Author: Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ)

  • Работилници на тема „Техники за трансформација на биоотпадот“

    Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, што се спроведува од страна на Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, во партнерство со ЕкоЛогик и Флорозон Центар за еколошка демократија, на 6 декември 2024 година се одржа 3-та еднодневна работилници на тема „Техники за трансформација на биоотпадот”, овој пат со учество на основното училиште ООУ “Војдан Чернодрински” од Општина Карпош.

    Учениците учеа за циркуларна економија и нејзиното значење за поздрава животна средина. Учениците беа прашани дали знаат дека од лушпата од јаболкото се добива пектин и што може понатаму со него да се произведува? Откако ја завршија подготовка на пектинот,се пристапи кон подготовка на состојки за добивање на растителни масла. Низ работата, учениците се запознаа и со постапката за добивање на биодизел, што беше потполно ново искуство за нив.

    Добивме навистина интересни реакции од учениците во моментот кога успешно ќе ги завршеа експериментите, и со свои очи да го видат резултатот од тоа што го
    работеле. Тие се разновидни, некои се восхитуваат, некои се радуваат а пак некои фотографираат со телефоните.

    Поминавме уште еден убав работен ден со активности од кои никој не остана
    рамнодушен, ниту ние ниту учениците!

    Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија во Македонија (Embassy of Switzerland in North Macedonia) преку Цивика мобилитас.

  • ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ОПАСНОСТА ОД ПОЖАРИ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР

    На 3.12.2024 година, ја имавме честа да присуствуваме на настанот за свечено потпишување на договори во рамки на проектот Управување со пожари на ниво на предел во земјите од Западен Балкан (LFMWB). РЕЦ, како добитник на грант преку нивниот Компетитивен фонд за заедници, ќе го реализира проектот ,,Земјоделство безбедно од…

  • Започнување со еднодневни работилници со ученици во Биотехнолошката лабораторија

    Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија започнавме со одржување на еднодневните Работилници на тема „ Техники за трансформација на биоотпадот ” со основните училишта од Скопје. На 26 ноември и 28 ноември се одржаа 2 работилници со основните училишта ООУ “Димо Хаџи Димов” од Општина Карпош и ООУ “Св. Климент Охридски” од Кисела Вода.
    Главната цел на овие работилници е да се подигне свеста на младите дека сите ние придонесуваме за заштита на животната средина и да ги научиме што значи циркуларна економија преку реупотребата на био отпад. Преку нив сакаме да го доближиме концептот на циркуларна економија како начин за остварување на одржлив развој, преку едноставни техники на учење и примена на знаења во пракса, со што ќе придонесат за создавање на идни активни граѓани, образувани во областа на одржливиот развој и циркуларната економија, со цел да остварат придобивки во средината во којашто живеат, творат и се развиваат.
    Општата цел на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија е стекнување на практични знаења за одржливо управување со органски отпад од страна на ученици од училиштата во Општина Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров, како и од страна на пошироката јавност од Скопскиот плански регион, со цел постигнување на циркуларна економија и остварување на придобивки за одржлив развој.  Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија во Македонија Embassy of Switzerland in North Macedonia преку Цивика мобилитас Civica Mobilitas.

    На почетокот на развивање на проектната идеа пристапивме кон 3 Општини Карпош,
    Ѓорче Петров и Кисела Вода за да добиеме поддршка за реализација на активностите од проектот. Сите три Општини се согласија да ни бидат партнери и ни ја дадоа нивната подршка, затоа учениците доаѓаат од основните училишта во овие Општини.

    Работиме со групи со ученици мешани од различни одделенија, а со тоа и различна возраст и предзнаења, првичните реакции беа многу разновидни. Голем дел од учениците за прв пат се среќаваа со ваков тип на настава па нормално е на почеток да беа малку срамежливи и по малку скептични. Меѓутоа, како се одвиваа активностите за време на работилниците, најголемиот дел од нив се вклопуваат во работната атмосфера и им беше интересно да бидат „мали научници“.Интересни им беа споредбите на она што се работи во лабораториски услови со тоа што знаат дека се случува во природата или пак она што го гледаат во секојдневниот живот. Со тоа, не само што учат нови работи, туку и ги поврзуваат нивните знаења и согледувања со она што е тема на работилниците, односно, преработката на биоотпад и заштедата на природни суровини.
    Особено се интересни реакциите на учениците во моментот кога успешно ќе го завршат експериментот и ќе можат со сопствени очи да го видат резултатот од она што го работеле. Тие реакции се разновидни, некои се восхитуваат, некои се радуваат а пак некои фотографираат со телефоните.

    Веројатно најголемиот предизвик за време на работилниците за учениците е недостатокот на предзнаења кај некои од нив. Тоа пред сѐ се должи на тоа што голем дел од учениците кои учествуват на нашите работилници се од 7-мо одделение, па сеуште на училиште немаат учено за одреден дел од работите како основа на она што го работиме. Секако, овој предизвик нашите едукатори го решаваат така што нивото на материјата која се работи се прилагодува на присутните ученици.
     
    На работилниците не учат само учениците туку и ние и едукаторите! Стекнатите знаења  од овие работилници ќе  ги искористиме за да се подобри процесот на едукација. Кога се работи со деца, свежи идеи и нови моменти никогаш не недостигаат. Дури и со релативно мал број на работилници одржани во однос на вкупниот планиран број, може да се забележи дека постигнуваме сѐ подобри резултати во експериментите, повеќе ангажирани ученици но и подобрување од наша страна. Тоа значи дека учиме и напредуваме. Овие стекнати знаења ќе ни помогнат да станеме уште подобри во ова поле, да организираме уште повеќе вакви настани и да опфатиме што е можно повеќе деца со вон-училишна едукација која ќе придонесе до создавање на генерации кои ќе имаат висока свест за потребата од зачувувањето и заштитувањето на животната средина.
    #CivicaMobilitas, #CHinMK,  Цивика мобилитас   (civicamobilitas.mk)

  • Позитивни општествени проблеми се можни единствено преку соработка на Владата со граѓанскиот сектор

    Дел од грантистите на Цивика Мобилитас Civica Mobilitas присуствуваа на Национална конференција на граѓански организации – Национален форум на Цивика мобилитас, кадешто РЕЦ со Партнерите на проектот: „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ поставуваа прашања за Министрите.

    Цивика мобилитас го одржа својот годишен настан, оваа година во соработка со Владата на Република Северна Македонија и со заеднички наслов Национална конференција на граѓански организации – Национален форум на Цивика мобилитас.
    Форумот се одржа на 15 ноември во хотел Холидеј Ин и на него учествуваа повеќе од 200 претставници на граѓанските организации од целата држава кои ги поздрави амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Вероник Улман, а зборуваа Христијан Мицкоски, претседател на Владата; Александар Кржаловски, лидер на тимот на Цивика мобилитас; Игор Јанушев, генерален секретар на Владата, како и Изет Меџити, прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање; Весна Јаневска, Министерка за образование; Златко Перински, министер за локална самоуправа; Зоран Љутков, министер за култура; и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.
    Амбасадорката Н.Е. Вероник Улман се осврна на поддршката на Владата на Швајцарија за граѓанското општество и истакна дека покрај постигнувањата, остануваат уште предизвици како што се „поларизацијата на општеството, политизацијата на граѓанските организации, финансиската ранливост, недостатокот на транспарентност и недоверба меѓу државата и граѓанското општество“. Таа истакна дека заедничкото надминување на овие предизвици ќе придонесе да се воспостават неопходни услови за граѓанското општество да стане кредибилен партнер на државата.
    Премиерот на Владата на РСМ Христијан Мицкоски во своето обраќање истакна дека е убеден дека во дијалог со граѓанските организации може да се носат поквалитетни одлуки за промени во општеството. „Суштината на овие средби е што вистински ние треба да испорачаме“, рече тој и додаде дека меѓу овој и следниот настан треба да се спроведат активности кои ќе се договорат. „Отворени сме заедно да работиме со граѓанскиот сектор и да најдеме заеднички решенија на реални проблеми, сметам дека поголема транспарентност од тоа нема“, додаде тој.
    Подобрувањето на довербата меѓу Владата и граѓанските организации и во општеството генерално е едно од клучните прашања според Александар Кржаловски, лидер на тимот на Цивика мобилитас. Тој ги покани учесниците да го искористат Форумот во духот на соработка. Генералниот секретар на Владата на РСМ, Игор Јанушев побара од граѓанските организации време за да докажат дека можат да помогнат.

  • ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ СО ЈП ДЕПОНИА ДРИСЛА

    На 22.10.2024 год. ЈП Депонија Дрисла и Resource Environmental Center (REC)- North Macedonia потпишаа Меморандум за соработка, со што го зацврстуваат заедничкото делување во полето на искуствено учење за одржлив развој, така што во рамки на проектот “Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад”, што…

  • ТРЕТ РЕГИОНАЛЕН ТРЕНИНГ ВО РАМКИ НА SVAP ПРОЕКТОТ

    Resource Environmental Center – REC North Macedonia беше учесник на Третиот регионален тренинг во рамки на SVAP проектот. Од 7-9 октомври 2024 година, во Подгорица, учество на тренингот земаа и две кориснички општини од Македонија – Општина Карпош и Општина Зелениково, во придружба на претставник од Сектор Води при Министерство…

  • ВТОРАТА СРЕДБА СО ГРАНТИСТИТЕ И АМБАСАДОРКАТА НА ШВАЈЦАРИЈА

    На 7 октомври, Цивика мобилитас ја организираше втората средба со грантистите и Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман.Во улога на грантист, на состанокот со свој придонес учествуваше и Resource Environmental Center – REC North Macedonia. 🌱💡 На средбата беа презентирани поддржаните проекти од областа на животната средина и климатските промени, а…

  • Прашалник за познавањата на граѓаните за штетните влијанија и придобивките од постапувањето со био-отпадот

    Граѓанската анкета е дел од проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, имплементиран од страна на  Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија,  Здружение за заштита и унапредување на животната средина ЕКО-ЛОГИК Скопје и  Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје. Проектот е поддржан…

  • Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад

    Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија во јули 2024 год. започнаа со спроведување на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Нашата заедничка визија е во насока на промовирање…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор