Author: Младински Совет Прилеп

  • Национална конференција „Младите во борбата против корупцијата“

    Во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“ беше организирана Национална завршна конференција „Младите во борбата против корупцијата“. На конференцијата се собраа граѓански организации, креатори на политики, младински лидери и членови на заедницата за да дискутираат за резултатите од проектот.

  • Втора дводневна обука во рамки на проектот „Младите се гласот на промените во општините“

    Во рамките на проектот „Младите се гласот на промените во општините“, успешно беше реализирана втората дводневна обука за млади претставници од Прилеп и Крушево, членови на Локалните Младински Совети и Локалните собранија на млади.
    Обуката се фокусираше на мапирање на младинските потреби и застапување во локалната заедница. Учесниците се запознаа со методи за идентификување приоритетни потреби на младите, собирање и анализа на информации од заедницата, подготовка на аргументирани препораки и ефективно застапување пред локални институции.
    Овој процес е дел од активностите за јакнење на капацитетите на Локалните Младински Совети, со цел младите да учествуваат поактивно во локалните процеси и да придонесат кон подобрување на локалните политики и услуги за младите.
    Учениците покажаа голема посветеност и мотивираност, што ја потврдува важноста на младинското учество и активното вклучување на младите во заедницата.
    Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар. #јасграѓанинот

  • Локалните Младински Совети ја започнуваат својата трансформација

    Како дел од проектот „Младите се гласот на промените во општините“, започнавме со градење на капацитетите на Локалните Младински Совети. Успешно ја реализиравме првата дводневна обука за младинско учество и младински активизам, во партнерство со Empowering Kрушеvo.
    Обуката се одржа во периодот од 03 до 05 ноември во Струга, со учество на претставници од ЛМС Прилеп и ЛМС Крушево – членови на локалните младински совети и локалните собранија на млади од двете општини. Целта на оваа активност е да се поттикне активно вклучување на младите во процесите на донесување одлуки во заедницата и да се создадат одржливи механизми за нивно учество и застапување. Преку интерактивни сесии, дискусии и практични вежби, учесниците стекнаа нови вештини и знаења за младински активизам, партиципативни процеси, како и начини за идентификување и мапирање на младинските потреби на локално ниво.
    Ова е само почеток на процесот за операционализација и зајакнување на младинските структури, како важен чекор кон подобрување на партиципативното опкружување за младите – еден од клучните приоритети на Европската Унија.
    Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар. #јасграѓанинот
    #МладиЗаМладите #ЛокалниМладинскиСовети #МладинскоУчество

  • Младите ги избраа своите претставници во Локален младински совет во Општина Крушево!

    Во Општина Крушево се одржаа непосредни избори за избор на Локален младински совет (ЛМС) –тело кое ќе претставува линк помеѓу младите и локалните власти со одговорност да ги застапува потребите и барањата од младите и да придонесува за унапредување на младинските политики во локалната заедница.

  • Започнат процес за формирање Локално собрание на млади во Крушево

    Во рамки за унапредување на младинското учество на локално ниво, формираниот Иницијативен одбор во Крушево одржа работен состанок со цел да го подготви распишувањето на јавен повик за формирање Локално собрание на млади.

  • Втората секторска работилница за Младински политики

    Втората секторска работилница за Младински политики се одржа на 07.05.2025 година во просториите на Младински Совет Прилеп.

    На работилницата беа присутни претставници од Општина Прилеп, невладини организации и млади лица кои се активно вклучени во процесот на развој на младинските политики.
    Главната цел на работилницата беше презентацијата на секторското истражување кое што е во завршна фаза. Учесниците имаа можност да дискутираат за препораките содржани во анализата и да споделат свои видувања и предлози за унапредување на младинските политики во општината.
    Претставниците од општината ја нагласија важноста од активно младинско учество и заедничко креирање на политики кои ќе ги одразуваат реалните потреби на младите. Се разговараше за можностите за вклучување на младите во процесите на донесување одлуки на локално ниво, како и за креирање на нови програми кои ќе го поддржат младинскиот активизам.
    Во текот на работилницата, учесниците се насочија кон клучните точки од истражувањето, кои вклучуваат подобрување на образованието, зголемување на можностите за вработување и зајакнување на младинските организации. Воедно беа разгледани и предизвиците со кои се соочуваат младите при реализирање на своите идеи и проекти.
    Оваа активност е дел од проектот „Младински политики по мерка на младите“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас.

  • Дводневнa обука „Лобирање, застапување и антикорупциски политики“

    Во рамките на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“,

    успешно се реализираше дводневна обука на тема „Лобирање, застапување и антикорупциски практики“. Обуката беше наменета за млади луѓе и претставници на граѓански организации кои сакаат активно да се вклучат во борбата против корупцијата и да придонесат кон поодговорно и транспарентно општество. 
    Целта на обуката беше да се изградат практични вештини кај учесниците за следење на јавни политики, стратешка комуникација, како и креирање локални акциони планови за застапување, прилагодени на конкретните предизвици со кои се соочуваат нивните заедници. 
    Посебен акцент беше ставен на 12-те принципи на добро демократско владеење, како основа за развој на ефективни механизми на отчетност и носење одлуки. Учесниците преку различни сесии, практични алатки и вежби учеа како да идентификуваат проблеми, да формулираат пораки и да изградат коалиции за поддршка на нивните иницијативи. 
    Во текот на обуката, сите учесници изготвија локални акциони планови за застапување, со цел преку нив да иницираат реални промени на терен. Како дополнителен поттик за нивно спроведување, најдобрите 5 акциони планови ќе добијат финансиска поддршка од проектот, што ќе им овозможи да преминат од идеја во акција, да ја засилат борбата за транспарентност и да ги спроведат на локално ниво. 
    Обуката покажа дека младите имаат потенцијал, знаење и желба да бидат гласни, активни и информирани во своите заедници. Преку оваа обука, се постави основа за создавање мрежа од млади луѓе кои ќе продолжат да се борат против корупцијата во нивната заедница. 
    Оваа активност се спроведе во рамките на проектот Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија финансиран од Европската Унија и СЕЛДИ.нет. Искажаните содржини се единствена одговорност на Младински Совет Прилеп и не нужно ги одразуваат гледиштата на Европската Унија и СЕЛДИ.нет 

  • Студиска посета во Босна и Херцеговина: Младински ангажман против корупцијата

    Во рамките на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“,

    реализиравме студиска посета во Босна и Херцеговина. Целта на оваа посета беше да се зајакнат знаењата и вештините на претставници на младинските и студентските организации во борбата против
    корупцијата и да се научат успешни модели и стратегии кои се применуваат во регионот.
    Учесниците имаа шанса да се запознаат со локалните активисти и експерти кои веќе работат на терен во борбата против корупцијата, разменувајќи искуства и учејќи од нивните практики. Се зборуваше за важноста на транспарентноста, отчетноста и вклучувањето на младите како активни носители на промени во заедниците.
    Клучните теми на оваа студиска посета вклучуваа:
    · Развој на иновативни антикорупциски решенија
    · Вклучување на младите во донесување одлуки и антикорупциски процеси
    · Стратешки пристапи за зголемување на свеста и јавната ангажираност во борбата против корупцијата
    Од оваа посета, учесниците добија нови перспективи и практични решенија што ќе ги применат во своите заедници, за да продолжат со антикорупциските напори и да работат на создавање на поотчетни и праведни општества.
    Младите се движечка сила за позитивни промени, заедно можеме да се бориме против корупцијата и да креираме подобро општество.
    Оваа активност е поддржана од проектот Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија финансиран од Европската Унија и СЕЛДИ нет. Искажаните содржини се единствена одговорност на Младински Совет Прилеп и не нужно ги одразуваат гледиштата на Европската Унија и СЕЛДИ нет.

  • Зајакнување на младинските организации: Активно учество во локалните младински совети

    Слабиот интерес на младинските организации за вклучување во локалните младински собранија и локалните младински совети негативно влијае врз капацитетот и ефикасноста на овие тела, кои се клучни за обезбедување на институционалното младинско учество.

    За да го надминеме овој предизвик во склоп на проектот поддржан од Граѓанскиот ресурсен центар – ГРЦ , спроведовме работилници на кои што учествуваа членови на младински организации од нашиот град.
    Цел на работилниците:

     Да ја подигнеме свеста за Законот за младинско учество и младински политики (ЗМУМП) со посебен фокус на локалните младински совети (ЛМС)
     Да ги зајакнеме младинските организации со знаење и алатки за поголемо учество во локалните младински собранија и локалниот младински совети
     Да ги охрабриме младите да станат активни чинители во процесите што ги засегаат

    Со заеднички сили создаваме поактивни, пофункционални и поодговорни младински тела!
    Следете нè за повеќе информации и можности за ваше вклучување во проектот!
    Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.
    #ЈасГраѓанинот

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор