Author: Македонски центар за меѓународна соработка

  • Покана за учество на дебата „Учеството на граѓанските организации во креирање политики на локално ниво”

    Граѓанскиот ресурсен центар има чест да ве покани на онлајн дебатата „Учеството на граѓанските организации во креирање политики на локално ниво“, која ќе се одржи на 17 декември 2024 година (вторник) со почеток од 14:00 часот на платформата ЗООМ. Пријави се! Настанот има за цел да поттикне дискусијата за улогата…

  • Секој разговор, секоја акција и пријава не води поблиску до целта, а тоа е општество без корупција! Антикорупцискиот караван започна од Битола

    Програмата „Граѓаните против корупцијата“ денес (3 декември) го започна „Антикорупцискиот караван“ од плоштадот „Магнолија“ во Битола, каде преку директни разговори ги информираа граѓаните за значењето на борбата против корупцијата.

    Настанот го отвори координаторката на програмата Снежана Камиловска Трповска, која кажа дека овој караван претставува отворен форум и можност за приближување на институциите до граѓаните каде истите ќе можат да слушнат за реалните состојби со кои се соочуваат граѓаните секојдневно. Заменик претседателот на Владата за добро владеење г. Арбен Фетаи  истакна дека граѓанската активност и заедничкиот напор можат да доведат до значителни промени во културата и структурите на управување и дека граѓаните мораат активно да се вклучат и да се залагаат за антикорупциските реформи и за транспарентност во управувањето.

    Поздравни обраќања имаше и претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, која ја поздрави иницијатива за организирање на Антикорупциски караван и изјави дека правдата и чесноста не се само зборови, туку се принципи по кои треба да делуваме сите заеднички.
    Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, во неговото обраќање ја најави новата реформа за внатрешна контрола во системот на работење на управата со цел да се избегнат субјективните влијанија. Тој истакна дека корупцијата  за жал е рак рана на секое општество и дека согласно дадената доверба од страна на граѓаните потребно е да се испорачаат конкретни резултати.
    Додека генералниот секретар на Општина Битола, Борче Димитровски, истакна дека најзначајно e граѓаните да бидат слушнати бидејќи се еден од коректорите во функционирањето на самата општина и дека се отворени за соработка со сите чинители и институции во борбата против корупцијата.

    „Ние сме тука да ве подржиме Вас граѓаните во борбата против корупцијата бидејќи разочарувачки е да се види дека има неисполнети ветувања кон децата и вас граѓаните“ заклучи Џери Дајбл, директорката на УСАИД во Република Северна Македонија.
    Над 100 граѓани на Антикорупцискиот караван  имаа прилика да се информираат  за можностите за пријавување корупција и да разговараат директно со претставниците на Државната комисија за спречување на корупцијата, Управата за финансиска полиција и претставниците на Општина Битола. Целта на овие неформални разговори беше да се доближи работата и надлежностите на институциите кон граѓаните во врска со нивните потреби и предизвиците со кои се соочуваат. Воедно, на неколкучасовната неформална дружба со граѓаните, беше презентирана алатката „Реагирај“ подготвена од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), како и беа поттикнати да реагираат за двата тековни акции/случаи за РЕК Битола и Затворениот базен.

    Центарот за Граѓански комуникации (ЦГК) преку Граѓанскиот надзор над јавните набавки ги презентираше студиите на случаи за Општина Битола кои вклучуваат: изградбата на затворениот  базен во градот, кружниот тек кај „Ветеринарното“ и хоризонталната сигнализација на улиците. Со овие случаи тимот на ЦГК ги истакна проблемите на граѓаните на Битола со цел нивно ефикасно решение и подобро управување во иднина.
    Медиумите исто така обезбедија простор за разговори со граѓаните за нивните искуства и сведочења на коруптивни случаи.
    Дополнително на овој настан претставниците од институциите на централно ниво имаа можност да прошетаат низ неколку локации од градот со цел одблиску да се запознаат со некои од сомнителните случаи со корупција со кои битолчани секојдневно се соочуваат. 
    Антикорупцискиот караван утре продолжува пред „Саат кулата“ во Прилеп со почеток од 11:00ч.
    Оваа активност се организира во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“ спроведувана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Скопје (ИДСЦС), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија Македонија (ИРЛ) и Балканска истражувачка репортерска мрежа Македонија (БИРН). Програмата е финансирана од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД/Северна Македонија.

  • Покана за учество на „Антикорупциски караван“

    Тимот на програмата „Граѓаните против корупцијата“ со задоволство Ве кани да учествувате на настанот „Антикорупциски караван“ што ќе се одржи на 3 декември (вторник) на плоштадот „Магнолија“ во Битола со почеток од 12:00ч. и на 4 декември (среда) пред „Саат кулата“ во Прилеп со почеток од 11:00ч.

  • Волонтерите и граѓанските организации – заедно за поголемо влијание

    На 27-28 ноември 2024 година, во Битола се одржа работилница за волонтерство и развивање на програми за волонтирање, организирана во рамки на проектот ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2.

  • Организациите ги привршуваат стратегиите за интегритет

    Дванаесет грантисти на Цивика мобилитас ги завршија планираните работилници „Острови на интегритет“. За време на четвртата работилница што се одржа на 20 ноември 2024 година тие работеа на своите стратешки, и на акциските планови за интегритет на нивните организации.

  • Борба за Влае – приказна за здружената битка против корупцијата

    Граѓаните против корупцијата ја започна кампањата со промоција на успешните приказни на граѓаните во борбата против корупцијата. Имено, на настанот насловен „Партнерство за промени“ каде беа промовирани резултатите од Грантовите за брз одговор и новите Грантови за граѓанска вклученост, беше објавена првата приказна за успешната граѓанска иницијатива – Борба за Влае.

  • Работилница за волонтерство и развивање на програма за волонтирање

    Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да стекнат нови вештини и да ја зајакнат поврзаноста со заедницата. Волонтерството не само што помага во решавање на локални проблеми, туку и создава чувство на солидарност и колективна одговорност.

  • Граѓанските организации се клучен фактор и партнери за промени во борбата против корупцијата

    Тимот на програмата „Граѓаните против корупцијата“ денес официјално ги претстави новите граѓански организации од грантовата шема за Граѓанска вклученост на настанот насловен – „Партнерство за промени“.

  • Одржани обуки за апликанти на Програмата за мали грантови на СЕЛДИ

    Тимот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) организираше обуки за подготовка на целосни проектни апликации и за подготовка на проектни буџети за организациите кои беа селектирани и поканети да достават целосна апликација на регионалниот Повик за предлог проекти за Програмата за мали грантови на СЕЛДИ „Финансиска поддршка за грасрут и младински граѓански организации кои ги вклучуваат граѓаните“.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор