда

    Со многу посветеност, труд и тимска работа деновиве се реализираше активност за плевење и уредување на насадот со лаванда, кој е дел од социјалното претприемништво на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес. Лавандата е едно од најмиризливите и најлековити органски билки кои ги одгледуваме со…

  • Акцијата за засадување 2500 садници на Езеро Младост

    Денeс уште еднаш се потсетивме колку големо значење имаат дрвјата за нашата иднина. Тимот на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености, денес зема учество во акцијата за засадување 2500 садници. Заедно придонесуваме за поздрава, позелена и поубава иднина за сите. The post Акцијата за засадување 2500 садници…

  • Надградување, доусовршување и професионален развој на вработените во социјалните услуги

    Инвестираме во знаење, професионалност и квалитетни социјални услуги! Денес во просториите на ЗЛЦПДП се реализираше обука за вработените во социјалните услуги “Помош и нега во домот” и “Лична асистенција”, во рамки на програмата за надградување, доусовршување и професионален развој на вработените. Медицинската сестра Олгица Пепелашева одржа стручно предавање на тема…

  • Хуманитарна оперска гала вечер

    УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ХУМАНИТАРНА ОПЕРСКА ГАЛА ВЕЧЕР Со голема благодарност и исполнети срца споделуваме дека Хуманитарната оперска гала вечер е успешно реализирана, како дел од нашата кампања “Заедно за нов дом” посветена на поддршка на лицата со попреченост и зголемување на капацитетите на социјалната услуга “Живеење со поддршка” Оваа вечер беше…

  • Поделени рачно изработени честитки по повод 8ми Март

    Денеска во центарот на Велес се реализираше мала, но значајна активност по повод 8 Март. Во соработка со учениците од училиштето „Кирил и Методиј“, како и со членовите на нашето здружение, беа поделени рачно изработени честитки на случајни минувачки жени кои се најдоа во центарот на градот. Честитките беа изработени…

  • Работилница по повод 8-ми Март Меѓународен ден на жената

    „Силата на жената не е во тоа што може да издржи, туку во тоа што знае да создава, да сака и да менува.“ Во пресрет на 8ми Март Меѓународниот ден на жената, во соработка со училиштето ООУ Св.Кирил и Методиј-Велес и членовите на нашето Здружение, со многу љубов и креативност…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор